Супер те сваќам...и драго ми е што се објаснуваме...
Прво да разграничиме. Не сакам да си правам хипотези што постои шанса да не се исправни, особено не вака јавно. Главно заради етичка кочница, што некој аутсајдер неупатен во муабетот може да го прочита и да си го свати здраво за готово
Тоа е неубаво
Пред се сум личност - индивидуа со свој живот опкружен со бурни случувања секојдневно. Нивни посматрач, учесник, само што конкретно можам да кажам и квалификуван за да се занимавам со нивната суштина.
Таква ми е и работата и приватните случувања. Моите лични ставови не сакам да ги наметнувам и како професионално исправни ставови. Потребно е само да воочиш барем некои 3 - 5 ситуации за да увидиш дека нешто се повторува постојано.
Ова е секојдневно случување, нималку далечно или нереално. Од Х причина нејзиниот сопруг ја напуштил или било што, па сега се чувстува сама, потребна и е поддршка, го има она одвратно чувство дека ја гази животот и секоја пропуштена прилика е неповратна, дека сега веќе испаѓа од конкуренција и треба да биде среќна со „скрпено“. Порано или подоцна овај комплекс на чувства се јавува кај сите жени кои останале со дете, а не се доволно „храбри“ (волни, заинтересирани) животот да го продолжат сами. Океј.. животот продолжува.
Сметаш дека ти е потребен маж со кој ќе го поминеш остатокот од животот, кој твоето дете ќе го гледа како негово и ќе се грижи за вас.
Во пракса, никој неможе да сака туѓо дете. Особено не откако ќе има и свое. Маѓијата поминува брзо. Опасно тежок живот е тоа , да не си му во кожата! Знам премногу такви случаи... тоа е убајна со сила правење, демек семејство сме... страшно е!
Кај жените ... не е наивност во прашање, туку преголема надеж што често заслепува.
Верувај, нагледан сум симетрични примери, ќе доловам еден детално, ако ти е интересен прочитај го... :
Пример... типката има 30 години, 4 годишно дете со неа, животот г`з преку глава направен, сопругот избегал Хрватска со швалерката. Трча од дома на работа, го зема од градинка, готви, пери чисти, дома... кај мајка и... домаќинка, негователка, болничарка, другар за детето и се друго што ќе затрева. Другарките си водат свој живот, родителите на дотогашниот сопругот пробуваат да ти го поткупат детето со киндер јајца и ефтини кинески играчки , ти ги мразиш од дното на душата (пошто ти префрлаат што те виделе со некој маж дека зборуваш и веднаш стануваш неквалификувана за добра мајка
.)
И тогаш се појавува човекот од твоите соништа. На твои години, те наоѓа од нигде никаде и настанува еуфорија. Убав, згоден, „паметен“, со убава кола и стан под кирија. Почнува да ве носи на пица вас двајцата, доаѓа на ѕвонче од работа и носи „бураго количе“ за син ти - малиот скока од кеф.Тоа е најубавиот поклон за тебе во моментот. Ти ѕвони на мобилен и ти вика, поминувам кај градинката, ќе го земам малиот, ти оди си право дома... Ти среќна задоволна мислиш дека си го нашла вистинскиот што ќе ве чува.
НО...
Почнува да те вика на пица и сама, нормално не можеш да го одбиеш пошто секогаш беше толку добар спрема тебе. Доволно си уплашена да не останиш без него и ќе загризиш. Сите што ги знам загризале. Ти ѕвони навечер на телефон како не може да спие без тебе (абе лажи животното, во ВЦ е, се туширал после секс со некоја ефтина
). Почнува да ти навалува за да имате односи. Ти се колебаш. Тој навалува на сите можни начини (демек се плаши ти да не си со друг, да не сакаш друг, да не не ти е убаво со него итн..) Мора да се случи. Се чувствуаш должна и неправедно кон него да не му ја исполниш желбата, пошто тој цело време се ви удоволува. Се случува. Еднаш... два пати...Х пати..
3 чин на драмата:
Ти го попрашуваш со помукает кои се идните планови, тој ја врти темата. Престанува да го зема детето од градинка, престанува да купува подароци и да ве носи колективно на вечера. Те поканува исклучиво кај него дома ... се знае за што...
Сваќаш што се случило. Еуфорија од 2 недели. Го седнуваш и му викаш дека тебе така не ти одговара и сакаш сето да биди како на почетокот, а тој „зачудено те погледнува“ и ти вика „погрешив во врска со тебе. Ти не си таква и не ме заслужуваш“ (ти вели отсечно, од дома планирано. Животињо... што да те заслужува??? Признај дека истото им го велиш на сите кутри што ги ловиш на сентименти
)
Сваќаш дека си се зезнала, дека ќе се пофали на пола град и дека ќе те покажат со прст. АКО! - си викаш, така ми треба кога сум глупава!
Тажна си и разочарана. По 3 дена ти се јавува бифшата свекрва (нели, први разбираат кога не треба ... и ти ломоти дека ти си почнала да бараш мажи, како не ти е срам... те згазува со земја, а ти немаш сила да се објаснуваш) Ништо не ти оди некое време.
Потфрлаш на работа.
Се наоѓа еден „добар и пријатен“ колега што го забележува тоа и ти вика: Остави го тоа, јас ќе го сработам...
Почнува да те теши, ти му се исповедаш, како направиле ѓубре од тебе, како си ти лоша мајка, како не си успешна во ништо..
а тој те теши ... и тешиии... и тешии....
И ПОЧНУВА СЕТО ОТПОЧЕТОК!
За жал, не познавам ниеден пример што отскокнува и прикрпен пар живее убаво.
А многу примери познавам. На никого не му посакувам таков живот