Најточно нешто кажано до сега ... тоа и јас сакав да го пишам, на почетокот од постот мој на претходната страна, али се распишував и заборавив на крај и ова да го спомнам, а токму истово сакав да го напишамРипање од една врска во друга е најлошиот начин да се замачка недолечена рана.
Рипање од една врска во нова ... без да се остави период на разбистрување на мозокот, е многу лош потег.
Е само со овој дел од постот не се согласувам јас - сепак тоа е мој личен став и мое лично искуство, кај другите можеби е поинаку.Не. Нормално е да имаш еден поздрав и обичен муабет со човек што ти бил дел од животот. Ќе налетате еден на друг, ќе се испоштувате и толку. Чести пораки, телефонски разговори, излегувања „другарски, на кафе“ - тоа е веќе надеж дека ќе се смирите, скриена под маска на „другарство“.
Не можеш да делиш само кафе со човек со кој си ја делел душата во постела и од кој може уште ти се тресат колената. Крај.
Да образложам зашто не се согласувам:
Кога со некој си била у врска, а си немала јаки емоции за личноста, и не си била заљубена у него, и воглавном од таа причина сте раскинале, али сте раскинале сосема фер и коректно и сте останале во одлични односи ... тогаш во таа ситуација е сосема нормално и во ред да си комуницираш, и да се дружиш и искачаш на кафиња со таа личност
Значи кога и двајцата взаемно немале емоции еден за друг, и затоа од таа причина сте се разделиле, но сепак секогаш сте биле фер и коректни еден со друг, и пред се сте биле луѓе еден кон друг, и никад у животот сте се немале ни скарано, а камо ли навреди и такви ствари, тогаш се продужува дружбата и комуникацијата со таа личност како многу добар другар.
Ете ова погоре мене ми се деси, и затоа без никаков проблем си комуницирам и се дружам со бившиот, нема никаква взаемна емоција (безразлика што ми е бивш) и се гледаме сега како многу добри другари, затоа што премногу работи имаме споделено и знаеме речиси се' еден за друг, и сега имаме многу цврста поврзаност и отворено и цврсто пријателство, зашто пред се' е премногу ОК личност, и секад сме биле фер и коректни еден кон друг, и дружбата ни е одлична, и делиме едно исто одредено друштво што ни е заедничко, а настрана што си ги знаеме нашите посебни друштва што ни се, и јас се дружам со неговото друштво, и он со моето друштво ... плус си имаме и едно заедничко друштво што ни е, и сега само се дружиме и одлично ни е
А имаме правено и муабет, и точно дефинирано на што сме.
Сега сме само другари, и јасно и отворено му кажав дека јас никогаш не давам втора шанса, зашто кога лепиш нешто што се скршило - секогаш ќе се познава лузната од местото кај што се скршило.
Така да за мене бивш е бивш - апсолутно минато, и никад нема втора шанса, ова е мојот принцип и правило, што никогаш до сега не сум го прекршила, и досега никад не сум згрешила што си се држам до моите принципи.
И затоа бидејќи фер и коректно се разделивме, затоа продолживме со комуникацијата и дружбата како многу добри другари сега
Последна промена: