Албанија стави вето за влез на Македонија во НАТО

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
http://m.mkd.mk/makedonija/politika/albanija-stavi-veto-na-priemot-na-makedonija-vo-nato

По Грција, и Албанија го користи правото на вето на барањето на Скопје за Македонија да стане членка на НАТО, објавија порталите Балканеу и Албеу, како и голем број албански сајтови.

Ова денеска го соопштил премиерот Еди Рама во Тирана. Ова е првпат Рама да зборува за „одмазда“ на албанската влада против соседна Македонија, велејќи дека Албанија нема намера да го прифати пристапувањето на земјава во НАТО ако Охридскиот договор не е целосно исполнет.

За време на неговиот говор на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, Рама се фокусирал на настаните во Куманово и зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.

Тој се осврнал на настаните во Куманово и кога го соопштил ветото на Албанија. „За жал, во Куманово, зборовите 'тероризам' и 'Албанец' беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово… Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор“, рекол Рама.

Рама рекол дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува на Македонија, „ги поддржуваме сите напори за барање излез од кризата, но од Самитот во Велс (во септември 2014) бараме и да се донесе одлука дека најважната работа е гаранција за спроведување на Охридскиот договор“.

„Албанија ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО откако соседната земја целосно ќе го спроведе Охридскиот договор“, додал премиерот.

Така, Албанија стана втора земја по Грција што става вето против Македонија во пристапувањето на НАТО.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година и има право на вето, како и секој друг член на оваа најголема воена организација во светот.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
И јас ставам вето за влез во оние секти како нато и еу. Демек подобро ќе ни било? Гледам на словенија , грција и слични колку им е фино. На една шака држави е само убаво, тие диктираат што како , газди со најголем број акции на ЕУ што се. Шведска, би си билa јакa државa и без еу во тоа сум сигурна. Што и фали на Норвешка? Рај за живеење е.
Искрено кај и да е ќе почне да се излегува од гореспоменатите, и за излез ќе треба да се исполнат некои правила. Зош не секој може да биде самостојна држава од нив,им треба позадината на еу и нато. Без Меркел тешко дека знаа да функционираа.
Никогаш не сум ни била за еу. Не ми значи ветото нивно ништо. Фала на услуга во секој случај.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Моментот кога Албанија става вето за било што е доволно погубен показател колку е `значајна` РМ :D
Што е следно, вето од Сан Марино за влез некаде?
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Јасно е дека Албанија како најголема псевдо нација на континентално ниво е поврзана тесно со САД кои што се директно инволвирани во неодамнешниот ТЕРОРИСТИЧКИ напад во Куманово,со цел Албанија да се прикаже како добра вила во сета оваа ситуација.
Целата таа формација НАТО е сама по себе поим за создавање нереди,и Албанија како полноправен член на истата ја крепи тезата "се валнало тенџеренцето си го нашло капаченцето" и тоа баш тука на Балкан јбг.Со мојот коментар погоре не сакам да изразам револт заради тоа што нема да влеземе во НАТО,баш ни направиле услуга,туку Албанија со главен град чие име говори за самиот нивен менталитет,треба да се засрами да поставува било какви пречки на патот на нашата кутра држава,оти факт е дека нивни припадници тука имаат признато секакви права со Охридски и шо ти знам какви договори.Со што заслуживме бре!?Нас очајно ни треба Тито...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Штета. А само што не бевме влегле...:nah
Ова исто ко умрен коњ да го удриш уште еднаш за секој случај.

Али ми мириса дека дури мадре Фиромиња си игра курташак со основните човечки и демократски права, овие ќе си средат за рамковниот.
Жртви бе. Они ко зајци се изнакотија по спорното Диво Насеље. Дали и самите знаат колку деца имаат и дали воопшто им се пријавени.
Минуваш таму ко низ Блиски Исток - 6-7 годишни плукаат по народ и гаѓаат со камења од зад автомобили, поголемиве ш'цкаат со пропратен туш од тоа промајата меѓу заби, дури седат на пластичнине бели столови во „кафана“ т.е. нечиј двор што си го направиле кафана од која ечат мандољинен, а старине го блокирале тротоарот со дрвени коли на кои продаваат од ханзапласт, преку кокошки, па до плински боци и по некое радио.
Еден па носи празни документи за диплома на филолошки, и откако го испокараа, прашува „А може да потпуним латинично, не знам баш кирилица?“ :x

И после дотичниве веташи нашле да кажуваат што било неприфатливо.
А неписмен да го лупнат во администрација, прифатливо е. Мрш.