Во која земја што сте патувале ви оставила најголем впечаток?

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Америка - Њујорк, Вашингтон, Чикаго. На западниот брег не знам како е, ама овде фасцинантно е како се скоро совршено функционира.
Чешка - Прага, Брно. Прекрасни места само народот е малку отиден у 300, толку бош народ ретко на планетава.
Бугарија - северно од Варна во руралните предели покрај море многу ми се допаѓа. Толку е просто, мирно, недопрено од човекот...
 

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Холандија (Амстердам, Ротердам, Хаг) дефинитивно омилена држава, впечатокот кој шо го добив беше супер. Ротердам ми беше најјубав, дали затоа шо беше понов, воедно и многу беше чист, ама сепак интересен. Амстердам има многу работи да се видат, сите музеи, за кои се чека со месеци за карта, сите опери, продавници, стритот :giggle, "кафе" шопови, иако е многу гнасен како град. Ама сепак, интересно е, а Хаг е некако умртвен. Али во глобала, запознавајќи се и со културата и нивните правила, морал, шо све имаат, стварно сум воодушевена. Најмногу ми се свиѓаше она нивното никој не се интересира за никого. И по балски фустан да шетам по улица, никој не ме гледа и да рече види ја онаа. Луѓето си бркаат работа, а не ко кај нас секој за другите, никој за себе.
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Љубљана - Убав и среден град што убаво функционира. Гадни луѓе, грди девојки, слабо друштвени, колеги тотално неколегијални
Солун - Не многу убав град но има некој шарм. Не рекле џабе Солун е наш... Многу мрзливи луѓе, неуслужливи, колеги кои мора да ги бодеш за да си ја завршат работата. Девојките поделени на два типа: фини но ниски и дебели, тенки и згодни но курви со тапија, спонзоруши и голд-дигерки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jagoda

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Црна Гора,ама Црногорците се мрзливи...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Многу јак утисак ми остави земјата Кичево. На влезот на таа мистериозна земја има неколку силоси за жито кои се надвиснуваат над ова населено место како Кристо Редентор над Рио. Сите две ленти по главната (и единствена) улица се маестрално проектирани во вид на права линија. Од лева а богами и десна страна има згради, некои со по 4 а има и такви со по 5 ката!
Околу приземјата на зградите се забележуваат исцепени дрва за огрев што упатува на мисла дека таму живее вреден и чесен народ.
Околу афтобуската имаше семафори но во поново време тоа технолошко чудо кое ги збунуваше локалните жители беше исфрлено и заменето на кружен тек, кој уште повеќе ги збуни локалните жители.

Постари лица во лимените биртии на афтобуската носеа пресечени бели ракометни топки на главата. Не знам од каде потекнува тој обичај и дали е тоа резултат на нивната локална религија но што е земја без мистерии.
А кога таму, настрана од погледите на парче шина си седи главната туристичка атракција - локомотива со големина на Југо и пар вагончиња. Своевремено кога ликови со фесови го донеле тоа нешто во градот - на рајата им делувало како фселенски брот. Подоцна системот на тесни шини бил заменет со систем на широки, за време на владеење на ликови со петокраки на главите и вофчето наречено Ќиро останало без работа.

Се претпоставува дека во 1947 година во околијата слетал вселенски брод бидејќи Кичево исто како и Розвел има име со шес` букви! Исто како и со Розвел и во Кичево била снимана тинејџ серија наречена Kercove High.

Ако некогаш патот ве носи низ ова живописно и ептен интересно место - застанете и прошетајте. Еден ден на вашите правнуци ќе им расправате - `да, јас сум бил во Кичево!!!`
 

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
35
Сум бил скоро во цела Европа, но кога би имал сега пари и каде би отишол на прошетка дефинитивно Хрватска! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Рома дефинитивно,сега во Април ќе скокнам до Истамбул па ќе споделам моменти во облик на слика :cool: