Како тоа не е точно? Јас напишав дека била економски силна уште пред раѓањето на Адолф и дека била во криза пред да дојде на власт.
Популарна мисконцепција е тоа дека Хитлер начекал хаос и земја во камено доба и со својата нацистичка партија извршил пwеwодба....нешто слично постои и за Мусолини.
Немачка, родена 1871, била индустриски џин и колонијална сила со силна научна база долго време, 1871-1914 да речеме. После поразот во даблју даблју уан настапува тешка криза, не само поради репарациите. Види само колку револуции и востанија се дигнати 1919-1923...
Хиперинфлацијата е скротена уште 1924-25 така да не знам како може тоа да се припише како заслуга на нацистите....кои дошле на власт 1933. Освен ако немале временска машина.
Друго, земи за пример Олимписките Игри во Берлин 1936, кои ги добила вајмарската република во 1931, две години пред нацистите да освојат власт.
Логиката ми кажува дека олимписки игри некако тешко добиваат економски замрени земји...
Или филмот Метрополис, најскапиот филм дотогаш на планетава...
Нормално, битката со невработеноста, најголемиот проблем на немачка до 1933 била успешно добиена од страна на нацистите.
Ако се земе во предвид дека во статистиките не ги броеле жените, евреите и политички неподобните...
Голем дел се вработиле во работничките армии со цел градење на инфраструктура, дел во армијата, дел во воената индустрија, дел на место на жените кои биле под притисок да не работат туку да гледаат деца, дел на раб.места на евреите, дела на раб.места на политички неподобните....
Јункерс, Хајнкел, Дорние, Месершмит, бродоградилиштата во Кил, Хамбург и Бремен, Дајмлер, Бенц, Опел, немачкиот Форд, ИГ Фарбен, Басф, Баер и мноооогу други постоеле мнооогу пред нацистите да се појават. Немачката индустриска сила си постоела, нацистите само ја насочиле кон војна.
На краток рок жестока припрема за војна нормално дека ќе донесе позитивни економски резултати.... вградениот феил во овој концепт дошол на наплата нешто подоцна...
http://www.bbc.co.uk/schools/gcsebi.../germany19291947/2economicsocialpolicy1.shtml