Атеизам (генерална дискусија)

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Тоа зависи од поединец, дали се `гордее` со атеизмот или досадува или w/e.
Ама реалноста е дека МПЦ и ИВЗ не плаќаат даноци, државата им даде земја со денационализацијата, се градат државно спонзорирани верски објекти и владици од МПЦ (Агатангел ако не се лажам беше називот на ликот) се појавуваат да соопштат дека пастирот бил пратен од Бога да `оствавува` во маќедонија, земјата библиска...имаат фирми, купуваат објекти...:) политичарите и олигарсите се донатори на изградба на верски објекти а истите се редовен учесници на најголемите верски празници...
Може пак госпо навистина ги сака :)

+ никогаш никој не ги проверува што прават (може комотно да си дилаат што сакаат), никогаш никој не ги прашува од каде им се парите за најскапи џипови, а богами и куќи имаат добри. Плус да не зборуваме дека вистинските следбеници на религиските заповеди треба да бидат во целибат, а кај нас се знае колку се почитува тоа, со присуство на 3-4 коњачиња на полица.
Скроз те разбирам што сакаш да ми кажеш.

Во глобала мене ми сметаат луѓе што си ја имаат напикано главата во задникот толку силно што упорно форсираат мислење на прашање за кое нема одговор. Сите се толку сигурни, а работава за која што се дискутира никој нема да излезе и да каже така е. Така да почитувам и христијани и атеисти кои рационално зборуваат, не се инаетат дека можеби некој друг е одговорот. Христијаните кои се крстат на Библијата а не го разбрале светиот псалм и атеистите кои всушност појма немаат што е атеизам (читај: неколку страни поназад) ми се смешни искрено.

Секој има право да си верува во што сака, as long as he/she is not a dick about it.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Хаха, мене да ми објасниш матното? Излези ти прво од матното.

Рече нема други аспекти? Рече. Но сепак имало. И уште и Спинозиниот бог па и други веројатно ќе се најдат.
А башка кај пантеизмот баш креатор..... хм би сакал да видам.
Што се однесува до креаторот, креатор постои, неговото височество Универзумот. Да живее универзумот кој троши Дафинка наместо Вегета.
а кој е креаторот на Универзумот?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
а кој е креаторот на Универзумот?
Има многу теории. Филозофски и научни.
Религијата повеќе ги покрива филозофските.
Научните за сега повеќе држат вода.
Но никој не е 100% точен.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Има многу теории. Филозофски и научни.
Религијата повеќе ги покрива филозофските.
Научните за сега повеќе држат вода.
Но никој не е 100% точен.
Абе сакав @Idiot да каже. :D
Оти малку ми е чудно некој да вели дека верува во ништо и дека сѐ е илузија и дека ниедно тврдење не е точно, а сепак на одредени прашања има поприлично дефинитивни и прецизни одговори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Абе сакав @Idiot да каже. :D
Оти малку ми е чудно некој да вели дека верува во ништо и дека сѐ е илузија и дека ниедно тврдење не е точно, а сепак на одредени прашања има поприлично дефинитивни и прецизни одговори.
Се` што е дефинитивно мора да има и научна основа - да се има направено нештото и докажано истото. Ти ако знаеш да направиш леб, треба да докажеш со тоа што ќе го направиш. Дури и тогаш треба да кажеш дека тоа што го правиш се вика леб. Пошто за некои, тоа ќе биде колач. Затоа математиката е единствениот јазик на вистината.
Ај забегав(ме) оф-топик, па ќе застанам тука. :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Невкусен ти е примерот.
Не, не постои еден бог, многу се. 4000 и кусур. Во кој ти ќе веруваш е твое право. Тебе многу работи не се јасни, еден сигурно не е.
Истото прашање и за тебе. Во кој тој еден бог од тие 4000+ веруваш ти.
Зарем е важно во кој Бог? Ако постои макар еден Бог, тогаш може да постојат уште безброј други.

Па што се трудиш мене да ми докажеш? Со кое право ти ги негираш Хиндуистичките богови? Тоа те прави да си ти повеќе во право? Тешко богами.
Ако не верувам дека постои Бог (еден или милион и еден) тогаш да, негирам дека постојат и Хиндуистички и секакви други богови. Имам право да го негирам нивното постоење. Она што немам право е да го негирам нивното право да веруваат.
Твое право е да веруваш во што сакаш. Мое право е да негирам дека постои тоа во кое ти веруваш. Има разлика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
а кој е креаторот на Универзумот?
А зошто мора да има креатор на универзумот?

Зарем е важно во кој Бог? Ако постои макар еден Бог, тогаш може да постојат уште безброј други.


Ако не верувам дека постои Бог (еден или милион и еден) тогаш да, негирам дека постојат и Хиндуистички и секакви други богови. Имам право да го негирам нивното постоење. Она што немам право е да го негирам нивното право да веруваат.
Твое право е да веруваш во што сакаш. Мое право е да негирам дека постои тоа во кое ти веруваш. Има разлика.
Да важно е кој бог. Да видиме кои богови ти ги негираш.
Нема такво нешто во кое јас верувам, така да нема што да негираш.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Idiot твоето мислење е за циклично движење на „постанокот“ или за линеарно?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Се` што е дефинитивно мора да има и научна основа - да се има направено нештото и докажано истото. Ти ако знаеш да направиш леб, треба да докажеш со тоа што ќе го направиш. Дури и тогаш треба да кажеш дека тоа што го правиш се вика леб. Пошто за некои, тоа ќе биде колач. Затоа математиката е единствениот јазик на вистината.
Ај забегав(ме) оф-топик, па ќе застанам тука. :D
да, но тоа е отприлика вака: мравките во мојот двор немаат појма ниту па помислуваат дека „на чекор“ од нив постои Пелистер.
За да докажат било што, за да постават било какво прашање, треба да барем нешто да знаат. За да почнат расправа за тоа дали постои или не постои Пелистер, барем една од мравките треба да помисли на таа можност. Ама како да помислиш на нешто за кое немаш појма?