Во врска со партнер кој има дете

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Познавам млад пар каде и двајцата имаат по едно дете од претходен брак и сега имаат и трето заедничко. Додека малечкото (5-6 годинки некаде има) на жената прифати да живее во новата средина, другово, повозрасното (од страна на мажот) побегна кај мајка си и со сите напори, на свои 13ина години, се обидува да попречи на татка си. Така да, некогаш не е сé до спремноста на партнерите, туку и самите деца наметнуваат или одземаат од одговорноста. Магично решение нема.
Пред некој ден пак солзи ми потекоа за едно детенце што живее со маќеа која буквално го третира како вештеркине по цртани. Едно чоколатце бре не му дала, го дели од своите деца ко да е шугаво, дегенка скапана. Таквите ми иде да ги стројам, жими сé.

Ако дојдам до таква ситуација, доколку детето ме прифаќа и меѓу нас постои почит и договор, ќе бидам и повеќе од среќна и знам дека би давала сé од себе да не се осети запоставено или туѓо. Мене би ме болело тоа, искрено.
Ама џабе сето чукање во груди дека некој ќе или нема да чува туѓо дете, кога околностите ја диктираат ситуацијата.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сметам дека овие луѓе имаат посебна големина...и мислам дека со тоа што го прифаќаат детето на партнерот е огромен доказ за љубовта што ја чувствуваат кон својот партнер....
Во одредени моменти можда ќе им смета, некогаш ќе ги извади од такт, ама мислам дека се зависи од индивидуата...
На крајот на краиштата тоа дете и понатаму си има и ќе си има свои биолошки родители и не мора да се завзема нивното место, не мора да се појавува ривалство меѓу мајката и маќеата...
Мислам дека клучно е да се стане пријател со таквото дете...да му се покаже разбирање, љубов, грижа и нега...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не гледам проблем во сето ова ако ти кога влегуваш во врска со некого веќе си запознаен со неговото минато.Тоа значи дека веќе си го засакал онаков каков што е, со се` она што го опкружува.
Дете, тоа е дел од секој родител, дел од личноста, ниту еден родител не би бил целосен ако не е до своето дете.Ако љубиш некого сакаш да биде среќен, епа како можеш тогаш да му го скратиш тоа право? Никој не вели дека тоа детенце, тој невин живот нема своја мајка, тоа секогаш ќе има ама тоа не го менува она што ти можеш да го чувствуваш спрема него, она што ти можеш да му го подариш без да се трудиш да замениш нечие место во неговиот живот...Не можеш да не сакаш некоја мала душичка што знаеш дека го исполнува оној кој ти значи цел свет.

Барем јас така го доживувам сето ова, факт е дека голем дел од опкружувањето осудувачки е настроен во вакви ситуации и ретко кога можеш да очекуваш дека сите ќе размислуваат и чувствуваат како тебе.Многу често ти ќе се трудиш, ќе бидеш среќен/на а надвор ќе те стрелаат со осудувачки погледи, тоа е факт ама верувам дека вреди да се плати таа цена ако сакаш да бидеш дел од животот на некоја личност која и пред тебе имала живот, тоа треба да се почитува.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ја би била и неговото дете би го прифатила и воспитала како да е мое. И не би правела разлика помеѓу "тоа дете" и "мое дете". Само подобро би било да каже на почетокот да не крие мада и да сокрие и подоцна да каже пак би постапила исто.
Само не знам каква би била ситуацијата кога ја би имала дете и мене да треба некој да ме прифаќа. Језда ако дојдам до тоа нема ни да барам да ме прифаќаат тотално би се откажала од машкиот род и би се посветила само на детето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Имаме другарка која почна врска со дечко кој имаше брак зад него, а со него и едно тригодишно девојче. Старателството го добил тој и девојчево живее кај него. Пред неполн месец ја запроси, а вчера официјално и ги добивме поканите....

И со поканата стигнаа и муабетите и поделените мислења.
На едни им смета партнерот да би имал деца, пошто колку и да се труделе не би можеле да прифатат нешто туѓо, створено надвор од нивното гнездо, па да не би се мачеле себеси, партнерот и детето категорично кажаа не за партнер со дете, додека на пола од нив воопшто не им смета нешто што е дел од оној кој го избрале, па би прифатиле и сакале се негово, па и детето кое би го сакале како свое.

Кој е вашиот став за ова, што кога покрај навиките на партнерот ќе мора да прифатите и дете?

Џабе ќе даваме став, другаркати не верувам дека ќе седне на форум и ќе чита што ние мислиме за неа. Дете го дете,битно ли е од која вагина излегло?Ако сака деца ќе го гледа,незнам како би им сметало на некои луѓе ДЕТЕ ВО ВРСКАТА,кога врската е меѓу нив двајца а не групно:)
Би сметало ако тој е женет а таа оди со него на пример.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Џабе ќе даваме став, другаркати не верувам дека ќе седне на форум и ќе чита што ние мислиме за неа. Дете го дете,битно ли е од која вагина излегло?Ако сака деца ќе го гледа,незнам како би им сметало на некои луѓе ДЕТЕ ВО ВРСКАТА,кога врската е меѓу нив двајца а не групно:)
Би сметало ако тој е женет а таа оди со него на пример.
Не беше воведот за да ја подржиме другарката или не, беше поттик само за понатамошна дискусија.
И не е дали тебе/нас ни смета дете во нивната врска, него дали би прифатиле партнер со дете во нашата врска/брак било што. Тебе и мене не ни е битно тоа, на други им смета и така си дискутираме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Не беше воведот за да ја подржиме другарката или не, беше поттик само за понатамошна дискусија.
И не е дали тебе/нас ни смета дете во нивната врска, него дали би прифатиле партнер со дете во нашата врска/брак било што. Тебе и мене не ни е битно тоа, на други им смета и така си дискутираме :)

Аха.Анкета правиш. Ај пиши, да би прифатил:)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Па би прифатил да влезам во врска/брак со некоја која има дете. Истото би го гледал ко свое.
Но што доколку детето се користи само да се доближе до партнерот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Violet

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Па би прифатил да влезам во врска/брак со некоја која има дете. Истото би го гледал ко свое.
Но што доколку детето се користи само да се доближе до партнерот?

Како мислиш се користи детето само за да се доближи до партнерот?