Брзи и лесни рецепти

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Ноќва некако ме мрзи да пишувам на долго и широко. Јадев прееска едно така убаво јадење, брзо и лесно за правење. :)

Потребни ви се само 4 парчиња леб, 2 парчиња шунка, 2 парчиња кашкавал и кечап.
Ја земате шунката и полека и внимателно ја ставате врз едното парче леб, потоа земате кашкавал и го правите истото, на крај ставате кечап. Другото парче леб го ставате врз кечапот и стискате најсилно што можете, ако сакате ставете и нешто тешко (на пример тег од 2-3 кила). Истото го повторувате и со другите две парчиња леб. :)

Феноменален рецепт, еден од моите специјалитети.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy

Ливадџиката

Нов член
17 јуни 2015
2
0
1
37
Вчера вечер го правев чипс ама во микробранова и ептен ми се погодија, а пробав слично и со тиквици. Чиста работа, ни зејтини ни стоење над шпорет, ништо.
 
Последна промена од модератор:

stole04

Староседелец
23 мај 2012
38
12
1,008
38
Извонредно вкусна и здрава манџа совршена е за семеен ручек. Посно јадење кое ќе Ве воодушеви со преубав вкус и мирис!

Состојки: 700 грама буковки, 400 милилитри доматен сос, 1 голем кромид, 1 морков, 1 чешне лук,1 пиперка, 4 компири со средна големина, Сол, Црна пипер, Магдонос, 3 лажици масло.

Подготовка
 
  • Like
Реакции: malo, Prashina and Lena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
Ајде девојќи, доста е еротика, пури, музика и рекла казала...сега домаќинки да бидете;)
Рецептов за бомбици е ПРЕКРАСЕН, може да се моделира по вкус, желби и можности а најБИТНО е што се убави и за деца(y)
Пасирате 2-3 банани
додавате 250 гр.прав шекер
потоа ставате 200 гр кокос
200 гр. мелени или ситно скршени бисквити(можете и со толчник или со шише да ги искршите)
По желба ставате мелени ореви или сецкано суво овошје, рум, цимет, ванила, овсени снегулки....А најбитно е што и немора да ставате ништо, доволна е само основната смеса во која можете и малку јабука да изрендате...правите бомбици или како ви е ќеиф ...ги валкате во што сакате .... за мали и за големи деца се многу вкусни:)
recept_3674.jpg
 
  • Like
Реакции: gabi96, corki and existence

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
741
613
103
Прекрасен колач, измучкај набрзина, тури во тавче и пак имаш време на форум да висиш;)
потребно: суви состојки мокри состојки:
-2 јајца
-1шоља млеко,1 шоља зејтин и 4 големи јабуки
-1шоља од 2оо гр.гриз
-1 шоља мелени ореви(може и на ренде да ги изрендате а ако немате немора ни да ставите)
-4 гол.лажици брашно
-1 шоља шеќер
-2-3 кесички ванилин шеќер
Се почнува со матање на јајцата, па се додава млекото, зејтинот, сувите состојки по ред како што се пишани и на крај јаболките кои можете да ги изрендате а може и во сецко да ги исецкате(се знае нели дека треба да бидт излупени и средината очистена).
Сето ова се истура во подмачкан среден плех, посипан о брашно и се пече на 200 степени околу пола саат(зависно од рерната), ќе проверите со чачкалица.
Глазура одозгора(немора ако немате чоколадо, може било што да попрскате или изрендате одозгора)-100 гр.чоколадо и три лажици зејтин се топат на пареа и се прелива колачот.
Пробајте и ќе видите дека е премногу вкусен:)Ете како можете за 8ми март да си ги изненадите своите партнерки;)мислам на машкиот пол:p
IMG_4086-696x522.jpg
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
308
187
43
:giggle(muscle) Нешто интересно што секое татко може да го зготви а да биде за децата послатко од секој оброк што мајката го прави.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Барав некои рецепти за хумус на англиски и буквално секаде се спомнуваат некои chickpeas, па имам прашање - дали се работи за наут или е нешто друго? @malo ако знаеш нешто околу хумус, некакви мали финти за правење, би ти бил многу благодарен. :)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Барав некои рецепти за хумус на англиски и буквално секаде се спомнуваат некои chickpeas, па имам прашање - дали се работи за наут или е нешто друго? @malo ако знаеш нешто околу хумус, некакви мали финти за правење, би ти бил многу благодарен. :)
наут сe chickpeas.
 
  • Like
Реакции: Saladin