Вегетаријанци

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ете видиш, може да се живее. Можеби ти не можеш, ама некој може.
Абе не зезај, како може ич месо да не се јадело. Баш сакам да ми каже од што и се состои ручекот.
Не ги разбирам вегетаријанците ич, месо што е потребно да се внесува тие не го сакаат.
 

Lettie

Нов член
4 јануари 2015
15
3
3
Skopje
А што ако јадеш месо? Нема ништо да ти е туку баш подобро ќе се чуствуваш. Без месо не се живее.
Си живеам без месо и најубаво ми е .:))) Не знам за другите и не ме интересира. :)) Ако ти не можеш без месо, друг може. Не сме сите исти , не живееме сите исто:) Поз. До тука би коментирала, со ова:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Си живеам без месо и најубаво ми е .:))) Не знам за другите и не ме интересира. :)) Ако ти не можеш без месо, друг може. Не сме сите исти , не живееме сите исто:) Поз. До тука би коментирала, со ова:)
Што јадеш за ручек?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Што јадеш за ручек?

Еј па ти демек ти со секој ручек јадеш и месо. Најпросто кажано, се останато што е храна. Зеленчук, овошје, житарици, млечни производи, паста... свашта што може да се искомбинира. Ако ептен мислиш дека не постојат милион веге оброци, прогуглај.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еј па ти демек ти со секој ручек јадеш и месо. Најпросто кажано, се останато што е храна. Зеленчук, овошје, житарици, млечни производи, паста... свашта што може да се искомбинира. Ако ептен мислиш дека не постојат милион веге оброци, прогуглај.
Не јадам секој ден месо ама сепак јадам. Знам дека постојат, значи штом така, не ни треба месо, од овошје, житарици, млечни производи може да се живее.
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
имајки ајвар,пржени компири,салами,кашкавали ја месо ли ке јадам ..
месо ,пресно млеко и пржени јајца не поднесувам ;)
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А што ако јадеш месо? Нема ништо да ти е туку баш подобро ќе се чуствуваш. Без месо не се живее.
Најголемата заблуда на која и робува човештвото е тоа дека без месо не се живее. Веке некое време се спремам да отворам посебна тема за тоа, каде би ви образложила подетално...
Но ајде сега овде... Како живеат животните кои не јадат месо, како опстојуваат тие организми. Некој ке рече дека ако не јадеме месо нема да имаме доволно енергија, некој ке рече дека нема да имаме доволно мускулно ткиво, нема да сме способни за да си ги извршуваме обврските, да спортуваме, трчаме и сл.
Што јаде коњот? Моќноста на современите машини се мери во коњски сили, не во тигрови, лавовски ил. Од каде му е енергијата и силата на коњот? Што јаде слонот? Слонот има големи и цврсти коски. Низ векови наназат е познато колку е цврста и ценета слоновата коска. Од каде доаѓа таа цврстина? Млекото на кравата соджи многу калциум. Што јаде кравата за да има толку калциум во своето млеко? Носорогот има големи и силни мускули. Иако е едно од најтромавите животни, носорогот е едно и од најбрзите. Од каде таа мускулатура, таа сила и брзина?
И така натаму.
Киселините кои се лачат во желудникот на лавот, тигарот и др. месојадни животни е многу пати појака од нашата. Желудникот на лавот ја има таа способност да го разгради месото, ние не. Кога човек консумира месо, тоа се задржува и до недела дена во неговиот организам. Било која храна оставена за тој период на таа температура скапува и гние. Месото во нашиот организам не се разградува, туку гние, а тој гниеж е совршена подлога за развиток на бактерии кои во случајот не ни штетат нам намерно, туку се населуваат со цел да ја разградат таа материја. Тој гниеж е исто така и совршена подлога за развиток на габички...
Нашите заби не се доволно силни за да можат да го одкинат месото од животното. Многумина велат дека нашите катници се доказ за тоа дека сме месојадни... НО, дали нашите катници се исти како катниците на месојадните животни? Како прво самата големина и поставеност на забите во вилицата се разликуваат. Како второ - зошто имаме поизразени секачи за разлика од месојадните животни?
Човекот не е дизајниран да биде месојад, ниту пак е дизајниран да биде само тревојад. Човекот е дизајниран да јаде плодови. Катниците кои ги има човекот служат за јадење овошје и само за тоа се моќни. Ниту еден човек не може со своите заби да ја раскине кожата на животното и тн.
Сега следува и делот за протеините, но за тоа ке отворам посебна тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lettie