Брзи и лесни рецепти

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Еве, денеска се спремам да бидам домаќинка, па да споделам со вас ...добро лажам, да се пофалам сакам само :D
Ок, ова го немам направено одамна, лесно е за правење, а многу е вкусно.

РИЖОТО СО СЛАНИНА

Потребни состојки:
- Ориз
- 150-200 гр. пушена сланина,
- 50 гр. путер,
- две коцки супа од зеленчук,
- сирење по желба,
- магдонос,
- сол, бибер и маслиново масло.

ПОДГОТОВКА:

Двете коцки супа се варат и се тргаат настрана. Во соодветен сад се става маслиново масло и путерот да се растопи и во нив се додава претходно исецканата сланина на коцки, ( кромид се става, ама пошто јас не го јадам го изоставам од сите рецепти). Откако малку ќе се пропржи сланината се става и оризот и се меша да се запржи заедно со сланината. Потоа постепено се додава супата, која мора да биде врела и наизменично се меша.
Откако оризот ќе се свари, и нема да биде течен секако, се додава сол ( малку зашто и супата е солена) и бибер, ситно исецкан магдонос ( ова секако не морате ако не ви прави мерак) и рендано сирење по желба. Се меша уште 3-4 мин. и се трга настрана од оган.

Со ова јас правам пилешки прсти, го знаете сите рецептот и сос со чили.
За сосот треба мајонез, малку павлака и чили зачин. Се мешаат сите состојки заедно и тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас највредна жена изгледа сум на форумов. Или најгладна :D
Ова го видов на Храна и Вино, ама не ги запамтив количините и си го направив како ми одговара. Иако можеби на прв поглед изгледа како да не е едноставен рецепт за подготовка, многу е лесно :)

ЌОФТИЊА ВО РЕРНА

Потребни состојки:
- 300 гр. мелено месо,
- 1 јајце,
- презла,
- неколку кисели крставички,
- 200 гр. шунка,
- печурки,
- 200 гр. кисела павлака,
- 200 гр. кашкавал,
- маслиново масло,
- вегета, црн бибер, мајчина душичка

Подготовка:
Од меленото месо, јајцето и презлата правите смеса за ќофтиња и ја зачинувате со вегета, црн бибер и малку мајчина душичка. Формирате ќофтиња, да не бидат мали само и тенки, ги ставате во намрсен плех во рерна да се печат, десетина минути на 180-200 степени.
Во меѓувреме, крставичките ги сецкате ситно, печурките, исто и шунката, им ја ставате павлаката и ги мешате да се соеднат во една убава, симбиозна смеса.
Ги вадите ќофтињата од рерна и им ставате по една лажица од смесата врз нив, а врз неа по едно парче од претходно исечениот кашкавал ( на подебели парчиња) и ги враќате во рерна уште некои 10-15 мин, да се допече месото.

Ова може да го сервирате со претходно сварен зеленчук.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Farfalla

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Пилешко во Кари
поедноставно неможе да биде
-потребно е пилешки стек(пилешки гради) сецкано на парчиња,се пржат додека не поруменат,
-се додадава солена хопла малку сол и кари

по желба можете да ставите и печурки и оригано
(може да се јаде и со сварен ориз измешано)
На крај се сервира и се јаде :gladen
g_pilesko_kari_sos.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and Rêveur

MakBoy

Нов член
17 август 2013
1
0
1
28
Јас да ви кажам еден рецепт кој е многу добар .
Тесто :
3 чаши - јогурт(250мл чаша)
3-чаши брашно (250мл чаша)
3-чаши шекер (250мл чаша)
3-Големи лажици какао
1-чаша зејтин (100мл чаша)
1-лажица сода бикарбона .
Подготовка:
Се става во не загреана релна а потоа релната се уклучува на 180*С се пече околу 40 мин додека тестото не се одвои од тепсијата (тепсија бр. 36) потоа се мачка со 400 гр крем а потоа се прелива со глазура .
Состојки за глазура :
6-големи лажици шекер
4-големи лажици млеко или вода
3-големи лажици зејтин
3-големи лажицикакао .
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Топли топчиња од компир полнети со кашкавал

Потребни состојки:
  • 700 г компир, варени
  • половина јајце
  • 30 г брашно
  • 125 г чедар кашкавал
  • 2 парчиња млад кромид, исечкани ситно
  • 60 г павлака
  • ½ лажиче сол
  • масло за готвење
Начин на подготовка:
1. Маслото ставете го во тава и убаво загрејте го.
2. Излупете ја лушпата од компирите и изрендајте ги на ренде.
3. Во компирите додадете ги останатите состојки и мешајте ги додека не добиете хомогена смеса.
4. Од смесата направете топчиња, наредете ги на плех за печење и оставете ги да се оладат во фрижидер, барем 10 минути. Откако ќе се оладат, пржете ги во маслото, додека не добијат кафена боја од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена крпа.
5. Послужете ги топли со малку павлака и младо кромидче како додаток.
5-topli-topchinja-od-kompir-poleti-so-kashkaval-www.kafepauza.mk_.jpg


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Mistery :)

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јуфки

Еден пакет јуфки (може и повеќе за поголема количина)
300-350 грама сирење
путер, зејтин и сол по потреба
и вода колку да се покријат јуфките, за еден пакет би дошло некаде околку 1-1.5 литри вода.

Во тава се става зејтин и путер по потреба и се ставаат јуфките. Се ставаат да се потпечат (на шпорет не во релна) т.е додека станат малку розеви. Кога ќе се потпечат се дроби сирењето. Во меѓувреме се топли водата со солта по потреба и кога ќе се потпечат јуфките и ќе се издроби сирењето со врела вода се поливаат додека не се покријат и малку повеќе. После тоа се оставаат да се варат (на шпоретот) и кога ќе бидат готови се тргаат на страна и се оставаат 5 до 10 минути да си ја впијат водата и после тоа се јадат. :) Многу се вкусни, многу дебелеат и брзо се прават. :) А заборавив да кажам додека се печат и после додека се варат цело време се мешаат пошто лесно загоруваат и не се прават на многу силен оган. :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Торта за 15 мин
Состав:

  • 1 пакување бисквити „petit beurre“
  • 24 чоколадни крем банани
  • 200 милилитри кисела павлака
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 200 грама шеќер во прав
  • Шлаг пена
Подготовка:

Во поголем сад со помош на миксер изматете ги киселата и слатката павлака и додадете го шеќерот во прав. Во смесата додајте ги искршените бисквити а потоа и крем бананите кои исто така се кршени. Измешајте со рака.

Смесата префрлете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг пена.

Доколку е потребно, можете веднаш да ја сервирате тортата, иако многу подобро е пред да ја сервирате, да ја оставите малку да се олади во фрижидерот.
hitportal.com_.mk-torta-so-banani.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Barbecue sauce.

Лут кечап (по можност од Подравка) и соја сос во сооднос отприлика 10-1 во корист на кечапот, по вкус може да се стави помалку или повеќе соја сос, двете состојки се мешаат дури не се добие темно кафеава боја...и тоа е тоа, поедноставно здравје. Одличен за помфрит и пилешко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and escape

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Еве едни лесни и брзи колачиња.
Една ипол шоља од млеко овесни снегулки(ги има во Кам маркет во жолто пакување=45 ден пола кг)
1 шоља суво грозје а може и брусница
половина путер
1 лажиче прашок за пециво
пола лажиче цимет
1 шоља брашно
1 јајце
1 шоља кафеав шеќер
прстохват сол
Се мати јајцето и шеќерот . Потоа се додавааат другите состојки и се меси со рака се додека путерот и останатото не се спои во тесто.
Се става во обичен фрижидер да одстои 15 минути. Потоа на хартија за печење се ставаат топчиња во големина на орев и да има место меѓу нив зашто се шират и да не се спојат. Се пече во загреана рерна на 180 степени 15 мин. Се вадат од рерна и се оставаат да се оладат , потоа се служат.
Добар апетит!
Не ставив слика зашто незнам како се става слика:).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky