Љубовни проблеми

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Рипање од една врска во друга е најлошиот начин да се замачка недолечена рана.
Најточно нешто кажано до сега ... тоа и јас сакав да го пишам, на почетокот од постот мој на претходната страна, али се распишував и заборавив на крај и ова да го спомнам, а токму истово сакав да го напишам :)
Рипање од една врска во нова ... без да се остави период на разбистрување на мозокот, е многу лош потег.

Не. Нормално е да имаш еден поздрав и обичен муабет со човек што ти бил дел од животот. Ќе налетате еден на друг, ќе се испоштувате и толку. Чести пораки, телефонски разговори, излегувања „другарски, на кафе“ - тоа е веќе надеж дека ќе се смирите, скриена под маска на „другарство“.
Не можеш да делиш само кафе со човек со кој си ја делел душата во постела и од кој може уште ти се тресат колената. Крај.
Е само со овој дел од постот не се согласувам јас - сепак тоа е мој личен став и мое лично искуство, кај другите можеби е поинаку.
Да образложам зашто не се согласувам:
Кога со некој си била у врска, а си немала јаки емоции за личноста, и не си била заљубена у него, и воглавном од таа причина сте раскинале, али сте раскинале сосема фер и коректно и сте останале во одлични односи ... тогаш во таа ситуација е сосема нормално и во ред да си комуницираш, и да се дружиш и искачаш на кафиња со таа личност :)
Значи кога и двајцата взаемно немале емоции еден за друг, и затоа од таа причина сте се разделиле, но сепак секогаш сте биле фер и коректни еден со друг, и пред се сте биле луѓе еден кон друг, и никад у животот сте се немале ни скарано, а камо ли навреди и такви ствари, тогаш се продужува дружбата и комуникацијата со таа личност како многу добар другар.

Ете ова погоре мене ми се деси, и затоа без никаков проблем си комуницирам и се дружам со бившиот, нема никаква взаемна емоција (безразлика што ми е бивш) и се гледаме сега како многу добри другари, затоа што премногу работи имаме споделено и знаеме речиси се' еден за друг, и сега имаме многу цврста поврзаност и отворено и цврсто пријателство, зашто пред се' е премногу ОК личност, и секад сме биле фер и коректни еден кон друг, и дружбата ни е одлична, и делиме едно исто одредено друштво што ни е заедничко, а настрана што си ги знаеме нашите посебни друштва што ни се, и јас се дружам со неговото друштво, и он со моето друштво ... плус си имаме и едно заедничко друштво што ни е, и сега само се дружиме и одлично ни е :)

А имаме правено и муабет, и точно дефинирано на што сме.
Сега сме само другари, и јасно и отворено му кажав дека јас никогаш не давам втора шанса, зашто кога лепиш нешто што се скршило - секогаш ќе се познава лузната од местото кај што се скршило.
Така да за мене бивш е бивш - апсолутно минато, и никад нема втора шанса, ова е мојот принцип и правило, што никогаш до сега не сум го прекршила, и досега никад не сум згрешила што си се држам до моите принципи.
И затоа бидејќи фер и коректно се разделивме, затоа продолживме со комуникацијата и дружбата како многу добри другари сега :)
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Секој што рекол дека е лесно да се стави крај на врска каде буквално душите ви се совпаѓале, со позадина на пријателска врска, живее вечно во негирање на своето постоење.
Демек возможно е да останеш пријател ако ферски сте раскинале, тоа се веќе приказни за мали деца. Секоја една индивидуа која делела кревет, душа и спомени со друга индивидуа, прво мноооогу ретко се случува да се разиде на мирен начин, а кога е веќе тоа така (пошо нели избледнеле чувствата), шансите да се биде и остане пријател се множат со нула. Пошто иако чувствата у моментот ви исчезнале, не значи дека исчезнале за навек, јер - некогаш сте биде „едно тело и еден дух“ па особено ако ради таквата поврзаност сте егзистирале и по 3-4 години. Никој на светот не може да ме убеди во ова, и секој кој се разишол или не бил доволно близок со личноста, или врската му била премногу кратка за да доволно се запознаат.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За да сакам да бидам со сегашниот треба да го дозволи тоа а не тој сам да ме оттргнува со неговите постапки бидејќи мене до сега никој не се обидел да ми забранува и наредува што треба да правам... Не обрнувам внимание си мислам ќе се смени почеток е се немаме добро запознато ама ова е претераноо ..да неможеш слободно да го извадиш телефонот на маса, да појдиш на цигара за да не проверува на телефонот. Сепак приватност ... другарки , роднини , пријатели неможе така да прави...не дека кизнеј што јас кријам само ми смета таа негова глупава навика. Едноставно се прави како да нема култура па проверува во приватни работи. И покрај сите овие работи нормално ќе помислиш на бившиот оти знаеш дека не ти правел така , па помислуваш зошто сегашниот да го прави тоа ко се останато е во ред.

Најарно е сегашниот да ти раскине дури е време, ако не ради естетика онда заради иднината во која, ако поседи со тебе - ќе му се сроза мислењето за жените и траумите ќе ги јаде некоја ни крива ни должна...
Нема ништо полошо од жени кои како да заглавиле во средновековието, каде разбирањето и подршката се интерпретираат како папучарство и слабост, а насилието и преварата како симболи за `праф маш`.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Е само со овој дел од постот не се согласувам јас - сепак тоа е мој личен став и мое лично искуство, кај другите можеби е поинаку.
Да образложам зашто не се согласувам:........
Затоа е и сумирано во фамозната реченица: If two past lovers can remain friends, it's either they are still in love, or never were.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Matilda and Beauty&Beast

Riste123

Нов член
30 септември 2015
1
0
1
31
ПОМОШ

Пред десетина дена се смував со симпатијата,наредниот ден повторно.Потоа не се видовме 2-3 дена и ја викнав да правиме муабет што ќе правиме понатаму...таа ми кажа дека сака никој да не знае и да продолжиме да се гледаме(не сака озбилна врска).Кога сме у друштво се прави исто како да не ме познава,ако ја прашаш нешто одговара и толку ни трае муабетот(а за нас знаат сите што сме присутни).Два дена по ред и ѕвонам,и пишувам да се видеме и таа секогаш има нешто работа во моментот и вика дека ќе ме бара подоцна, а не ме бара....

Ако може мислење за тоа зошто ме одбегнува, а кога правевме муабет ми кажа дека сака да се гледаме ? :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како побогу некој ќе знае зошто те одбегнувала, а ти рекла дека сака да се гледате? Веројатно оти не сака да се гледате. Или е тоа или нема време за тебе оти дома има тајна лабораторија во која развива оружје за масовно уништување па не сака некој да ја открие.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
ПОМОШ

Пред десетина дена се смував со симпатијата,наредниот ден повторно.Потоа не се видовме 2-3 дена и ја викнав да правиме муабет што ќе правиме понатаму...таа ми кажа дека сака никој да не знае и да продолжиме да се гледаме(не сака озбилна врска).Кога сме у друштво се прави исто како да не ме познава,ако ја прашаш нешто одговара и толку ни трае муабетот(а за нас знаат сите што сме присутни).Два дена по ред и ѕвонам,и пишувам да се видеме и таа секогаш има нешто работа во моментот и вика дека ќе ме бара подоцна, а не ме бара....

Ако може мислење за тоа зошто ме одбегнува, а кога правевме муабет ми кажа дека сака да се гледаме ? :)
Најверојатно и е жал директно да ти каже, па затоа те одбегнува. Кога се смувала со тебе сигурно не очекувала дека толку ке навалиш, а можеби и ти претеруваш, ако ти кажала дека не сака врска, тогаш почитувај го тоа и не се однесувај со нејзе како да сте во врска. Дури и во сериозна врска е досадно некој постојано да те бара на телефон, а камо ли вака. Остај и простор да дише, можеби не е заљубена во тебе, може само и се допаѓаш. Ако продолжиш да бидеш нападен ке го изгубиш и тоа мување што го имаш со нејзе.
 
Kejti

Нов член
17 октомври 2015
3
0
1
30
Здраво!
Јас сум нова на форумот и доаѓам со се проблем и мака.
Би сакала да дознаам повеќе мислења како едно машко вистински ја сака неговата девојка т.е по кои постапки и на кој начин.
Јас сум во врска 1 година и 2 месеци и плус 1 година што комунициравме. Јас до сега ниту еднаш не сум навредена од негова страна,почитувана сум,разберена,ислушана и тогаш кога сум претерувала,има целосна доверба во мене,запознаена сум и со неговата фамилија.Не се караме ниту со навреди критикуваме,само смирен разговор се решава проблемот и продолжуваме напред.
Имам дилема поголем период дали тој ме сака бидејќи е малку поладен тип за искажување љубов.Јас живеам во друга држава веќе 2 месеци.Проблемот е тоа што има периоди кога сум многу среќна но и такви кога мислам дека тој е заљубен во неговата бивша т.е девојка што само се гледал на тајни места или не знам како да ги наречам,со која потоа се раздели кога таа го изневери со негов прв братучед.Тој оди на факултет а и бившата му е во истиот град и признавам многу сум љубоморна. Од кога живеам тука некако ми е топло-ладно и многу ми е тешко заради тоа. Многу пати го прашувам да нема проблем но тој упорно тврди дека нема ништо од негова страна,ми дава совети и дека тоа ми се случува бидејќи сега немам никакви обврски и мислам на се и сешто.А во мене продолжува да го има тоа големо чувство како да е подруг,поладен спрема мене во последните 3 недели и страв ми е да не бидам повредена . Ве замолувам за совет од ваша страна и однапред благодарам многу. Поздрав
 
Сосема нормално е што се сомневаш во вашата врска, особено ако го познаваш него подолго време како и неговата целосна историја. Проблемот е во тоа што вашата врска е на далечина, и тука немаш многу голем простор на влијание, освен ако знаеш добро да одиграш - кога сте заедно, да го напраиш да се осеќа као да имал a time of his life за да утредента ти рече благодарам. За дискусија, ете читам се работи за разбран човек... но памти го ова - секој човек има своја граница на толеранција, така да константниот притисок може многу негативно да се одрази во одреден момент - дури со пукање на врската и зборовите „леле не ми се верува дека толку си се сменил за еден ден“. Апсолутно никој не е тука да го слуша константното зановетање и истиот муабет за тоа каде ви се наоѓа врската. Тоа значи, ако не одговорил, не значи дека не чул. Фала богу, слуша и те како. Гледај поинаку - со неговото поставување отпосле. Конкретно за вашиот проблем и не знам богзнае што, која релација ја има тој со бившата, но ако има зацртано да и` се врати, ќе направи секаков можен чекор да се врати кај неа. Особено кога малку кај вас работите стојат полабаво.
Не сакам да звучам малку песимистички, но освен тоа што можеш да му докажеш коа ќе се видите, друкчие и не постои. А ако му докажеш како што тој бара, тогаш тој нема да има причина да и` се враќа на бившата, туку ќе остане со тебе. Освен ако е ѓубре и сака да седи на две столици. А тоа ќе дознаеш уште кога ќе му го напраиш ќефот следниот пат. Ако после тоа изиграва ладно - турај му пепел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Kejti