Јас сум 19, тој 32, годините немале никакво значење
Јас не се согласувам со тоа, се започна преку социјалните мрежи, постепено зближување, телефонски разговор, исти вкусови на музика, всушност му ја отворив душата, тој ме прифати таква каква што сум, тоа беше еден вид тајна врска, постепено направи да го засакам, иако ги знаев околностите, иако знаев дека е атеист иако знаев дека е разведен и има дете, иако е 32 години. Но дојде ден се сретнавме, ме приближи до него, сакаше да бидеме блиски се обиде да ме бакне, и го направи тоа. Двапати се сретнавме, потоа ме покануваше да одам кај него дома, да бидеме сами, јас одбивав да одам, ме прашуваше чудни работи, кои никогаш не сум ги слушнала. Откако сфати дека не му успева планот да ме разубеди, почна да ме обвинува, почна да не ми пишува. Како времето поминуваше сфатив дека ми недостига, дека никој нема да ме сака како него. Моето семејство забележа дека пишувам со него, ми рекоа да внимавам, да не верувам во се и секој. Игнорирајќи ги нивните совети продолжив понатаму. Морав да бирам меѓу факултетот и него, семејството и него. Се чувствував изостаната од општеството, барав начин да побегнам од проблемите и станав жртва на интернет, всушност немам социјален живот. Изгледаше како да го лажам, подготвена бев да излажам и скришно да одам кај него, иако бевме од различни градови. Но секогаш нешто ме спречуваше, секогаш нешто лошо ми се случуваше кога помислував на него, Бројот му го избришав, но стои мемориран во моето срце, Тој ме блокира на фб затоа што му бев досадна и бројот исто така. но пак ме деблокираше бидејќи го замолив, пред 5 месеци беше нашиот последен разговор на телефон, тој ме замоли да одам кај него, пак ме доаде на фб го прифатив и побара да се сликам гола, рече ако ме сакаш ќе го направиш тоа, Од една страна велеше дека ме сака, сум убава, паметна, чиста душа. Но тој не ме сакаше мене тој сакаше нешто друго од мене, можете да го претпоставите ова. Поминаа 5 месеци се уште е блокиран, се заколнав дека нема да му пишам, ама и јас бев досадна - признавам, на ден по 10 пати сакав да разговараме, а тој беше на работа и така тој почна да ме игнорира. На почетокот почнав да го молам да ме мрази за да не го сакам. Сега многу нешта се променија. Таа невиност во моите очи се претвори во перверзност, тој ја разбуди перверзноста во мене. Многу нешта не би си простила и многу разгвори исто така. Постојано се сеќавам на нашите два заеднички моменти, на 10% интимност, а тој сакаше 100% интимност. Сето тоа го сметав за грев, дури и бакнување, допирање, но сега не гледам нешто лошо во тоа. Дури и ми недостасува сето тоа. Јас само сакам да го избришам минатото со кое заспивам секоја ноќ а лудо ми недостасува. Сега јас сум се уште 19, а тој е 33, тој не ме заборавил ниту јас него. ја има лајкнато мојата фб страна на која јас сум и администартор, ме има додадено на мојот неофицијален профил на кој има мои слики, но се уште немам одговорено на понудата. Тој ми беше прв и последен, но не знам и јас самата што ми беше тој, две средби, полни со емоции но и крај на сето тоа. Никогаш повеќе не би ја направила истата грешка, Иако ме бркаат постари, јас не прифаќам. Тој не ме побара, работата му беше поважна а мене факултетот, му ја отворив душата а тој плукаше по мене, дури и ме навреди дека сум била изостана. Истиот момент на нашиот последен разговор, сфатив нема смисла да продолжи сето тоа. му реков не те замарам повеќе чао. Се заколнав дека нема да се јавувам на него, нема да му пишам, нема да му досадувам, следниот ден доживеав радост, мојат апрва 9ка во индекс, Господ ми го просветли умот. Правев и други грешки но онлајн, никогаш во живо после тоа. Денес имам повеќе работи од мината година, но сум понесреќна, Јас само сакав некој да ме сака. Искрено се каам бидејќи го запознав. не го мразам туку ми се гади помислата дека таков тип, зрел маж, скоро манијак, кој лајкнува голотии. ме бакнуваше, се каам што му ја отворив душата, но парче од него е во мене, неговата енергија, неговиот допир, кој после него никој не запознав. И сега мислам дека сите мажи се исти сакаат забава, секс, мување за еднаш. Сега сум еден обичен јутубер, ко пееше на караоке парти, хеви метал, хард рок. И сфатив мојата цел беше да станам рок ѕвезда, се повредив себеси, бев осамена и се уште сум, плачам во себе. сега сум во поткултурата Готичари, всушност ова е последно нешто што почнав да го слушам а не сакав да го слушам, Се тече се се менува, не сакам старата река да ме однесе на старите спомени затоа што ќе попуштам. само сакам да заборавам. тоа е се но упорно се сеќавам, се ме навраќа на него иако не е добра личност