Ај да ви кажам еден рецепт вчера што го направив, онака за мезе за мене и другарка ми.
Сама си го измислив, брзо,едноставно, а да ви кажам праи кејф
Потребни состојки:
- 1 пакетче Брускети марети ( најдобро од оние што се микс на сирења или спанаќ со сирење)
- 2 зденки
- 200 мл павлака ( или повеќе, зависи од вкус)
- дробено сирење по желба,
- 1 краставица свежа
- маслинки ( 5-6 зависи)
Подготовка:
Брускетите ги кршите на пола и ги ставате во сад. Зденките ги сецкате на коцкички и ги додавате на брускетите, заедно со дробеното сирење и павлаката. Краставицата ја сецкате ситно ( може и да ја изрендате) и ја додавате и мешате се заедно.
Многу малку може да капнете маслиново масло, колку за да си добијат симбиоза состојките и на крајсе ставаат маслинките. Јас користев од оние без семка и ги исков на пола, за поголеми парчиња.
По желба може малку сол и бибер да ставите, па дури и малку мајонез.
Убаво е, да си знаете