Во врска со партнер кој има дете

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имаме другарка која почна врска со дечко кој имаше брак зад него, а со него и едно тригодишно девојче. Старателството го добил тој и девојчево живее кај него. Пред неполн месец ја запроси, а вчера официјално и ги добивме поканите....

И со поканата стигнаа и муабетите и поделените мислења.
На едни им смета партнерот да би имал деца, пошто колку и да се труделе не би можеле да прифатат нешто туѓо, створено надвор од нивното гнездо, па да не би се мачеле себеси, партнерот и детето категорично кажаа не за партнер со дете, додека на пола од нив воопшто не им смета нешто што е дел од оној кој го избрале, па би прифатиле и сакале се негово, па и детето кое би го сакале како свое.

Кој е вашиот став за ова, што кога покрај навиките на партнерот ќе мора да прифатите и дете?
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Муабетите на нашиот народ се граничат со рационално размислување. Човекот не го сокрил детето од девојката, што значи дека информацијата дека има обрска кон своето дете не е нова. Сите имаме некое свое минато, болест, дете или нешто друго во колку има љубов меѓу нив, зар е важно тоа?
Тие што многу коментираат за другите животи подобро да си гледаат во својот двор. Да се одгледа дете е благослов на човекот, без разлика дали е свое или негово, посвоено или какво било...Детето е нивно затоа што ќе бидат во брак, зар има во бракот твое, мое или туѓо. Животот е толку краток и треба да се подадат рацете отворени на сите убавини кои доаѓаат, а децата се најголемите убавини...
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Мене не ми смета луѓето што влегуваат во било какви врски или бракови, јас едноставно не би влегол во врска со жена што има дете - шо викаат американците на филмовите: не е мој тип.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Муабетите на нашиот народ се граничат со рационално размислување. Човекот не го сокрил детето од девојката, што значи дека информацијата дека има обрска кон своето дете не е нова. Сите имаме некое свое минато, болест, дете или нешто друго во колку има љубов меѓу нив, зар е важно тоа?
Тие што многу коментираат за другите животи подобро да си гледаат во својот двор. Да се одгледа дете е благослов на човекот, без разлика дали е свое или негово, посвоено или какво било...Детето е нивно затоа што ќе бидат во брак, зар има во бракот твое, мое или туѓо. Животот е толку краток и треба да се подадат рацете отворени на сите убавини кои доаѓаат, а децата се најголемите убавини...

Да си жива и здрава за муабетов, браво!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24 and Prashina

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
:) Тие што многу буквално ја сфатиле пораката во цртанот Пепелашка ќе си имаат мака до крај на животот.
Видете... секој си има право кормилото на својот живот да си го насочи каде што сака, ако двајцата во брак не функционираат, наоѓаат заеднички јазик се разведуваат или ако не нашле заеднички јазик судот успеал да ги „среди“ работите, потоа двајцата си продолжуваат со нормален живот...
Значи поимот љубов кон дете, не може никогаш да се помеша со љубов кон жена со страст, еротски мисли и ред други потреби.
Ако мажот или жената имаат дете од пропадната врска за себе, а се впуштаат во нова врска, притоа јасно и гласно кажуваат дека имаат дете кое си го бара своето време кое си има свои потреби, а другата личност тоа нешто го прифаќа, не ѝ/му пречи, има разбирање дека ќе постојат периоди кога едноставно нема да може да биде во центар на вниманието...
Тогаш ние останатите од страна би требало да си ја затвориме муцката и да се потруди ме еднаш да не коментираме за туѓи одлуки и животи.
Мене би ми било мило, другар/другарка после пропаднат брак - што не е баш лесно да се поднесе, да успее да најде добар партнер кој ќе го прифати баш таков со сите работи што доаѓаат со него, меѓу кои е и детето...

И да се дополнам заборавив се занесов:
Јас, кога би бил во таква ситуација би прифатил, затоа што сепак кога сум се вљубил во жената таа до неа имала и друг член, дел од неа, нешто што таа го создала, нешто што го сака и што ѝ треба најмногу во животот... А јас викам дека вистинската љубов не менува, вистинската љубов прифаќа и живее со доблестите и маните на својата љубов.
Што би можело да ме спречи да сакам некое детенце со чист поглед искрена насмевка и да се грижам за него и да се потрудам да му дадам безгрижно живеење кога веќе сум одлучил да спијам во ист кревет и да делам ист живот со мајка му?
 
Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Никогаш не сум го искусила тоа, а искрено и не би сакала. Но животот е краток, а љубовта слепа.
Можда сега размислувам вака, но љубовта е единственото нешто кое што може да ги промени моите ставови и сфаќања.

Живееме во Македонија ... има многу луѓе на кои озборувањето им е единствената преокупација. И додека едни те сметаат за мајка Тереза, други ќе го валкаат твојот образ. Секој има право да си го живее својот живот како што сака и секој има право да избере со кого сака да го помине животот, а овде туѓото мислење е ајмалку важно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and AnGelgirl24

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене лично воопшто не би ми сметало да има и пет деца од претходен брак. Кога луѓето посвојуваат сосема туѓи деца и ги сакаат како свои, зошто јас да не би можела да сакам дете кое е дел од некој што го сакам.
Уствари кој не би можел да сака и прифати дете воопшто без разлика чие е?
 
Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
sum imal licno takva ponuda za zena koja bila vo 3 mesec na bremnost , ja sakav pred toa onaka kako simpatija koga ja ostavi toj
istata mi dojde so bracna ponuda
ama odgovort mi e ist pogore kako na majorot
ednostavno ne e moj tip
sepak svoe dete e svoe :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Можеби машките побудно ја посматраат оваа ситуација пред време.
Љубовта не е слепа, слепци се само оние кои и покрај сето тоа што му пречело, се врзале за некој што ги има сите тие одбивни карактеристики.
Сведок сум на самиот себеси дека сите ствари што ти сметале во минатото ќе ти сметаат и во иднина. Откако ќе заврши првобитната заљубеност (не љубов, заљубеност со поматеност на умот) тогаш сваќаш дека сето тоа страшно ти смета. Не се прави компромис тука!

Во конкретниов случај: Ти го гледаш и му пружаш љубов за на крај тоа дете секогаш да ја сака и цени повеќе неговата биолошка мајка што ја гледа еднаш месечно, повеќе од тебе што си виснела над него секогаш кога требало. Тоа смета... иритира... итн...

Случај бр. 2 - Се е океј, детето ти е интересно се додека немате ваши деца, но кога ќе се роди твое дете, кога ќе ја почувствуваш таа силна мајчинска врска со него (што никогаш не може да се случи со туѓо дете) почнуваш потсвесно да правиш избор помеѓу двете деца, што се манифестира со внимание, со купување подароци секојдневни ситни, ќе сакаш да излезиш в чаршија со своето детенце... тоа се нормални човечки пориви што се појавуваат иако се неправедни. Е сега, децата тоа го приметуваат, го приметува тоа и таткото секако... ОПС... ете ти причина за немири и кавги.

ВЕЖБИ ЗА ДОМА:
-размислете дали кон тоа дете што конкретно во случајов би било нус појава дали би чувствувале вистинска љубов или само одговорност спрема партнерот за него?
-размислете дали некогаш ќе престаните да го гледате како да е дете на друга жена? (пошто ќе оди кај неа за викенд, таму можеби ќе усвои работи од кои вам ви се креваат живците, а не полагате право да му ги забраните)...
-Тоа дете ќе живее цел живот како нус појава ако се родат ваши деца. Таткото среќен, мајката среќна, полубратчињата среќни.... како би се чувствувале вие ако сите околу вас се среќни, а вие не припаѓате потполно ниту кај едните ниту кај другите...?

Кратко кажано... крпеници! Со тоа не се живее среќно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418

а ти сето ова го кажуваш врз основа на твоето мајчинско искуство и твојот мајчински инстинкт?