Е да во право си, може и така. Ама види, сабајле не може да се денса дека поспан нели, затоа подобро е да си се вари а додека се вари ти да си дремеш на кауч.
А ако заспие човек?
Рецепт за скара
1 телешка/јунешка/говедска кременадла (изгор скапо
3-4 суви гранчиња рузмарин (нула денари, има живи огради со рузмарин, кога човек шета може да откине неколку и да ги остави да се исушат )
пола пакетче црн бибер во зрно (5 денари)
маслиново масло, симболична количина (може и сончогледово или дизел)
Кременадлата се става на плотна или на решетка на скара, се премачкува со масло, пред тоа се втиснуваат зрната бибер во месото. Коската може да се отстрани но и не мора, дава вкус. Под кременадлата се ставаат гранчињата рузмарин. Откако месото ќе потемни се чека уште минута и се врти. Значи се на се печењето трае можеби пет минути. Внатрешноста останува мека и крвава. По желба се става ВЕГЕТА Better than sex
Се јаде исклучиво сам, ако некој сака да проба му се упатува опак поглед.
Чаша црно вино не би било одвишно...
Нешто вака, само без сосот, за него гуглајте, снаоѓајте се.