Имаме другарка која почна врска со дечко кој имаше брак зад него, а со него и едно тригодишно девојче. Старателството го добил тој и девојчево живее кај него. Пред неполн месец ја запроси, а вчера официјално и ги добивме поканите....
И со поканата стигнаа и муабетите и поделените мислења.
На едни им смета партнерот да би имал деца, пошто колку и да се труделе не би можеле да прифатат нешто туѓо, створено надвор од нивното гнездо, па да не би се мачеле себеси, партнерот и детето категорично кажаа не за партнер со дете, додека на пола од нив воопшто не им смета нешто што е дел од оној кој го избрале, па би прифатиле и сакале се негово, па и детето кое би го сакале како свое.
Кој е вашиот став за ова, што кога покрај навиките на партнерот ќе мора да прифатите и дете?