Прво, ниту еднаш не ја негирав индустриската развиеност на Германија, туку објаснив дека не се репер за економската состојба. Те молам објасни ми ја монетарната политика на присилно врзување на домашна валута со странска без претрпување на шокови кои не можат да се амортизираат. Или дефлацијата при поголема побарувачка на пари од понуда. Мора да е тоа некоја современа монетарна економија, понапредна од монетаристичките теории на Фридман и монетаристите.
За линк ми треба да го побарам време и ќе ти го пратам во приватна порака или тука сеедно.
Е па тогаш кој е твојот став? Адолф - спасител или сепак не?
Нормално дека не е апсолутен репер за моменталната состојба но е показател за многу работи а пред се основа за евентуален излез од кризата. Кејнсијански милитаризам, како се викаше тоа...
Не мислев конкретно на немачка околу дефлацијата, инфлацијата може да се победи, ако мислеше баш за немачка во тоа време ок, во немачка една од причините за кризата била хиперинфлацијата се согласувам, делумно поради репарациите наметнати од Версај кои имале за цел да ја одржуваат немачка во криза за да не им текне повторно да почнуваат војна, само што....it backfired later...
После втората војна не била направена истата грешка, напротив се форсирало закрепнување, испаднало дека раја со висок стандард не е баш расположена за наци-ариевски идеологии што се покажа како точно, од 1945 наваму немците немаат почнато ниедна војна, mind you.