Љубовни проблеми

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Не прифаќам болна љубомора без причина. Но некогаш постои причина за љубомора - невозвратена љубов, недоверба, сомнеж. Затоа ти реков запрашај се, можеби му даваш причини да биде љубоморен. Ако не е така комотно раскини. Болнољубоморни личности животот ќе ти го направат пекол.
 

Matilda

Нов член
24 септември 2015
9
4
3
31
Пред да стапиме во врска бевме другари и тој ја знаеше целосно ситуацијата како стои со бившиот. Кога дојде до тоа тој самиот ми рече дека јас сум спремен на тоа и знам дека сеуште ќе ти ѕвони бидејќи сте биле долго време заедно и нормално е да те побара, но јас сакам да бидеме заедно и ако ми дозволиш сакам да бидам тој што ќе ти помогни да го заборавиш. А јас го информирам него за секој повик од бившиот и според тоа јас не го правам будала оти не го кријам тоа од него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Не знам колку е безвезе човек да е љубоморен кога приметуваш дека девојка ти комуницира со бившиот, а тебе те прави будала. Just sayin.
Зошто сметаш дека девојка ти ако комуницира со бившиот автоматски те прави будала, може образложение? :)

Според мене, ако со бившиот/та се раскинало на фер и коректен начин ... нема потреба да го закопаш тој човек.
Не е ОК да си во врска и постојано нонстоп да комуницираш и да се гледаш со бившиот/та ... али да се чуете по некад, да се видите да испиете по едно кафе, за мене тоа е сосема ОК и нормално, ако сте се разделиле фер и коректно.
Еве јас на пример никад не сум правела проблеми или љубомора од тој аспект ... зашто за мене бивш е бивш - минато свршено време ... и затоа никад не сум правела проблеми за бившите на дечко ми (сега ми е бивш :D) али нема везе, поентата ми е што еве јас никад не правам проблеми доколку дечко ми комуницира со бившите.

Мојот бивш кога ми беше дечко тогаш, си комуницираше со бившите негови на ФБ постојано, се гледаше понекад со нив, дури и на роденден и отиде кај бившата :)
Муабетот буквално беше ... он ми вика ејјј у петок и е роденден на Х (името на бившата негова), ме покани на роденден ... и јас само му реков ОК оди, убаво да си поминеш :)

Така е и сега ситуацијата со бившиот мој, ептем фер и коректно се разделивме, и сме си сега у постојана комуникација, и никој нема да дозволам мене да ми се меша и да ми каже јас да прекинам комуникација со бившиот мој, затоа што пред се' сега ми е многу добар другар.
Тоа му доаѓа исто како дечкото да и забрани на девојката да се дружи и комуницира со нејзиниот многу добар другар.

Ако се има доверба и отвореност во врската, тогаш нема потреба од правење на драми и изливи на љубомора за сосема нормални ствари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Matilda

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не дека автоматски те прави, туку пази сеа: она иде со некој момак, му кажувала кога ѝ ѕвонел бившиот и сето тоа, момаков нема против тоа ништо ама госпожата уствари уште не си раскрстила со бившиот и збори дека секој муабет со него ја навраќа на таа врска и посакува да се врати. Веројатно овој сегашниот не е толку труп па приметил некоја чудна реакција и станува љубоморен поради тоа.

Муабетот е дека не е баш толку едноставно ко што го правите демек ако е љубоморен одма е тапа фаца, глуп човек и што ти знам уште што не прочитав.
 

Matilda

Нов член
24 септември 2015
9
4
3
31
Како што нагласив и претходно ЈАС РАСКРСТИВ со бившиот , но мислам дека за толку кратко период ни од моја па ни од негова страна неможат да бидат целосно избледени сите чувства а уште помалце сеќавања...спомени и сите тие работи. И сегашниот не потенцирав дека конкретно е љубоморен на бившиот, кратко кажано е љубоморен за секоја ситница . А кажав претходно и дека тој сам ја знаеше цела ситуација и ми кажа дека очекувал и бил спремен дека ќе ми ѕвони, но тој бил сигурен во тоа дека сака да биди со мене и да ми помогни да го заборавам.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Си помислила ли дека можеби е љубоморен затоа што сака да те задржи, а чувствува дека му бегаш? Седни со него и разговарајте. Кажи му дека не сакаш да ти чачка по мобилен или да има љубоморни испади. Ако не ти е убаво со него поарно кажи му и раскини наместо за џабе да губите време и нерви.
И не си раскрстила со бившиот. Да си раскрстила немало ни да помислиш дали сакаш да му се вратиш.
 

Matilda

Нов член
24 септември 2015
9
4
3
31
За да сакам да бидам со сегашниот треба да го дозволи тоа а не тој сам да ме оттргнува со неговите постапки бидејќи мене до сега никој не се обидел да ми забранува и наредува што треба да правам... Не обрнувам внимание си мислам ќе се смени почеток е се немаме добро запознато ама ова е претераноо ..да неможеш слободно да го извадиш телефонот на маса, да појдиш на цигара за да не проверува на телефонот. Сепак приватност ... другарки , роднини , пријатели неможе така да прави...не дека кизнеј што јас кријам само ми смета таа негова глупава навика. Едноставно се прави како да нема култура па проверува во приватни работи. И покрај сите овие работи нормално ќе помислиш на бившиот оти знаеш дека не ти правел така , па помислуваш зошто сегашниот да го прави тоа ко се останато е во ред.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Пред да стапиме во врска бевме другари и тој ја знаеше целосно ситуацијата како стои со бившиот. Кога дојде до тоа тој самиот ми рече дека јас сум спремен на тоа и знам дека сеуште ќе ти ѕвони бидејќи сте биле долго време заедно и нормално е да те побара, но јас сакам да бидеме заедно и ако ми дозволиш сакам да бидам тој што ќе ти помогни да го заборавиш. А јас го информирам него за секој повик од бившиот и според тоа јас не го правам будала оти не го кријам тоа од него.
Ти како намерно од животот да си правиш шпанско-турско-индијска серија. Тебе всушност ти се допаѓа сета драма околу тебе додека добиваш внимание, а потоа се жалиш. Ти не го сакаш бившиот. Како можеш да сакаш некој кој толку многу ти згрешил? Ај да простиш неверство до некаде и разбирам, ама навреди, ограничувања и сето тоа... не девојко, ти го сакаш само вниманието што го добиваш и затоа им даваш значење на неговите повици и затоа одма му се фалиш на сегашниот дека бившиот те барал... Од друга страна убаво ти е што овој трча како кутре по тебе и те слуша додека плачеш за бившиот и те плаши фактот дека понекогаш и он сака да воспостави контрола над врската.
Не е проблемот во никој од нив, проблемот е што ти не знаеш да се почитуваш.
И зошто си во врска со некој кој не го сакаш? Го разбирам и тоа, ама зошто толкава отвореност спрема некој кој не го сакаш? Зошто не сте останале само пријатели?
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
@Matilda ... вака сеа, што и да направиш ќе е погрешно од 2 причини.

Првата причина е:
Ете ти си искрена и се' му кажуваш на дечко ти, кога ти ѕвонел и пишал бившиот ... и сето тоа е ОК што си отворена и искрена, и не криеш.
Ама тогаш он станува љубоморен кога ти се' му кажуваш и пренесуваш, и нешто него го копка, и затоа сака увек да ти чепка у телефон, за да провери да не има + уште нешто што не си му кажала ти, зашто знае дека комуницираш сеуште со бившиот.
Воедно тоа е и негова многу лоша особина, што не почитува приватност, и чепка по туѓи телефони ... ова вака мене некој нонстоп да ми проверува и чепка у мој телефон, и да не ми почитува приватност, па нема ни 2 секунди да трпам.
Прво ќе го седнам на отворен разговор и ќе му кажам дека тоа не е воопшто ОК што ми го проверува телефонот - значи тоа е прв жут картон.
Втор пат ако пак го начекам како ми чепка у телефонот, одма добива втор жут = црвен картон, и ставам крај веднаш ... зашто не сакам да бидам у врска со некој кој што нема доверба во мене и нонстоп ме контролира и проверува.

Втората причина е:
За да не се нервира и да не е љубомори он, и за да си немаш проблеми, можеш да криеш дека се слушаш со бившиот.
Немора он да знае за секој твој потег, и нема ни да дознае ако не му кажеш ти ... ќе си ги бришеш одма позивите и пораките, и телефонот ќе ти е чист, и нема да дознае дека сеуште комуницираш со бившиот, и автоматски ќе немаш проблеми со сегашниот.
Али тоа воедно би било и твоја многу лоша постапка, затоа што ќе го лажеш и ќе криеш од дечко ти дека сеуште комуницираш со бившиот, и автоматски тогаш ќе го правиш будала, затоа што зад грб тајно ќе се слушаш со бившиот.
Тоа е најлошо нешто у врската, кога се нема доверба и отворена комуникација, и кога зад грб се прават некои ствари.

Значи мој совет е овој:
Прекини и пресечи секаква комуникација со бившиот, избриши му број / Вибер / ФБ / Скајп и сл. ... сосема е ОК да се комуницира со бивш што бил фер и коректен со тебе, и пред се бил човек кон тебе, и фер и коректно сте се разделиле ... тоа јас го правам у моментов, се дружам и си комуницирам со бившиот.

Ама твојот бивш, нели те навредувал и лошо се понашал со тебе?
Што мајка бараш со таков човек да комуницираш сеуште?
Сте раскинале и готово крај ... бивш е бивш и крај на муабетот - минато свршено време.
Со твојата комуникација со бившиот, само си ја упропастуваш сегашнава врска, и му даваш повод на сегашниов за љубоморни реакции и да ти чепка у телефон (пак ќе кажам, не е ОК ни тоа од негова страна што ти чепка у твој телефон) ... али вака ако продужиш да комуницираш со бившиот, а на овој сегашниов да му кажуваш дека сеуште комуницираш со бившиот - спреми се за крај на врската, бидејќи тоа ќе се деси, ќе ги изгуби нервите дечко ти, и ќе пукне врската.

Затоа просто и едноставно - прекини секаква комуникација со бившиот, а со сегашниот седни на отворен муабет, и објасни му ја ситуацијата, и пробај повторно да ја повратиш неговата доверба, и кажи му веќе да не ти чепка во телефонот.
А ако и потоа, он сеуште продолжи да ти чепка у телефонот, и после отворениот разговор, и сеуште ти ја проверува твојата приватност ... тогаш ќе му раскинеш, зашто увек он во тебе ќе се сомнева, и ќе те контролира и проверува, а таков човек кој што нема доверба во тебе и те контролира постојано - таков не ти треба, и тоа е тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Matilda

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Фасцинантно е како сме спремни за проблемите да се отвориме пред тотални странци, ама не и пред оние што треба.
@Matilda, ова што искрено го изнапиша да му го кажеш нему, сигурно ќе решите проблем...на еден начин или друг.
Вака сигурно заземаш дефанзивен став и само подгревате тензија.

Рипање од една врска во друга е најлошиот начин да се замачка недолечена рана.
Не. Нормално е да имаш еден поздрав и обичен муабет со човек што ти бил дел од животот. Ќе налетате еден на друг, ќе се испоштувате и толку. Чести пораки, телефонски разговори, излегувања „другарски, на кафе“ - тоа е веќе надеж дека ќе се смирите, скриена под маска на „другарство“.
Не можеш да делиш само кафе со човек со кој си ја делел душата во постела и од кој може уште ти се тресат колената. Крај.
И да, сакале или не, ако веќе му значиш нешто, љубомората кај новиот партнер е речиси неизбежна. Никој не сака да се чувствува ко втора шупелка и пропратна опција на дланка. Може некогаш да се направиме наудрени за да не испаѓаме предраматични и посесивни, но сигурна сум дека речиси сите сме го имале моментот кога сме препознале дека партнерот некого гледал со малку поразлични очи од останатите другар(к)и/бивши/познаници.
И тоа знае да удри, сакале или не.
Може не е за оправдување колку се опседнува со проверување по твоите работи, но не си ни ти, па донекаде и го разбирам ако не сака на крај да испадне будала што влетала ко замена дури да се решиш што сакаш.
Престани да ги споредуваш. Престани да се прашуваш што би било кога би било.
Ослободи се и од двајцата. Едниот игра на карта на очај дури да најде нова занимација за плескање, другиот ти е па тебе занимација дури се бориш со емоциите. Прекини контакти, излечи се внатрешно, разбистри мозок, па најди трет што овие ќе ги знае само ко имиња од твоето минато.