Тенкју вери мач. доста ми помагаш.@malozauvek се согласувам дека можеби љубовта испарила или подобра алтернатива - завладеала монотоност.
Доколку има монотоност обиди се да воведиш нешто ново во врската.
Комуникацијата, барем према мене е една од клучните работи за успешна врска. Мислам дека треба да зборувате за тоа и да му кажиш дека ти смета тоа што немате доволно комуникација. Прашувај го како поминал на работа, дали сака да одите на викенд некаде или на скијање и планинарење. Седни и заедно планирајте некој иден настан или едноставно правете нешто што досега не сте го правеле. Обиди се да доведиш разговорот на денот кога сте се запознале, на денот кога сте официјализирале. Тие работи многу знаат да спојат во врска.
Кога некој партнер е нервозен и притоа не сака да зборува за тоа со другиот партнер, многу често лошо се одразува на врската. Биди отворена за тоа што те мачи кон него и не мисли на резултатот од тој разговор. Доколку мислиш на се тогаш можи многу работи да ти се слизнат од раката без да осетиш и нели ти тоа не го сакаш.
Кога отидов на пауза со бившиот, еден мој многу близок другар ми даде зборови на мудроста „Паузата е само пролонгирање на крајот“. Накратко можеби и нема да се вратите повторно заедно, можеби тој во таа пауза ќе најди и некоја друга и ти потоа повеќе ќе тагуваш. Сепак паузата и можи да ти помогни ако тебе моментално ти е неиздржливо со него. Во врска треба да се биди среќен, а ти не си. Нема смисла да продолжиш понатаму.
Причина за крај не треба да биди било какво малтретирање било психички, физичко или ограничување. Самото тоа што си ти несреќна, не чувстуваш љубов и барам совет за твојата врска кажува дека сепак таа врска не е среќна и успешна.
Накратко, ти имаш две опции: да разговараш со него за твојот проблем, да му го објасниш и да поработите да се реши проблемот или да бараш раскинување или ете, евентуално, пауза.
Со среќа
Види сеа вака, не еднаш.. 10000 пати сум пробала да разговарам. Да решам, да раскинам или да продолжам .. нож до коска доаѓал и пак џабе. Не е за нас крај изгледа.. спречува или воопшто не сака да разговара а кога дојде до ова второво ја . Пука кавга..
Сношти решив дефинитивно да ставам крај (знаете во каква состојба бев) и фала Богу осети тој и ај излеговме. . И ко да ги барав.. другарите негови седнаа и ништо: . Си се начукав фино лепо убо си ме испрати дома.. и сабајле, неочекувано..
Замислете кога ќе ми завршеле сите испити ми предложи само ја и тој на пикник да ојме бе.. ни треба вика одмор малку..
Ја гледам да сум помека, лутина не знам да кријам одма покажувам, а пред да ми се јави.. му пуштив компилација од нашите пжилени песни.. што сме ги подзаборавиле ..
Одамна толку долго не сме разговарале наутро..
Изгледа од сега треба поќе да се лутам...
Ама и тоа не е тоа. . Што, нему треба да му текнува да е добар само ко ќе се лутам?? Поубо ич така