@Matilda ... вака сеа, што и да направиш ќе е погрешно од 2 причини.
Првата причина е:
Ете ти си искрена и се' му кажуваш на дечко ти, кога ти ѕвонел и пишал бившиот ... и сето тоа е ОК што си отворена и искрена, и не криеш.
Ама тогаш он станува љубоморен кога ти се' му кажуваш и пренесуваш, и нешто него го копка, и затоа сака увек да ти чепка у телефон, за да провери да не има + уште нешто што не си му кажала ти, зашто знае дека комуницираш сеуште со бившиот.
Воедно тоа е и негова многу лоша особина, што не почитува приватност, и чепка по туѓи телефони ... ова вака мене некој нонстоп да ми проверува и чепка у мој телефон, и да не ми почитува приватност, па нема ни 2 секунди да трпам.
Прво ќе го седнам на отворен разговор и ќе му кажам дека тоа не е воопшто ОК што ми го проверува телефонот - значи тоа е прв жут картон.
Втор пат ако пак го начекам како ми чепка у телефонот, одма добива втор жут = црвен картон, и ставам крај веднаш ... зашто не сакам да бидам у врска со некој кој што нема доверба во мене и нонстоп ме контролира и проверува.
Втората причина е:
За да не се нервира и да не е љубомори он, и за да си немаш проблеми, можеш да криеш дека се слушаш со бившиот.
Немора он да знае за секој твој потег, и нема ни да дознае ако не му кажеш ти ... ќе си ги бришеш одма позивите и пораките, и телефонот ќе ти е чист, и нема да дознае дека сеуште комуницираш со бившиот, и автоматски ќе немаш проблеми со сегашниот.
Али тоа воедно би било и твоја многу лоша постапка, затоа што ќе го лажеш и ќе криеш од дечко ти дека сеуште комуницираш со бившиот, и автоматски тогаш ќе го правиш будала, затоа што зад грб тајно ќе се слушаш со бившиот.
Тоа е најлошо нешто у врската, кога се нема доверба и отворена комуникација, и кога зад грб се прават некои ствари.
Значи мој совет е овој:
Прекини и пресечи секаква комуникација со бившиот, избриши му број / Вибер / ФБ / Скајп и сл. ... сосема е ОК да се комуницира со бивш што бил фер и коректен со тебе, и пред се бил човек кон тебе, и фер и коректно сте се разделиле ... тоа јас го правам у моментов, се дружам и си комуницирам со бившиот.
Ама твојот бивш, нели те навредувал и лошо се понашал со тебе?
Што мајка бараш со таков човек да комуницираш сеуште?
Сте раскинале и готово крај ... бивш е бивш и крај на муабетот - минато свршено време.
Со твојата комуникација со бившиот, само си ја упропастуваш сегашнава врска, и му даваш повод на сегашниов за љубоморни реакции и да ти чепка у телефон (пак ќе кажам, не е ОК ни тоа од негова страна што ти чепка у твој телефон) ... али вака ако продужиш да комуницираш со бившиот, а на овој сегашниов да му кажуваш дека сеуште комуницираш со бившиот - спреми се за крај на врската, бидејќи тоа ќе се деси, ќе ги изгуби нервите дечко ти, и ќе пукне врската.
Затоа просто и едноставно - прекини секаква комуникација со бившиот, а со сегашниот седни на отворен муабет, и објасни му ја ситуацијата, и пробај повторно да ја повратиш неговата доверба, и кажи му веќе да не ти чепка во телефонот.
А ако и потоа, он сеуште продолжи да ти чепка у телефонот, и после отворениот разговор, и сеуште ти ја проверува твојата приватност ... тогаш ќе му раскинеш, зашто увек он во тебе ќе се сомнева, и ќе те контролира и проверува, а таков човек кој што нема доверба во тебе и те контролира постојано - таков не ти треба, и тоа е тоа