Абортус: за или против?

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Де вака ,нема потреба по опширно за ова ,реченицата е доволно јасна ,али сакаш детањи ти , па едноставно по мене некој кој го загрозува општеството односно кој уништува човечки животи , безчувствителна личност која носи зло , а таа треба да се искорени одма , оној кој има различни сваќања за сексот,а има многу итн тоа е по мое не дека ти и некој друг треба да се сложите ?!
Па ко разуме сватиче !
 
Последна промена:

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Имам еден проблем и после подолго време решив да го споделам со вас и да побарам совет.
Незнаев во која тема да го ставам но мислам дека овде највеке одговара.
На кратко ке ја објаснам ситуацијата во која се наоѓам.

Имам 18 год, имав долга врска од година и 3 месеци, и пред еден месец раскинавме. Имавме некои проблеми, најголем проблем е тоа што многу ретко излегувавме, имавме многу малку пријатели, тој беше многу љубоморен и ми беше забранил да се гледам со една другарка. Тоа не е се, ме имаше изневерено, јас му простив, но пред еден месец и јас го изневерив за да му вратам. Раскинавме поради сите тиа причини, тој ми се молеше но јас не се вратив. Ова е воведот сега следи главниот дел.

Пред 2-3 недели дознав дека сум бремена. Со сигурност, на гинеколог бев. Прво бев сигурна дека сакам да абортирам но сега не сум баш. Бившиот ми вели да се смириме, да се земеме, дека тој ме сака мене а и детето и дека тој ке се промени ке излегуваме, ке бидеме срекни итн.
Сега незнам што да правам дали да абортирам или да се омажам!?

Ова е од некој друг форум,а во случајов со девојкава би абортирала.Иако сум против абортусот,во овој случај би абортирала.
E ако е ова причина за абортус тогаш кај замина наталитетот кој ионака е скромен...
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
E ако е ова причина за абортус тогаш кај замина наталитетот кој ионака е скромен...

Сакаш да кажеш дека порастот на наталитетот треба да е нечија мотивација за да има дете?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А бρе што не κе пρочиташ. . Ц ц ц..
Со κаκва совест бρе одиш живот да фρлиш. . Зошто, си се е:cenzuraла, не си се чувала, убаво ти било не си мислела и κуκај! Има заштита бρе! Аκо не си спρемна пρотив сеκого да се боρиш за тебе и за тој ЖИВОТ и со тоа да се соочиш чувај се!
Мало суштество, човече за κое тρеба да живееш, да пρеρасне во човеκ налиκ тебе. Да се гоρдее со тебе .
Да го фρлиш, да му ја одземеш шансата за живот . .
Ниκогаш ова нема да го сватам!
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сакаш да кажеш дека порастот на наталитетот треба да е нечија мотивација за да има дете?
Не...сакав да кажам дека за да абортираш треба да имаш дебела причина, а не оти ти се скарал дечкото а ти во меѓувреме си останала бремена...
Дебала причина, болест, малформација, силување, инцест...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and corki

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Не...сакав да кажам дека за да абортираш треба да имаш дебела причина, а не оти ти се скарал дечкото а ти во меѓувреме си останала бремена...
Дебала причина, болест, малформација, силување, инцест...

Големата шанса да останеш самохрана мајка е дебела причина, а неспремноста да се биде родител е уште подебела!
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Сите знаат како се прават деца, ако не си спремна нема ни да почнуваш.

Ти се сексаш само за да направиш деца, или ради и задоволство? Ниедна заштита не е 100% сигурна, се случуваат грешки колку и да внимаваш.
Муабетов ми е од типот „ако не сакаш да те удри кола, не преминувај улица“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ти се сексаш само за да направиш деца, или ради и задоволство? Ниедна заштита не е 100% сигурна, се случуваат грешки колку и да внимаваш.
Муабетов ми е од типот „ако не сакаш да те удри кола, не преминувај улица“.
Не може да ги споредуваш моментот со самохрана мајка и оној со раѓање на дете со малформации...
Иако не е баш сјајна ситуацијата и кај првиот пример. Don't get me wrong, ако мајката уште од ран период дознае дека очекува, секако дека таквиот абортус го оправдувам, затоа што и на плодот не му се дава баш многу време да се доразвие во „здрав фетус“ па да се направат и додатни здравствени компликации (лаик сум малку и тропам тука).
Но има и такви самохрани мајки кои успеале во животот да сврзат крај со крај и без да абортираат. Се` зависи како самата мајка ќе гледа на тоа, а не како општеството ќе суди дали е забрането со закон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Не ги споредувам, само кажувам уште една добра причина плус. Далеку од тоа дека ги омаловажувам самохраните родители(факт е дека има прекрасни самохрани мајки и татковци), туку го спомнав поради претпоставка дека младата девојка не е спремна ниту да биде родител, ниту да биде самохрана мајка баш поради тоа што се двоуми дали да го има детето.
Неспремноста да се биде родител и те како треба да влијае во одлуката да се има дете!

За останатиот дел од постот апсолутно се согласувам. Абортусот како таков ми е кревка тема и тажна сум што понекогаш мора да се случува, но целосно го поддржувам правото на избор. Подобро да спречиш бременост(во рана фаза, секако), отколку да се роди некое невино детенце кое ќе страда поради нечија непромисленост и неспособност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Selene