Атеизам (генерална дискусија)

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
јас колку што знам само еден творец може да биде, значи само еден бог постои... најверојатно дека си во некоја заблуда, па не ти е јасно дека не постојат богови, туку само еден е бог ...
Кажи ми, тебе те има направено само еден, татко ти ? или татко ти, комшијата, чичко ти, таксистот ... малце по малце и те направиле?
- не мислам да навредам, туку пробувам да ти ја разјаснам сликата...
Невкусен ти е примерот.
Не, не постои еден бог, многу се. 4000 и кусур. Во кој ти ќе веруваш е твое право. Тебе многу работи не се јасни, еден сигурно не е.
Истото прашање и за тебе. Во кој тој еден бог од тие 4000+ веруваш ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога знаењето е недостапно, бесмислено е да завземаш страна, било едната, било другата. Верувањето не е знаење. Секој нека верува што сака, не значи дека е во право. Ставот “знам дека постои“ и ставот “знам дека не постои“ се потполно исти и бесмислени и подлежат на доказ. Смешно е некој да глуми знаење ако тоа и не може да го докаже. А кој е во право се прашуваш? Ни бог/овите не знаат. Друга веќе дискусија е што е тоа бог, постојат многу интерпретации.

Точно, јас не верувам дека тролаш, јас знам дека тролаш. Веројатно од досада...али ајде.
Нема интерпретација, сите регистрирани богови во светот си имаат јасно зададени карактеристики во соодветните `свети` текстови, а некои помали и поскромни божанственца си имаат усно предание како по Амазон and stuff...

Како е можно да се докаже ништо?

Нема потреба да се докажува `ништо`, мора да има `нешто` за тоа да подлежи на потреба од доказ.
Баналниот пример со `докажи дека не постои ентитетот жмгљ` или `докажи дека ентитетот жмгљ не е креатор на универзумот и моралните кодекси за влез во књхдјсхф` се добар пример. Прво е потребен доказ дека жмгљ постои а потоа и дека има некакви карактеристики кои може да се обзервираат, евидентираат.
Ако јас на пример тврдам дека постои жмгљ на мене е теретот на докажување.

Ништо не постои. Се е само илиузија.

Yep. Ваистину трол.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Невкусен ти е примерот.
Не, не постои еден бог, многу се. 4000 и кусур. Во кој ти ќе веруваш е твое право. Тебе многу работи не се јасни, еден сигурно не е.
Истото прашање и за тебе. Во кој тој еден бог од тие 4000+ веруваш ти.

Јас колку што разбрав, ти си атеист, така?- или касно се приклучувам на разговорот...
атеист што верува дека има 4000+ богови ...?
тогаш ти си мултиатеист или така нешто...

мене се што ми е потребно во животот, јасно ми е... немам никаква потреба да го докажувам спротивното
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Јас колку што разбрав, ти си атеист, така?- или касно се приклучувам на разговорот...
атеист што верува дека има 4000+ богови ...?
тогаш ти си мултиатеист или така нешто...

мене се што ми е потребно во животот, јасно ми е... немам никаква потреба да го докажувам спротивното
Па што се трудиш мене да ми докажеш? Со кое право ти ги негираш Хиндуистичките богови? Тоа те прави да си ти повеќе во право? Тешко богами.

Точно, јас не верувам дека тролаш, јас знам дека тролаш. Веројатно од досада...али ајде.
Нема интерпретација, сите регистрирани богови во светот си имаат јасно зададени карактеристики во соодветните `свети` текстови, а некои помали и поскромни божанственца си имаат усно предание како по Амазон and stuff...
Нешто не си запознат баш. Види побарај деизам, пантеизам, панентеизам....
 
Последна промена од модератор:

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Па што се трудиш мене да ми докажеш? Со кое право ти ги негираш Хиндуистичките богови? Тоа те прави да си ти повеќе во право? Тешко богами.

Каде виде дека пробувам нешто да ти докажам? - убаво ти напишав, пробувам да ти ја разјаснам матната слика, а не да ти докажам дали постои или не...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нешто не си запознат баш. Види побарај деизам, пантеизам, панентеизам....

Тоа се само уплашени атеисти кои не можеле да се одвикнат од идејата дека ама баш мора да постои креатор. Навика...

Вегетата постои. Слава на вегетата!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
тоа што ти подразбираш под Ништо.


Јас не очекувам. Одговорите и доказите што ми биле потребни мене сум си ги нашла. Какви-такви за мене доволни. Засега. Можеби утре нешто ќе ме натера да ги преиспитувам. За себе. Другите нека зборуваат на јазикот кој ги задоволува нивните потреби.
Ти бараш од мене доказ. Доказ за моите убедувања, ама таков кој ќе ги задоволи твоите очекувања. Ти кажав и погоре, ниту имам потреба ниту желба за да ти ги објаснувам и докажувам.
И цело време зборувам едно, а ти читаш друго.
Значи не се во прашање моите и твоите убедувања, туку дека е или „да“ или „не“. Има или нема. Постои или не постои. Две состојби, две позиции, две страни, од кои едната е точна. Да се двете погрешни не може.
Ова се и ништо ме асоцира на Тао.
За мене ништо е ништо.Нема некоја филозофија.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
1344382420593_8546200.png

И ова бонус:
tumblr_m00v93Id121r1kcz9.jpg


Абе... Туку ај не, ќе си поќутам.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Каде виде дека пробувам нешто да ти докажам? - убаво ти напишав, пробувам да ти ја разјаснам матната слика, а не да ти докажам дали постои или не...
Хаха, мене да ми објасниш матното? Излези ти прво од матното.
Тоа се само уплашени атеисти кои не можеле да се одвикнат од идејата дека ама баш мора да постои креатор. Навика...
Рече нема други аспекти? Рече. Но сепак имало. И уште и Спинозиниот бог па и други веројатно ќе се најдат.
А башка кај пантеизмот баш креатор..... хм би сакал да видам.
Што се однесува до креаторот, креатор постои, неговото височество Универзумот. Да живее универзумот кој троши Дафинка наместо Вегета.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
1344382420593_8546200.png

И ова бонус:
tumblr_m00v93Id121r1kcz9.jpg


Абе... Туку ај не, ќе си поќутам.

Тоа зависи од поединец, дали се `гордее` со атеизмот или досадува или w/e.
Ама реалноста е дека МПЦ и ИВЗ не плаќаат даноци, државата им даде земја со денационализацијата, се градат државно спонзорирани верски објекти и владици од МПЦ (Агатангел ако не се лажам беше називот на ликот) се појавуваат да соопштат дека пастирот бил пратен од Бога да `оствавува` во маќедонија, земјата библиска...имаат фирми, купуваат објекти...:) политичарите и олигарсите се донатори на изградба на верски објекти а истите се редовен учесници на најголемите верски празници...
Може пак госпо навистина ги сака :)