Брзи и лесни рецепти

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ако ви останал побајат леб а не сакате да јадете пржени кришки со јајца или да направите тостеви,еве ви еден лесен,убав и вкусен рецепт. Во вангла издробете го лебот,одозгора полијте го со млеко или кисела вода,изрендајте кашкавал или сирење,можете и салама рендана,ако сакате ставете печурки,кисели краставички,едно јајце. Измесете го сето тоа и правете кебапчиња или како ќофтиња,и во малку зејтин испржете ги.Ако ви е тестото многу течно,дотурете презла.Можете да ги направите и на тостер,само ставете фолија.Многу се вкусни и декоративни.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
1b3a097b-ba8e-4bf4-9879-1b49a739a361.jpg 1b3a097b-ba8e-4bf4-9879-1b49a739a361.jpg Идеја за интересно подготвени шпагети,сакате со виршли или лути кобасички,делуваат прекрасно.

6107ff81-c7d8-4542-a870-5da3c6b20e23.jpg 6107ff81-c7d8-4542-a870-5da3c6b20e23.jpg Оваа декоративна погача може да ја направите со секакво тесто,дали за кофлички или леб,останува по ваш избор.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and JaMi

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
  1. Мусака од јаболки...............преубав лесен и здрав рецепт,особено за дечиња кои се болни и кашлаат а исто помага за кашлица и кај возрасни.....неможам да ставам слика.Периодов е само за подготвување на благи работи од јаболки. Јаболките излупете ги, исечите ги на кругови,исто како гога правите мусака од компири, редите ги во плех па одозгора посипете ги со шекер,мелени бисквити,малку прелијте со мед,може и малку рум(ако не е за мали деца),и така на секој ред(дозата на јаболки одредете ја спрема бројот на особи) Ставете го плехот во рерна и печете додека да се испечат убаво јаболките.Може наместо мелени бисквити да се стави гриз,за да се упие сокот од јаболките,но јас ставам мелени или ситно скршени бисквити оти е повкусно.Декорирајте со шлаг пена или чоколаден прелив ако сакате но и немора.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Предјадење

Најпрво мора да станете рано зашто појадокот е најбитниот оброк.
Значи откако ќе станете и ќе се расоните земете едно тенџере и наполнете го со вода до пола, внимавајте тенџерето да е миено за да не мора да се мачите од сабајле да миете. Потоа земете една кесичка супа (а може и коцка, зависи што имате) и ставете ја во водата и оставете ја да се вари 15-20 минути на најјако. Немојте да го поклопувате тенџерето затоа што после вие ќе го миете шпоретот. После откако ќе се свари супата полека со кујнска ракавица или што ќе ви се најде при рака (можете и со голи раце да фатите ако не ви е жешко) земете го тенџерето и тргнете го на страна. Земете една подлабока чинија и ставете од супата. Немојте одма да јадете, почекајте да се излади. :)

Главно јадење или на нашки кажано, ручек.

Земете една поголема тава и убаво измијте ја. Излуптете 4-5 компири и исечете ги по должинна. Ставете ги компирите во тавата, не додавајте ни зејтин ни вода. Пуштете ја рерната на најјако и ставете ја тавата внатре, оставете да се пече 20-30 минути. Додека чекате да се испечат компирите излезете на тераса и испушете 1 цигара. Кога ќе се испечат компирите извадете ја тавата од рерната и пазете да не се изгорите, исто така пазете да не ја заборавите укчучена рерната зашто може да предизвикате пожар па после нема ништо да јадете.
Ставете ги компирите во чинија и јадете со виљушка, земете си и еден бокал вода за да не ви застане некој компир во грло. :)

Вечерата прескокнете ја, и така никој не вечера денес зашто вие да вечерате.

Десерт

Одете до најблиската продавница и купете сладолед по желба. Внимателно отворете го, ама немојјте по пат да го отварате зашто не сте дете. Откако ќе го отворите сладоледот седнете на најблискиот стол, фотеља или што и да е, и лижете го сладоледот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Браво за трудот што го вложи да пишуваш толку многу,изгледа ептем ти е интересно вечерва.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Браво за трудот што го вложи да пишуваш толку многу,изгледа ептем ти е интересно вечерва.
Болен сум па ми текна на рецептиве. Баш се лесни за правење, посебно десертот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Болен сум па ми текна на рецептиве. Баш се лесни за правење, посебно десертот. :)

За супата и не мора тенџере, ако на дофат се има кетл.
Се зема една коцка за супа (говеџа, пилеча) се фрла амбалажата а коцката се голта. Стоплената вода (на кетлот му требаат 1-2 минути за тоа) се пие. Се пушта музика по избор и се денса, поради наглите движења водата во желудникот се меша со коцката = супа. WIN !:cool:

Исто може и со сокче Степ-кола но во тој случај треба ладна вода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За супата и не мора тенџере, ако на дофат се има кетл.
Се зема една коцка за супа (говеџа, пилеча) се фрла амбалажата а коцката се голта. Стоплената вода (на кетлот му требаат 1-2 минути за тоа) се пие. Се пушта музика по избор и се денса, поради наглите движења водата во желудникот се меша со коцката = супа. WIN !:cool:

Исто може и со сокче Степ-кола но во тој случај треба ладна вода.
Е да во право си, може и така. Ама види, сабајле не може да се денса дека поспан нели, затоа подобро е да си се вари а додека се вари ти да си дремеш на кауч. :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Бре бре....какви добри куварчиња имало на форумов....Карапанџа може вода да им носи:rofl