1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Вонземјани & НЛО (генерална дискусија)

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Hip.Hop_MKD, 16 февруари 2012.

?

Дали верувате дека во вселената постои било каква друга форма на живот?

  1. Да

    69 глас(а)
    77.5%
  2. Не

    11 глас(а)
    12.4%
  3. Не ме интересира/Сеедно ми е

    9 глас(а)
    10.1%
  1. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    На српски е и има два дела
     
  2. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Научниците на НАСА, докажале дека на месечните-природните сателити на Сатурн( Европа и Сатурн-Титан)
    постојат можности за живот.
    Пронајдени се слоеви на мраз,позади кои се предвидува постојат океани, кои се протегаат преку целите сателити.
    Со силата на гравитацијата воопшто сопственото движење на загреаните тела во вид на планини можно е да дојде до топење на мразот и со тоа создавањето на океаните.
    Со тоа и можноста за живот.
    Најдени се и различни хемиски супстанци како H2O2,P,C,N и воопшто светлосна енергија потребна за живот.
    Уште еден доказ за постоење на живот.
     
  3. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Овие денови низ Скопје и Тетово имаше видеа низ интернет со НЛО се надевам повеќето ги имаат видено.На видеата е како топчеста светла точка.
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Уверен сум дека постојат, од примитивни форми на живот какви шо има на Марс па се до високософистицирани цивилизации. Проблем е што луѓето тргнуваат од антропоцентрична појдовна точка и очекуваат `мали зелени` битија иако никој не може да каже во каква форма би еволуирале организми во сосема поинакви услови, секако имајќи предвид основните услови, карбон бејсд, вода, кислород....иако последново и не мора да значи...

    Би било навистина поразително да не постојат други цивилизации низ широчините на космосот, сет тој непојмлив простор, трилиони светлосни години, трилиони галаксии.....а тоа Митре од Прибилци да спаѓа во самиот врв на космичката софистицираност....језиво.

    Што се однесува за посета.....не верувам нешто особено, не знам што би барала една цивилизација која ги надминала детските болести, не се самоуништила и стигнала до таков степен на развој за да може да врши интергалактички патувања..... да доаѓа на земјата!? Земјаните се сеуште примитивно, во космички рамки дебилно, моронско и ирационално општество кое сегашниот статус го има поради горењето фосилни горива, робовската хиерархија и многу малку повеќе од тоа...

    Единствено ако имаат смисла за хумор и понекогаш, чисто за забава, како космички сеирџии посетуваат по некоја мизерна планета.

    Еве како би изгледала средба на вонземјанин и земјанин...:D

     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Toa со „мали зелени суштества“ знаеш од каде е излезено нели? Од оној новинарот што ги лажел америте дека на месечината се гледале мали зелени суштества. Од него Холивуд виделе добра приказна со ликови кои може да ги продаваат и оп ете ти цел свет замислува дека вонземјанин=мало зелено суштество (а не е Јода).
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Најмногу е одговорен Холивуд нешто помалку СФ литературата за општата перцепција кај земјаните во однос на евентуални вонземјани.
    Друг популарен тип се `сивите` т.е. хуманоидни креатури како оние од наводното летало кое се срушило во САД...
    Трети се инсектоидни, крајно злобни и лигави битија кои доаѓаат да ја освојат Земјата :D
    Not sure зошто луѓето замислуваат дека вонземјаните би биле екстремно зли и подмукли...
     
  7. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Работи кои вонземјаните ги "заборавиле" на планетата земја

    Лесно е да бидете скептични кога се работи за разни приказни за посета на вонземјани на Зејмјата. Но, што ако навистина гостите од некоја друга планета ни оставиле некои физички докази за нивната посета на нашата планета? Постојат низа чудни објекти ширум светот, а многу од нив претставуваат енигма и настанале во природа, што наведува дека можеби се предмети кои се донесени од друга планета.
    Чуден дел од машинерија е пронајден во парче јаглен во Владивосток во Русија. Личи на парче од запчаник, а според тестовите станува збор за вештачки предмет направен пред 300 милиони години. Тоа што е чудно е дека станува збор за алуминиум, елемент кој е пронајден во 1825. Интересно е и тоа што мистериозниот артефакт наликува на дел од микроскоп.
    [​IMG]
    Друг чуден предмет е најден од Џон. Џ Вилијамс во 1998 година за време на неговите долги прошетки. Тој ископал предмет со електрични компоненти кој наликува на електричен приклучок. Овој предмет станал познат под името Енигмалитот на Вилијам. Многумина веруваат дека станува збор за измама затоа што Вилијам не сака да го скрши предметот, (но затоа го продава за 500 илјади долари). Според геолошката анализа станува збор за камен стар 100 илјади години, што значи дека предметот кој се наоѓа во него не може да биде човечко дело.
    [​IMG]
    Некои чудни фигури и објекти се оставени од времето на Колумбо меѓу кои и мали златни фигури кои на изглед наликуваат на модерни млазни авионо. Таканаречените древни авиони имаат особини кои наликуваат на крилата на борбените авиони, стабилизатори, па дури и опрема за слетување. Според поддржувачите на теоријата за древните астронаути, токму тие ги направиле овие модели со пропорционални размери способни за летање. Можеби Инките биле во контакт со вид кој поседувал напредна технологија, тврдат поддржувачите на НЛО. Сепак, овие објекти може да бидат и само преубави статуички кои претставуваат уметнички приказ на инсекти и други животинки кои имаат крилја.
    [​IMG]
    [​IMG]
    приказната за таканаречената мистериозна сфера Бетц. Станува збор за сребрена кугла, со радиус од околу 20 сантиметри која ја нашла семејството Бетц во 1974 година. Тие ги истражувале причините за пожари кои се појавувале на нивиот имот на Флорида, кога го забележале овој објект.
    Сферата била мазна, освен што на неа имало чуден симбол. Семејството ја однело куглата дома и наскоро сфатиле дека таа има чудни особини. На пример, реагирала на звук на гитара, така што емитувала звук сличен на тропање и ехо. Исто така можела да запре доколку некој ја турне во насока во која не сака да се движи и да го промени правецот.
    Куглата често праќала и ниско – фрекфентни звуци како и вибрации, како да станува збор за запален мотор во куглата. Дури и научниците и војската биле воодушевени од триковите на оваа кугла. Морнарицата го анализирала овој чуден објект и заклучила дека се работи за нерѓосувачки челична топка.
    И до ден денес не е познато што всушност претставува оваа вонземска сфера.
    Во 2012 година Мексиканската влада објави голем број на артефакти од времето на Маите кои се чувани над 80 години како воена тајна. Овие објакти се најдени во внатрешноста на недоистражената пирамида која е најдена под друга пирамида во Калакмул, најразвиеното место на Маите. Владата забрани снимање на документарец во чиј фокус биле овие чудни фигури на кои имало прикази на неидентификувани летачки објекти. Документарецот бил откажан наводоно поради измами, а се зборува и дека ни автентичноста на овие предмети не можела да се потврди и дека станува збор за измама на некој локален уметник.
     
    На Vlintoski, parvati, Хоуп* и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Верувам дека постои било каква форма на живот на други планети. Глупаво е да се мисли дека во цела вселена сме само ние и само на Земјата има услови за развој на живи организми.
    За оние зелените човечиња, секако дека не верувам.
    Тешко би било ние, земјаните да се сретнеме со некои други живи суштества бидејќи оддалеченоста е огромна. Прво, ние сеуште не знаеме како да ја вратиме во форма на материја енергијата (честички без маса) од веќе разградената материја. За тоа дали тие знаат, немам поим. Но, ако знаат. тогаш значи дека имаат поразвиена цивилизација од нашата, а ако имаат, тогаш значи дека немаат причина да доаѓаат овде, на оваа неразвиена планета, нели?
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Дали дедово објаснува од 8ма минута нагоре дека комуницирал со вонземјаните или јас грешно сфатив? Малце ми е нејасно бидејќи кажува дека вонземјаните комуницирале меѓусебно преку телепатија, тогаш како тој самиот комуницирал со нив? И вели дека побарал од нив да направат фотографии, што ми е исто така чудно. И чудно ми е зошто се толку слични на нас во изгледот, особено стапалото. Дури и бојата на кожата. И уште нешто, дали тоа има некаков осветлен пат кој води кон Ареа 51? Би било интересно кога сето ова би било вистина. :zelen Како и да е, интересно клипче каде што краток период пред смртта Boyd Bushman кој бил пензионирал научник раскажува за своето искуство поврзано со Ареа 51, НЛО, вонземјани и идеи за анти-гравитација.

     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  10. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: