http://m.mkd.mk/makedonija/politika/albanija-stavi-veto-na-priemot-na-makedonija-vo-nato
По Грција, и Албанија го користи правото на вето на барањето на Скопје за Македонија да стане членка на НАТО, објавија порталите Балканеу и Албеу, како и голем број албански сајтови.
Ова денеска го соопштил премиерот Еди Рама во Тирана. Ова е првпат Рама да зборува за „одмазда“ на албанската влада против соседна Македонија, велејќи дека Албанија нема намера да го прифати пристапувањето на земјава во НАТО ако Охридскиот договор не е целосно исполнет.
За време на неговиот говор на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, Рама се фокусирал на настаните во Куманово и зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.
Тој се осврнал на настаните во Куманово и кога го соопштил ветото на Албанија. „За жал, во Куманово, зборовите 'тероризам' и 'Албанец' беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово… Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор“, рекол Рама.
Рама рекол дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува на Македонија, „ги поддржуваме сите напори за барање излез од кризата, но од Самитот во Велс (во септември 2014) бараме и да се донесе одлука дека најважната работа е гаранција за спроведување на Охридскиот договор“.
„Албанија ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО откако соседната земја целосно ќе го спроведе Охридскиот договор“, додал премиерот.
Така, Албанија стана втора земја по Грција што става вето против Македонија во пристапувањето на НАТО.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година и има право на вето, како и секој друг член на оваа најголема воена организација во светот.