Вегетаријанци

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Со твојот неумесен одговор ги навредуваш поред мене и сите луѓе кои конзумираат месо,излегува дека само вие вегани сте ангели а ние останатите бајаги луге сме душмани.Второ што сакам да ти кажам е дека воопшто не ве навредив вас вегетаријанците,секогаш сум велела браво,како можат да издржат,но во твоите одговори изгледа ти фалат малку повеќе животински протеини.
Јас не навредив никого, јас само ја кажав вистината каква што е. Јас не измислувам дека месото кое го јадеш е од малтретирано и убиено животно. Дали знаеш во какви услови се родени, одгледувани, убиени овие животни? Низ што се поминуваат... Ако вие си имате проблем со вистината тоа е ваша работа.
Од друга страна не се навредливи само зборовите, туку и делата.

Во случај да не знаеш

Топло ви препорачувам да го погледнете, ако до сега не сте.
Филмот содржи вознемирувачки сцени и не е препорачливо да го гледаат деца под 18 години и луѓе кои имаат проблеми со срцето.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lettie

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Вратете се на темата, секој нареден оф топик ќе биде санкциониран.

Рамзенувајте си рецепти и искуства вегетаријанците помеѓу себе за да си го олесните режимот на исхраната, немора да ги убедувате луѓето како да размислуваат околу храната и со спасувањето на животните тоа е друга тема.

Истото да важи и за тие кои не се вегетеријанци.

Точно така на двете групи мислев, се извинувам ако ме разбравте погрешно или лошо се изразив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вратете се на темата, секој нареден оф топик ќе биде санкциониран.

Рамзенувајте си рецепти и искуства вегетаријанците помеѓу себе за да си го олесните режимот на исхраната, немора да ги убедувате луѓето како да размислуваат околу храната и со спасувањето на животните тоа е друга тема.

Истото да важи и за тие кои не се вегетеријанци.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Вратете се на темата, секој нареден оф топик ќе биде санкциониран.

Рамзенувајте си рецепти и искуства вегетаријанците помеѓу себе за да си го олесните режимот на исхраната, немора да ги убедувате луѓето како да размислуваат околу храната и со спасувањето на животните тоа е друга тема.

Точно така на двете групи мислев, се извинувам ако ме разбравте погрешно или лошо се изразив.
Се согласувам, но исто така имам молба од членовите кои не се вегетаријанци да не објавуваат фотографии од храна од месо (за тоа постојат многу друѓи теми) и да не коментираат дека животните се создадени исклучиво поради тоа да бидат нечија храна од причина што дел од вегетаријанците се одлучиле на ваков чекор поради морални причини и голема љубов кон животните. После такви коментари невозможно е да не се развие дискусија во која ке нема навреди.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вратете се на темата, секој нареден оф топик ќе биде санкциониран.

Рамзенувајте си рецепти и искуства вегетаријанците помеѓу себе за да си го олесните режимот на исхраната, немора да ги убедувате луѓето како да размислуваат околу храната и со спасувањето на животните тоа е друга тема.

Точно така на двете групи мислев, се извинувам ако ме разбравте погрешно или лошо се изразив.

Значи на темава не смее да се постираат слики од сочни рам стекови од кои се цеди крв, печени пилиња полнети со костени или свинче на ражен?
Ако сум разбрал како што треба...:zelen
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Значи на темава не смее да се постираат слики од сочни рам стекови од кои се цеди крв, печени пилиња полнети со костени или свинче на ражен?
Ако сум разбрал како што треба...:zelen

Си има теми за тоа:
Месо или риба?
Морска храна

Јас од денеска почнувам да направам еден тест на мене, да видам како ќе реагира моето тело без месо и јајца најмалку еден 21 ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Неколку совети доколку почнувате со вегетаријанство
- Денот започнувајте го со свежо овошје, свежо цедени сокови и вода. Утрото е наменето за чистење на организмот, затоа треба да внесеме што повеќе течности, витамини и свежа храна полна со ензими. Понекогаш се будиме со чувство на глад, но најчесто се работи за жед. Одкако ке се напиете вода или свежо цеден сок, тогаш тоа чувство исчезнува, а вие нема да го изморите организмот со варење на храна уште во утринските часови.
-Напладне оброците нека се состојат од салати од зеленчук искомбинирани со разновидни семки (сусам, ким, лен, сончоглед, семки од тиква исл.), најдобро би било да се живи, непечени. Доколку сакате семките да бидат помеки, оставете ги да одстојат во ладна вода околу час и половина. Водата ја цедите и семките ги ставате во салатата.
Доколку јадете готвена храна за ручек, тогаш внимавајте количината на свежата салата да биде поголема од количината на термички обработената храна.
- Навечер може да се опуштите и да јадете повеќе готвено, но најдобро е во секој оброк да ви е застапена свежата храна.
-Измеѓу оброците грицкајте семки, свежо и суво овошје и пијте свежи сокови.
-Јадете само кога сте гладни. Кога сте вегетаријанец и сакате да се храните здраво, не важи правилото три оброка дневно. Вие самите треба да си ги распределите оброците во согласност со вашите потреби.
- Јадете по помала количина на храна од еднаш. Ако имате голем апетит јадете почесто. Прејадувањето сериозно избегнувајте го.
-Јадете разновидна храна. За да ги задоволите сите ваши потреби не е потребно многу знаење, доволно е да јадете разновидна храна и освен овошје и зеленчук во вашето мени внесете и јаткасти плодови, семки, житарици и зачини.

Кога преоѓате на ваков начин на исхрана, може да се соочите со следниве три фази:
-Катаболизам - Кога телото се чисти и токсините се разложуваат со што се губи во тежина. Во оваа фаза повеќе се разложува одколку што се создава во организмот, затоа можно е нагло да се изгуби во телесна тежина.
-Стабилизација - Процес кога престануваме да губиме тежина бидејки телото е прочистено и процесот со разложување се изедначува со процесот на создавање на ткивата.
-Анаболизам- Во оваа фаза доаѓа до постепено покачување на тежината иако се храниме со помалку калорична храна, доаѓа до подобра апсорбција на храната и подобра работа на ензимите. Во ова фаза се создава здраво ткиво кое многу потешко се разложува бидејки е составено од поразлична материја и на тој начин доаѓаме до нашата идеална тежина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Фала ти многу за советите. Дали може да ми кажеш фазите временски колку трае катаболизмот губењето на мускулна маса и чистењето на ензими.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Фала ти многу за советите. Дали може да ми кажеш фазите временски колку трае катаболизмот губењето на мускулна маса и чистењето на ензими.
Се зависи од токсините и масното ткиво во телото, но и до самиот метаболизам. Тој период од 21 ден е доволен за да се прочисти организмот до тој степен за да почувствуваме разлика во нашето тело. Ако и предходно си се хранел здраво, немаш масно ткиво, тогаш катаболизмот ке трае помал временски период.
Во христијанството големиот пост трае 40 дена и таа бројка не е случајно ставена. За околу 40 дена телото може целосно да ги помине сите три фази, но се зависи од самиот организам.
Јас бев многу слаба до пред некое време (бев слаба и кога јадев месо). Одкако почнав да јадам 80-90% свежа храна почнав да се поправам и тоа уште првата недела забележав промени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
За време на тој процес не се губи од мускулната маса, се губи од нездравото масно ткиво. Доколку вежбаш и спортуваш секојдневно, тогаш нема потреба да се грижиш, мускулите нема да се смалат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche