Познавам млад пар каде и двајцата имаат по едно дете од претходен брак и сега имаат и трето заедничко. Додека малечкото (5-6 годинки некаде има) на жената прифати да живее во новата средина, другово, повозрасното (од страна на мажот) побегна кај мајка си и со сите напори, на свои 13ина години, се обидува да попречи на татка си. Така да, некогаш не е сé до спремноста на партнерите, туку и самите деца наметнуваат или одземаат од одговорноста. Магично решение нема.
Пред некој ден пак солзи ми потекоа за едно детенце што живее со маќеа која буквално го третира како вештеркине по цртани. Едно чоколатце бре не му дала, го дели од своите деца ко да е шугаво, дегенка скапана. Таквите ми иде да ги стројам, жими сé.
Ако дојдам до таква ситуација, доколку детето ме прифаќа и меѓу нас постои почит и договор, ќе бидам и повеќе од среќна и знам дека би давала сé од себе да не се осети запоставено или туѓо. Мене би ме болело тоа, искрено.
Ама џабе сето чукање во груди дека некој ќе или нема да чува туѓо дете, кога околностите ја диктираат ситуацијата.