Втора светска војна и Хитлер

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Денешнава достапност на многу “информации“ доаѓа до момент на креирање и на т.н. квази научници. Порано писменоста била еден во 10, денес покрај толку информации, е пониска. Зборам за распознавање на реалните бројки и оние кои се заокружени.
Да кажуваш дека Хитлер не бил ѕвер пред сеуште живи сведоци е нонсенс.
Дека имало многу жртви заради политички идеологии имало. Многу. И дека имало страни. И тоа дека швабиве во тогашно време гаеле одреден анимозитет кон победувачите во претходната војна. И дека Хитлер бил финансиран од истите тие луѓе. Но тоа не го менува фактот дека типот бил ѕвер. Исто како и Стаљин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Доволни се плановите на Адолф кога си играл архитект во друштво на прав архитект (Шпер) и планирал `постар и поубав Берлин` преименуван во Германиа. Нешто како Скопје 2014 на стероиди :D. Заедно со стадион за 400.000 (!?) гледачи и слични испади на генијалност. Сталинград и фиреровите потези во врска со тоа се друга приказна која предизвикала чудни реакции кај офицерскиот кадар на вермахтот (куд плови овај брод) а тоа се еден куп атентати кои ете не успеале, често од бизарни причини...
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
без читање на предходните постови : нели појава на фашизам и нацизам хитлер си земал сила -добил јака функција ..со аншлус ја земал австрија ...се дигал се дигал ...се фрлил на евреите ,и на први рипнал на полска тогаш више преку к** им доаѓа на англија ,франција русција трпат трпат небива ...и они рипаат и така... xD
А дали знаеш дека во времето на Хитлер Германија станува економски силна? Ја покорил цела Европа, ама згрешил што ја чепкал полузаспаната мечка на Исток.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А дали знаеш дека во времето на Хитлер Германија станува економски силна? Ја покорил цела Европа, ама згрешил што ја чепкал полузаспаната мечка на Исток.

Германија била економски силна уште пред раѓањето на Адолф, она што нацистите го направиле е да ја надминат кризата која настанала поради воените репарации, револуциите низ немачка после ww1, политичката нестабилност и секако крахот од 1929.
Со помош на масовни јавни работи на инфраструктура и билдање на воената индустрија со што се елиминирала невработеноста, ништо посебно, слично имаш и во САД (Њу дил) и во други земји, малку Кејнс, малку Џентиле... Од каде средства за сето тоа е веќе друга прича...:)
 
Да де, со Версајски договор Германија е начисто уништена.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Германија била економски силна уште пред раѓањето на Адолф, она што нацистите го направиле е да ја надминат кризата која настанала поради воените репарации, револуциите низ немачка после ww1, политичката нестабилност и секако крахот од 1929.
Со помош на масовни јавни работи на инфраструктура и билдање на воената индустрија со што се елиминирала невработеноста, ништо посебно, слично имаш и во САД (Њу дил) и во други земји, малку Кејнс, малку Џентиле... Од каде средства за сето тоа е веќе друга прича...:)

Не е точно дека Германија била економски силна пред Хитлер. За да ги исплати трошоците од Првата светска војна го зацврстуваат монометалистичкиот монетарен стандард (т.е целосна конвертабилност на тогашната валута за злато), и преминува во позајмување, наместо во водење поодговорна фискална политика и стабилен даночен систем. Поради тоа во рок од 3 години, 3 пати се менува официјалната валута на Германија, за да дојде до државно намалување на вредноста на германската валута (и внатрешна и надворешна) т.е ревалвацијата во однос на американскиот долар. Хиперинфлацијата во тогашна Германија, преставува пример за највисока инфлација во историјата на човештвото. Тука на сцена настапува ,,националниот социјализам" на Адолф, кој го критикува тој долг на Германија. Народот лесно се манипулира, па една од главните причини за неговата популарност е тоа. Не можела да биде економски стабилна кога самото начело на Версајскиот договор е дека германскиот долг може да биде исплатен само преку злато или во странска валута. Кога ќе се исцрпи сето злато, останува само купувањето на странска валута со германска, што придонесува за ослабување на моќта на германската валута и ја подгорува инфлацијата.Опаѓањето на домашната вредност на валутата, придонесува да има поголема количина на пари во оптек, а со самото тоа и пораст на општото ниво на цените, а при отсуство на даноци, тешко се доаѓа до зауздување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Aquarius

Како тоа не е точно? Јас напишав дека била економски силна уште пред раѓањето на Адолф и дека била во криза пред да дојде на власт.

Популарна мисконцепција е тоа дека Хитлер начекал хаос и земја во камено доба и со својата нацистичка партија извршил пwеwодба....нешто слично постои и за Мусолини.
Немачка, родена 1871, била индустриски џин и колонијална сила со силна научна база долго време, 1871-1914 да речеме. После поразот во даблју даблју уан настапува тешка криза, не само поради репарациите. Види само колку револуции и востанија се дигнати 1919-1923...
Хиперинфлацијата е скротена уште 1924-25 така да не знам како може тоа да се припише како заслуга на нацистите....кои дошле на власт 1933. Освен ако немале временска машина.:)
Друго, земи за пример Олимписките Игри во Берлин 1936, кои ги добила вајмарската република во 1931, две години пред нацистите да освојат власт.
Логиката ми кажува дека олимписки игри некако тешко добиваат економски замрени земји...
Или филмот Метрополис, најскапиот филм дотогаш на планетава...

Нормално, битката со невработеноста, најголемиот проблем на немачка до 1933 била успешно добиена од страна на нацистите.
Ако се земе во предвид дека во статистиките не ги броеле жените, евреите и политички неподобните...:D
Голем дел се вработиле во работничките армии со цел градење на инфраструктура, дел во армијата, дел во воената индустрија, дел на место на жените кои биле под притисок да не работат туку да гледаат деца, дел на раб.места на евреите, дела на раб.места на политички неподобните....
Јункерс, Хајнкел, Дорние, Месершмит, бродоградилиштата во Кил, Хамбург и Бремен, Дајмлер, Бенц, Опел, немачкиот Форд, ИГ Фарбен, Басф, Баер и мноооогу други постоеле мнооогу пред нацистите да се појават. Немачката индустриска сила си постоела, нацистите само ја насочиле кон војна.

На краток рок жестока припрема за војна нормално дека ќе донесе позитивни економски резултати.... вградениот феил во овој концепт дошол на наплата нешто подоцна...

http://www.bbc.co.uk/schools/gcsebi.../germany19291947/2economicsocialpolicy1.shtml
 
Добро знам за историјата на Германија, затоа и дискутирам. Смешно е да кажеш дека хиперинфлацијата е скротена во 1924-25. Како појава, потребни се 7-8 години за да дојде до стабилизиација. Не можеш туку така да ја скротиш. Што правиме со јавниот,деловниот, финансискиот и нефинансискиот сектор? Трговската размена? Покачувањето на општото ниво на цените (инфлацијата) не може да се скроти. Може да се успори инфлацијата како појава, но никогаш не може да се изврши обратен процес. Едно покачување на скалилото на индекс на цени, значи перманентно покачување а потребно е зголемување на БДП или БНД. Валутата на германија е менувана 3 пати, последно заклучно со 1925. Outcome временскиот lag, во просек трае 2--4 години. Додај ги потребните за стабилизирањето на индексите на цени на мало,големо и воопшто индексирањето на цени за спречување на инфлација?

Втор факт, имањето на голем број брендирани компании не ја прави државата економски стабилна, а уште помалку отпорна на инфлаторни движења. Унгарската инфлација и инфлацијата во поранешна СФРЈ, а подоцна и СР Југославија е типичен пример за тоа. Зошто тогаш инфлацијата достигнувала висина до 5000 поени иако во тој период во Македонија има повеќе компании од денес? Проблемот е во неконтролирање печатење на пари, и зголемување на паричната маса во државата. А зошто Германија го правела тоа? Па поради фактот што го спомнав во претходниот пост. Со Версајскиот договор се забранува отплатување на долгот во домашна валута, па германската марка се заменува со странска, најчесто доларот. Не можеш да бидеш економски стабилен кога на девизен пазар ти се негира домашната валута.

Дали домаќините на Олимписките игри се одредуваат по економска моќ? Не. Јас би рекла по принцип на меѓународна политичка игра. Зошто беа доделени зимските игри Сараево 86'? Дека СФРЈ ја тресат демонстрации и протести, расте инфлацијата а плановите на Анте Марковиќ сеуште ги нема и се појавуваат во 89-90' и не успеваат? Москва во 1980? Бојкотот кој настанува поради Советската интервенција во Авганистан една година порано?

Праќањето линкови, имам напоменато е безпотребно. Секој може да напише што сака.
http://www.npr.org/blogs/money/2011...economic-catastrophe-that-germany-cant-forget
http://www.history.ucsb.edu/faculty/marcuse/classes/33d/projects/1920s/Econ20s.htm

Ќе си праќаме линкови бесконечно. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marinium

Постирање линкови било беспотребно....секој можел што сака да си напише...аха...ок.

А што ти е муабетот, дека Адолф и нацистите ја `преродиле` немачка или? која позиција ја застапуваш, чисто да знаеме на што сме.
Хиперинфлацијата била скротена. Факт. Последиците нормално дека потрајале уште извесно време.
Каде тоа мора да се баш осум години? По кои показатели?
Покачувањето на општото ниво на цените не може да се скроти?! Whaaat? :eek:
Си слушнала за дефлација?

Вториот факт, факат не ти е факт. Не реков дека постоењето на јака индустриска база ја прави некоја економија отпорна на инфлација туку дека таа база постоела, била една од најнапредните во светот и дека била насочена кон припрема за војна. Какви брендирани компании? Сето тоа се концерни/корпорации во широк спектар на сектори со долга традиција и силно производство кои веќе постоеле во немачка пред нацистите.
Индустријата која нацистите ја употребиле за повторно вооружување веќе била присутна при нивното доаѓање, заедно со стручниот кадар и високо квалификувана работна сила.
Да ја негираш индустриската моќ на немачка пред доаѓањето на Адолф е некако.....невозможно.
Уште вајмарска немачка почнала со планови за изигрување на версајските одребди, во соработка со СССР каде тајно се подготвувала авијација и оклопни сили, бизарно но вистинито. Ако треба и линк ќе ставам !:pusi
Немачка била во криза, нацистите го искористиле тоа, ја победиле невработеноста и почнале војна која завршила со француска окупациона зона во Берлин и Рур/Сар.

Не знам од каде податоците дека Југославија во време на доделувањето на Сараево 1984 ја треселе демонстации, сепак ќе мора некој линк за поткрепа на вакво неосновано тврдење.
По принцип на меѓународна политичка игра, олимписките игри во 2024 ќе се одржат во Тирана, да ми веруваш. Или во Скопје, а можеби и во Киншаса... не требаат пари ич...:D
 
Прво, ниту еднаш не ја негирав индустриската развиеност на Германија, туку објаснив дека не се репер за економската состојба. Те молам објасни ми ја монетарната политика на присилно врзување на домашна валута со странска без претрпување на шокови кои не можат да се амортизираат. Или дефлацијата при поголема побарувачка на пари од понуда. Мора да е тоа некоја современа монетарна економија, понапредна од монетаристичките теории на Фридман и монетаристите.

За линк ми треба да го побарам време и ќе ти го пратам во приватна порака или тука сеедно.