Атеизам (генерална дискусија)

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Знаењето е недостапно? За кого? Како можеш да знаеш колку знаењето е (не)достапно? Ако ти не можеш да го стигнеш до него, не значи дека е недостапно. Значи само дека ти (јас, тој, таа..) не знаеш каде е патот кој до таму води. А некогаш можеда ти е и пред носот, а да не го есапиш зашто ти се чини бесмислен.
Бесмилено или не, едно од двете тврдења е точно.
Не е точно, Двете се погрешни. Ако знаењето тебе ти е достапно, бујрум повели изнеси го. Ако не можеш значи го немаш. Кој сакаш пат фати го до знаењето нема да стигнеш.
Бај д веј, кој бог ти го “осозна“? Один или Зевс или Ра.....???
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Прашање до @Idiot
Дали со тоа што си Атеист се чуствуваш дека е нешто кое упорно треба да го потенцираш и истакнуваш....нешто слично како некој што прочитал 1000 книги или на пример има 20 сандаци со пчели.
Прашањево е без заднина.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Прашање до @Idiot
Дали со тоа што си Атеист се чуствуваш дека е нешто кое упорно треба да го потенцираш и истакнуваш....нешто слично како некој што прочитал 1000 книги или на пример има 20 сандаци со пчели.
Не.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
again.... реков такво нешто.... каде?
Верувам во моите убедувања. Кои се, какви се и зошто се такви, не би ти образложувала. Моите верувања се моја лична работа. За да ти ги раскажам/објаснам/докажам би требало да ти го раскажам/објаснам/докажам мојот живот и моите најинтимни доживувања. А за такво нешто немам ни желба ни потреба.
А ти ако си расположен за докажување, тогаш бујрум, докажи дека постои тоа „ништо“ во кое ти веруваш.
Како е можно да се докаже ништо?
 
Последна промена:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не е точно, Двете се погрешни. Ако знаењето тебе ти е достапно, бујрум повели изнеси го. Ако не можеш значи го немаш. Кој сакаш пат фати го до знаењето нема да стигнеш.
Бај д веј, кој бог ти го “осозна“? Один или Зевс или Ра.....???
За да го изнесам и за да го прифатиш треба да зборувам на јазикот на кој ти зборуваш? Што ако тоа знаење може да се изнесе на друг јазик, кој јас го знам, а тебе не ти е познат? Ќе го прифатиш тоа што би ти го кажала како знаење или ќе ме прогласиш за ненормална?

Како е можно да се докаже ништо?
Сѐ е ништо. Што значи дека сѐ не е нешто.
Ако не можеш да докажеш дека сѐ е ништо, тогаш докажи дека сѐ не е нешто.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 4FUN

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
За да го изнесам и за да го прифатиш треба да зборувам на јазикот на кој ти зборуваш? Што ако тоа знаење може да се изнесе на друг јазик, кој јас го знам, а тебе не ти е познат? Ќе го прифатиш тоа што би ти го кажала како знаење или ќе ме прогласиш за ненормална?
А зошто тогаш очекуваш другите да зборуваат на твојот јазик. Ако е прифатливо за поверќемина веројатно ќе биде и за мене. Пробај.
И за кој бог зборуваме?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А што во случајов подразбираш под "Се"?
тоа што ти подразбираш под Ништо.

А зошто тогаш очекуваш другите да зборуваат на твојот јазик. Ако е прифатливо за поверќемина верокатно ќе биде и за мене. Пробај.
И за кој бог зборуваме?
Јас не очекувам. Одговорите и доказите што ми биле потребни мене сум си ги нашла. Какви-такви за мене доволни. Засега. Можеби утре нешто ќе ме натера да ги преиспитувам. За себе. Другите нека зборуваат на јазикот кој ги задоволува нивните потреби.
Ти бараш од мене доказ. Доказ за моите убедувања, ама таков кој ќе ги задоволи твоите очекувања. Ти кажав и погоре, ниту имам потреба ниту желба за да ти ги објаснувам и докажувам.
И цело време зборувам едно, а ти читаш друго.
Значи не се во прашање моите и твоите убедувања, туку дека е или „да“ или „не“. Има или нема. Постои или не постои. Две состојби, две позиции, две страни, од кои едната е точна. Да се двете погрешни не може.
 
Последна промена од модератор:

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Јас не очекувам. Одговорите и доказите што ми биле потребни мене сум си ги нашла. Какви-такви за мене доволни. Засега. Можеби утре нешто ќе ме натера да ги преиспитувам. За себе. Другите нека зборуваат на јазикот кој ги задоволува нивните потреби.
Ти бараш од мене доказ. Доказ за моите убедувања, ама таков кој ќе ги задоволи твоите очекувања. Ти кажав и погоре, ниту имам потреба ниту желба за да ти ги објаснувам и докажувам.
И цело време зборувам едно, а ти читаш друго.
Значи не се во прашање моите и твоите убедувања, туку дека е или „да“ или „не“. Има или нема. Постои или не постои. Две состојби, две позиции, две страни, од кои едната е точна. Да се двете погрешни не може.
Ќе биде државник од тебе. За кој бог правиме муабет? Толку е тешко прашањето?
Ти читаш друго, не јас. Реков “знам дека постои“ и “знам дека не постои“ се погрешни. Ако тој доказ ти е само тебе доволен, тоа и не е доказ.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Ќе биде државник од тебе. За кој бог правиме муабет? Толку е тешко прашањето?
Ти читаш друго, не јас. Реков “знам дека постои“ и “знам дека не постои“ се погрешни. Ако тој доказ ти е само тебе доволен, тоа и не е доказ.

јас колку што знам само еден творец може да биде, значи само еден бог постои... најверојатно дека си во некоја заблуда, па не ти е јасно дека не постојат богови, туку само еден е бог ...
Кажи ми, тебе те има направено само еден, татко ти ? или татко ти, комшијата, чичко ти, таксистот ... малце по малце и те направиле?
- не мислам да навредам, туку пробувам да ти ја разјаснам сликата...