Тоа зависи од поединец, дали се `гордее` со атеизмот или досадува или w/e.
Ама реалноста е дека МПЦ и ИВЗ не плаќаат даноци, државата им даде земја со денационализацијата, се градат државно спонзорирани верски објекти и владици од МПЦ (Агатангел ако не се лажам беше називот на ликот) се појавуваат да соопштат дека пастирот бил пратен од Бога да `оствавува` во маќедонија, земјата библиска...имаат фирми, купуваат објекти... политичарите и олигарсите се донатори на изградба на верски објекти а истите се редовен учесници на најголемите верски празници...
Може пак госпо навистина ги сака
+ никогаш никој не ги проверува што прават (може комотно да си дилаат што сакаат), никогаш никој не ги прашува од каде им се парите за најскапи џипови, а богами и куќи имаат добри. Плус да не зборуваме дека вистинските следбеници на религиските заповеди треба да бидат во целибат, а кај нас се знае колку се почитува тоа, со присуство на 3-4 коњачиња на полица.
Скроз те разбирам што сакаш да ми кажеш.
Во глобала мене ми сметаат луѓе што си ја имаат напикано главата во задникот толку силно што упорно форсираат мислење на прашање за кое нема одговор. Сите се толку сигурни, а работава за која што се дискутира никој нема да излезе и да каже така е. Така да почитувам и христијани и атеисти кои рационално зборуваат, не се инаетат дека можеби некој друг е одговорот. Христијаните кои се крстат на Библијата а не го разбрале светиот псалм и атеистите кои всушност појма немаат што е атеизам (читај: неколку страни поназад) ми се смешни искрено.
Секој има право да си верува во што сака, as long as he/she is not a dick about it.