Брзи и лесни рецепти

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Уште и мерките да ги пишеше на продуктите ќе беше супер рецепт, нели;)
Е да, нема мерки...
Јас не заприметив бидејки не јадам таква храна...
инаку немам некоја представа како би излегло тоа, млеко со јогурт... какао, крем,чоколадо и џем... шеќер и шеќер во прав... масло и путер...
Некако многу да не е?
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Е да, нема мерки...
Јас не заприметив бидејки не јадам таква храна...
инаку немам некоја представа како би излегло тоа, млеко со јогурт... какао, крем,чоколадо и џем... шеќер и шеќер во прав... масло и путер...
Некако многу да не е?
Тоа му е рецепт за бомбона за душмани;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Hummus mark 1. испадна многу вкусно. Направив мали измени наместо магдонос ставив жив босилек, ставив кари, бибер и лимунов сок, се` тоа подмачкано со ладно цедено масло. И секако да не ги заборавам наутот и таанот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Прекрасен брз рецепт со јаболки за кој ви е потребно само:
-1,1/2 крг.јаболка
-1 литар вода
-20 големи супени лаж.шеќер
1/2 кгр. бисквити
-3 пудинга од ванила
некој става шлаг одозгора ама јас не употребувам, само со цимет или малки рендана чоколада ставам а и немора ништо.
Јаболките се лупат и се сечат на кришки па се варат во литро вода заедно со 20 г.лаж.шеќер.
Додека се варат јаболките , припремите еден плех четвртаст или послужавник, наредите еден ред од бисквитите.
Јаболките сварени вадете ги од тенџерето со решеткаста лажица и ставете ги врз бисквитите, сакате цимет, субо грозје, тоа е на вас, јас не ставив ништо.
Во водата што остана во тенџерето сварете ги пудинзите спрема упатството и прелијте го врз јаболките.
Ммммммммммм..што би рекла Алачки ..прекрасно лесно, здраво и вкусно.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Најлесен, а превкусен и здрав (кето) десерт што го правиме со другарка е со 4 состојки и требаат вкупно 20ина минути да се направи.
-1 кесиче (~100гр) какао
-4 супени лажици мед
-4 супени лажици растопено кокосово масло
- Путер од кикиритки

Какаото, медот и кокосовото масло се мешаат дури не се соедини смесата (може слободно да додадете уште кокосово ако смесата е густа). Се става еден слој во малечки (бар јас така ги преферирам пошто е доста благо) хартиени калапчиња, се додава една лажица путер од кикиритки на средина, па се поклопува со уште еден чоколаден слој.
Ништо не се пече, само се ставаат во фрижидер малку да се зацврстат.
Мене отприлика ми излегуваат 10-15 колачиња, зависи дали сакам да има повеќе какао или путер. :)
Треба да ви излезат отприлика вака.
PB-Cups.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina