Атеизам (генерална дискусија)

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
again.... реков такво нешто.... каде?
Верувам во моите убедувања. Кои се, какви се и зошто се такви, не би ти образложувала. Моите верувања се моја лична работа. За да ти ги раскажам/објаснам/докажам би требало да ти го раскажам/објаснам/докажам мојот живот и моите најинтимни доживувања. А за такво нешто немам ни желба ни потреба.
А ти ако си расположен за докажување, тогаш бујрум, докажи дека постои тоа „ништо“ во кое ти веруваш.
Ништо не постои. Се е само илиузија.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Idiot ти ми личиш повеќе на скептик отколку на атеист.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Скептицизмот и атеизмот одат заедно. Секој е повеќе или помалку скептик
Со една мала разлика - Атеистот е убеден дека не постојат божества/убеден дека не верува.
Скептикот се сомнева во се`.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Со една мала разлика - Атеистот е убеден дека не постојат божества/убеден дека не верува.
Скептикот се сомнева во се`.
Нема врска. Атеистот може да има и Самсунг мобилен а може и да нема. А може да е и автомеханичар или професор.

П.С. Ти не се сомневаш во ништо?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Моите догматично-атеистички сфаќања си ги оставам по страна и повеќе се осврнувам на филозофското прашање.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ништо не постои. Се е само илиузија.
Можеш да го докажеш тоа?
Факт е дека вистината е само една, еве конкретно за боговите - или постојат или не постојат. Едно е од двете, трето нема. Ти, јас и секој друг може да верува, да не верува, да се сомнева, да прифаќа, да одбива, да негира, да се двоуми, да бара.... а сепак, сето тоа не ја менува ниту влијае на вистината. Влијае само на личноста и неговите ставови, размислувања, убедувања.
Може да си теист, атеист, антитеист, скептик, циник, ваков, таков, каков сакаш, ама тоа повторно нема никакво влијание врз вистината таква каква е. Во сопствените размислувања и сфаќања почнуваш од една позиција, видување, на кое си се нашол заради една или друга причина. Може да останеш таму цел живот, а може и да се помрднеш, нешто да те натера да се помрднеш, да се посомневаш, да се запрашаш, да кажеш дека „не е доволно“ ниту валидно. И бараш. Се движиш од една точка до друга, од една позиција кон друга. Кога-тогаш ќе одлучиш која позиција според тебе е повеќе возможна, можеби дури и точна, правилна, вистинска. Шансите да погодиш ти се 50-50. Или постојат или не постојат. Некој е во право. Не може сите да грешат. Без разлика дали некој ќе успее да докаже и покаже која е вистината, со докази кои сите ќе ги прифатат за валидни, едната страна е во право. Едната позиција е точна. Сите тие називи за она што се наоѓа помеѓу ми се по малку смешни. Демек верувам ама и не верувам, знам, ама баш и не знам, може има може и нема, може постои, може и да не постои. Сѐ е можно и сѐ е невозможно. А сепак, она што Е - Е и ќе си остане без оглед на тоа колку ти и јас можеме да го објасниме и докажеме.
Секој за себе си ги премерува „фактите“ на свој начин и преку своето лично искуство. И кога-тогаш ќе застане на едната страна и ќе си каже - „да, постојат“ или „не, не постојат“. Ти застани лево, јас ќе застанам десно. Едниот од нас е во право. Кој?
Сомнеж, двоумење - тоа не е став, не е заземање на позиција, ниту пак е вистинската „вистина“. Просто е незавршено истражување.
На крајот одговорот кој се бара е „да“ или „не“. Потврдување или негирање. Нема помеѓу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and existence

Јас би додал само сомнеж, двоумење е само начин на конципирање на нештата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Кога знаењето е недостапно, бесмислено е да завземаш страна, било едната, било другата. Верувањето не е знаење. Секој нека верува што сака, не значи дека е во право. Ставот “знам дека постои“ и ставот “знам дека не постои“ се потполно исти и бесмислени и подлежат на доказ. Смешно е некој да глуми знаење ако тоа и не може да го докаже. А кој е во право се прашуваш? Ни бог/овите не знаат. Друга веќе дискусија е што е тоа бог, постојат многу интерпретации.
 
Знаењето е недостапно? За кого? Како можеш да знаеш колку знаењето е (не)достапно? Ако ти не можеш да го стигнеш до него, не значи дека е недостапно. Значи само дека ти (јас, тој, таа..) не знаеш каде е патот кој до таму води. А некогаш можеда ти е и пред носот, а да не го есапиш зашто ти се чини бесмислен.
Бесмилено или не, едно од двете тврдења е точно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN