Вицови

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Жената му вика на мажот: Ај бе да купиме завеси!?
Мажот: Зошто?
-Жената: Отспротива се вселија некои луѓе и може да ме видат гола!
Мажот Уживај! Штом те видат гола,тие ќе си купат завеси :)))
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
Мајката го прашува синот:
- Сине, зошто во последно време не се дружиш со Стојан?
- Па мамо, дали ти би се дружела со некој кој пие, пуши и се дрогира?
- Секако дека нема!
- Епа ете, гледаш, не сака ни он!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo, Hkakashi and Badgirl

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Секое утро македонски имигрант во Америка го носел својот автомобил во авто сервис во центарот на Њујорк за да проверат да не му се расипало нешто. Вечерта доаѓал и си го земал автомобилот.

Сопственикот на авто сервисот решил да дознае зошто така прави, па еден ден го прашал.
Нашинецот:
- Ќе ти признаам, ама под услов и во иднина да можам да доаѓам.
Сопственикот се согласил.
- Работам овде во близина. Паркинг местото ме чини 5 долари од час, работниот ден ми е 8 часа, а проверката на автомобилот е 20 долари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and МиГ 21

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Судење на мафијаш за повеќекратно убиство. Докази колку сакаш. Мафијашот му шепнува на својот адвокат:
- Ако издејствуваш една година затвор, овој куфер со пари е твој. Ако не, прости се од целиот твој род!
Судот донесува казна затвор од 1 година за мафијашот. Тој разнежнет го прегрнува адвокатот:
- Тешко ли беше, брате?
- Пеколно тешко!
- Зошто?
- Судијата сакаше да те ослободи!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and street_chic

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Збунета и загрижена плавуша и кажува на пријателката: ‘Ахх треба да се најдам со дечко ми, ама не се сеќавам дали беше во 8:30 или во 3:80 :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Две кумановке се возив у аутобус на релацију Куманово-Скопје, па ву една вика на другу:- Ух, виде се он'j д'н сас Сашу.- Кој Сашо, прашује гу другачка ву, он'ј ли што идесте некое време?- Не мори, ов'ј е нов. И видесмо се, па к'д ме дофати Сашо, па едно целивање, па мазење, па к'д ме фати за кукови, па ме дрса, влече, па малце ме гали па после ме фати за г'з, па па такој, па нешто музиче иде, а ми пијуцкамо вино, па после сас леву руку ме држи, сас десну ме соблача, па, пааааааааК'д од ед'н пут, чује се од задњо седиште глас:- Ајде мори кажуј, еба ли те т'ј Сашо, матер ти јебем... Требаше да се симну још у Агино Село!
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Преполн автобус. Сите се притиснале еден до друг. Стои висок дечко, од едната страна го притиска 20 годишна девојка, а од другата 80 годишна баба.
Дечкото постојано и намигнува на девојката и силно се турка кон неа, но таа неочекувано извикува:
- Манијак!
Сите се вртат кон тројцата и чекаат да видат што ќе се случи.
Дечкото:
- Што си се развикала, пред малку цел ме испофаќа, па уште и манијак ми викаш!
Девојката:
- Што ти е бе ненормален? Нигде не сум те фаќала!
Се погледнуваат двајцата, а потоа погледнуваат кон бабата.
Бабата:
- Што ме зјапате така? Само сакав да се запознаете...





Жена си купила шарен папагал. Но, папагалот бил многу лошо воспитан и постојано ја навредувал: - Ку*во, ку*во, ку*во.

Жената еден ден се изнервирала и целиот папагал го бојадисала црн. Папагалот се налутил, замолчел и збор не и прозборувал.
После неколку дена жената почнала да го моли:
- Кажи што ти е? Зошто не зборуваш? Зборувај нешто, па макар и навредувај ме.
Папагалот:
- Кога сум во официјален костум со ку*ви не разговарам!
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ќерката вели на татко и:
- Тато, јас сум лезбејка.
- Ооо, боже. -.-
Втората ќерка:
- Тато, тато, и јас сум лезбејка.
- Добро бе!!! Има ли некој во оваа куќа што сака мажи?!
Синот се јавува:
- Јас тато! :D




Се дави некој турист во Охрид, и почнал да вика:
- HELP! HELP! HEEELPP!
Го гледа некој охриѓанец, и му вели:
- Подобро да си научел пливање, а не англиски!!!