Outrider
Реков и претходно, историјата ја пишуваат победниците. За да се прикаже Хитлер како човек кој бил ужасен можно е многу работи да се целосно изменети. Не велам дека не е лошо тоа што го направил врз евреите, туку сигурен сум дека не било баш како што прикажуваат. Исто и за неговите планови и незнамтиштоуштене. Тие информации не можат да бидат достапни за секого затоа што така би немало маса за манипулација.
Еве пример од каде знаат сите дека планот на Хитлер (пример) бил да го освои светот и да ги направи сите робови? Од тоа што така пропагирале оние кои „војувале“ против него и им требале луѓе кои ќе се потчинат за да се борат за нив и ќе го осудуваат дури и после неговата смрт.
Нормално, пропагандата и сатанизирањето се составен дел од војните, втората светска не е исклучок, заедно со фактот дека ниеден сојузнички војник не одговарал за воени злочини, да не правиме муабет за офицери.... пример бомбардирањето на Дрезден или тактиката на `Бомбер` Харис за стриктно таргетирање на цивилни цели поради кршење на моралот на противникот...
Хитлер во Мајн Кампф најавува `решение` за еврејското прашање иако нема споменување на истребување туку на иселување од европа. Подоцна дава и други изјави, дека конечно дошло време да се уништи еврејската закана. Целта не била освојување на светот, туку создавање на лебенсраум, `животен простор` во источна европа кој ќе служи за населување на ариевската раса и создавање на илјадагодишниот рајх. Полска, Украина, Балтикот, дел од Русија. Населението кое би било затекнато би се иселило на исток, зад Урал, помал дел би работел тешки физикалии за ариевците а дел би бил асимилиран (оние од домородното население со изразити ариевски карактеристики).
За да се обезбеди тоа, прво требало да се неутрализираат заканите од запад (Британија и Франција) за да нема можност за евентуален удар од нивна страна. Франција по пат на инвазија, окупација и воспоставување марионетска власт (што и го оствариле) а за Британија немале кохерентен план, прво оставале можност за евентуално сојузништво за да после се фура поморска блокада, бомбардирања а во игра биле и планови за десант на островот.
За Италија било предвидено средоземноморието, квази нова римска империја а за Јапан хегемонија на далечниот исток и пацификот и тесна соработка со нив после победата....која никогаш не се остварила. Тоа на кратко би биле плановите на фирерот...
Инаку еве еден пример...