Учителката им задала задача на своите ученици да нацртаат цртеж за кој инспирација ќе им биде некоја позната класична композиција.
Наредниот час учителката ја прашува Виолета да го објасни својот цртеж кој изгледал вака:
Учителката: -Виолета, што претставува твојот цртеж и од кое дело е инспириран? Виолета: -Мојот цртеж ја претставува природата во годишните времиња,а го цртав додека ја слушав Четири годишни времиња од Вивалди
Учителката: -Браво Виолета! Ајде сега Виктор да ни го покаже својот цртеж?
Виктор: - Јас ја нацртав Волшебната флејта од Моцарт. Учителката: -Одлично! Ајде уште ти Мали Ѓокица покажи ни што имаш за денес?
Мали Ѓокица: -Еве учителке...
Учителката: -Лелеее Мали Ѓокица, нели ти е срам??? Дали добро ја сфати задачата што ја имавте за денес?
Мали Ѓокица: -Да учителке! Требаше да нацртаме цртеж кој е инспириран од некоја класична композиција.
Учителката: -Добро. И што претставува твојот цртеж?
Мали Ѓокица: -Па тоа е учителке од Бетовен - За Елиза!