Љубовни проблеми

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
А да пробаш пак да го оставиш ама да не ти биде жал малку тешко ќе ти биде но ќе се навикнеш и можеби ќе си најдеш некој што ќе му веруваш пошто со дрога работа да си имаш не е мала работа. Ако не кажи му заедно да отидете и да се испита доколку веќе не користи ќе се согласи, а ако одбива ондак уште зема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Donna

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Можеби многу си го замарам мозокот со "неговите" глупости, но кога веќе ми е дечко 4 години, па можеби и не се само негови глупости. Вака сега да си го кажам она што ми лежи на срце. Како што кажав имам дечко, 4 години сме заедно, happy in love, но имаме еден проблем со кој се мачиме повеќе време. Кога почнавме со врската тој беше буцко-срцко(дебелко сакам да кажам), а сега е исушен, а единствена причина(според мене) е што користи дрога, односно марихуана. Е сега имавме многу расправии во врска со таа тема "марихуаната" и тој вети дека ќе ја откаже. Порано ми кажуваше кога пушеше, а јас збеснував како животно и сега или прекина со користење или прекина да ми кажува. Но уште едно нешто што ме мачи е тоа што има користено и кокаин, неколку пати, според тоа што тој го кажува. Проблемот е што јас сум од тие таквите што не можат да поднесат дроги, такви ми ти глупости. И сега тој ми вети дека ќе прекине со се, но јас не му верувам некако си мислам дека уште ги користи. Пробав неколку пати да го оставам, но тој молеше, плачеше, се направи за да бидам со него и ајде ме фати жал и ништо од тоа. Сега можеби оваа нема да ви изгледа како кој знае каков проблем, но мене тоа не ми излегува од глава и не знам како да дознаам дали уште користи и не можам да му верувам.

Сама си го имаш дадено одговорот на твојот проблем. Тебе ти има признато дека пуши марихуана, има користено и кокаин - а кога видел како си збеснала, сметај може да има користено уште нешто, но не ти кажува.
Реално, марихуаната е проблем, можеби за некого не, но еве конкретно тебе ти е. И ти не можеш да го прифатиш тоа. Ова само ќе се трупа, тебе ќе ти смета, ќе те нервира се до моментот кога ќе се изгубиш себеси во врската, кога секој ден ќе ти биде нервоза, кога секој ден ќе се јадеш зошто ништо нема да можеш да смениш.
Разговор му е лекот, кажи му дека вие сте заедно 4 години и дека нема да пуштиш толку лесно врската да ви се расипе, кажи му дека пред се тој ти значи и дека доколку сеуште има проблем со дрогата, ти ќе бидеш покрај него и ќе го пребродите тоа заедно. Доколку успееш да го убедиш дека дрогата е проблем и доколку покаже желба за откажување од тоа биди покрај него и помогни му. Има луѓе кои се откажале, посебно од марихуана.

Од друга страна ако те лаже (а лесно се докажува тоа, урина тест, специфичниот мирис, ширина на зеници кога сте заедно, некои покажуваат параноја), тогаш проблемот е многу потежок. Тој ако не сака да се смени, ако не му е битно тоа дека тебе ти смета, ти кажав, тоа само ќе се трупа, ќе ти смета, нема да ти биде убаво (впроочем и сега не ти е убаво) и ќе бидеш во врска во која не си среќна. Сама пресуди дали сакаш да бидеш во таква врска.

Секој заслужува втора шанса, ама доколку некој упорно не сака да ја прифати, не оди со главата во ѕид. Гледам 19 години имаш, ќе се заљубиш пак, не си престарена. Подобро е да прекинеш нешто дури си во врска, зошто понатаму ќе биде се потешко и потешко. За старт, разговор во 4 очи, со сите карти извадени на маса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Donna and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во принцип на избор, имаш лесен проблем. Или продолжуваш со ваков каков што е, или раскин. Пошто да бидеме реални, веќе имаш пробано да прекине нешто што навистина би можело да ве загрози и двајцата. Не иде. Ти никогаш нема да го смениш него. Шансите да продолжи по истиот пат се да не речам стопроцентни. У принцип ретко се дешава кога љубовта би замешала прсти и би го сменила човекот. А тоа најмногу пали во почетоците на запознавањето. Вие веќе одите 4 години. Да не спомнам колку предтоа се знаете, и самата може да видиш. Значи имаш само два избора. Или евентуално 3.
1. Да го прифатиш ваков каков што е. Сценариото воглавном ќе тече вака: ти ќе останеш со него, но нема да бидеш среќна, затоа што тебе дрогата ти создава огромна бариера. Ќе се зацапаш на еден ист човек кому животот ако ништо ново не превзема посекако стрмоглаво ќе му оди надоле. Let`s face it... во место каде работите не се пробуваат одново, доаѓа до монотонија. Монотонијата ќе биде таа што него ќе го уништи - земајќи дрога. Пошто да те сака, ќе најде начин да прекине.
2. Да го откачиш. Тешка алтернатива, посебно кога го сакаш и знаеш дека си нанесува болка. Но еве вака запрашај се. Каде се гледаш сама после година дена? а после 5? Дали би сакала константно да се влечеш како слепо црево за некој кому животот не му е баш како што треба? Пред се` да напоменам дека мразиш дрога, дека се грижиш и ти самата да бидеш во здрава форма, не па за дечкото. Така да, ова ќе биде себичен чекор, но со истиот имаш една и единствена добивка - се спасуваш самата ти.
2.1 - уцена. Пошто не идат работите со мило, ова ти е еден вид на ВПШ - ваша последна шанса. Во таа уцена треба да си категорична кон ултиматумот и голем процен на разум да вложиш. Тоа значи мораш да го уцениш за да успеете, барем во првиве најтешки мигови кога ќе го фаќаат кризи. Ако постапуваш меко, ќе ја користи секоја шанса да скршне и да те злоупотреби. Во овој ултиматум не значи целосно да го оддалечиш од себе. Искористи се самата ти како награда за неговата апстиненција. Тоа значи често изненадувај го со пријатни мигови за да му го одвлечеш вниманието од дрогата. Но направи договор за одење на медицински преглед еднаш во 2 недели на почеток а после на месец дена и види што како ќе иде.

Сево ова што ти го пишав е во случај ако зима често, а како што викаш ти, не ја исклучувај опцијата дека има нешто повеќе од Марихуана.
Среќно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Donna and Selene

Donna

Нов член
24 јануари 2014
6
5
3
30

Знаеш некако постојано самата се убедувам дека се ќе се промени. Понекогаш си мислам дека тоа е само во мојата глава затоа што станав на некој начин опседната со таа дрогата и затоа мислам дека на секое негово излегување од дома, тој оди да се дрогира, но не значи дека е така. Проблемот е и во тоа што јас сум во Скопје, а тој е во друг град, па не се гледаме по 2-3 недели. Е сега од оваа што го напиша ти мислам дека ќе се одлучам за последното. Навистина пробав повеќе пати да го оставам, но стварно ми е жал. Ќе пробам да го уценам, ќе му кажам за испитувања па ќе видам како ќе реагира и на крајот ќе донесам одлука. Фала ти многу.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Последна замерка во случај да се одлучиш нешто слично на 2.1 - не му кажувај целосно со премисата „ако-тогаш“. Почни со „или-или“. Или ќе идеме на тест, или катанец. Предтоа разговарај за неговиот проблем со дрогата, не твојот. И на крај кога ќе поминат тестовите, под никој услов да не му кажеш дека следува награда. Изненади го во моменти кога му е навистина потребна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Donna

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Навистина пробав повеќе пати да го оставам, но стварно ми е жал.

И никако не останувај со некого во врска само заради жал. Верувај, тоа е нешто најлошо. Кога една врска не е базирана на љубов, туку на жалење, не го бидува. Можам на долго и широко зошто е тоа така, но тоа не е темата. Запрашај се ти колку го сакаш и дали вреди таа љубов за ти да останеш покрај него и да се бориш заедно со него.

Но, внимавај. Има луѓе кои намерно плачат и молат кога некој сака да ги остави, мислејќи дека баш така, со сожалување ќе ја спасат врската. Некои се прават намерно жртви. Не си дозволувај некој да ти ја злоупотреби добрината.

Ако го сакаш, помогни му. Ако гледаш дека тој плаче бидејќи сака помош, биди тука за него. Но доколку некој не плаче искрени солзи и ги користи за манипулација, бегај понастрана од таков човек. Некој не сака да се промени, плаче само за да не го изгуби партнерот, односно глуми жртва. Не наседнувај на тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Donna and Хоуп*

Таква личност сум јас, не сакам да ги повредувам другите. Во право си дека можеби тој ја користи мојата добрина. Можеби се навикнал со солзи да ме добива и си мисли дека секогаш ќе е така. Но проблемот е што не е само од жал, има и љубов ама можеби не доволна.. не знам. Сега разговаравме и му кажав дека сакам да одиме на испитување и се согласи па сега ќе видиме што ќе биде. Фала ти многу. :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Donna
Сеа те читам пак убаво. Ако бил буцкаст и ослабел, од марихуана тоа не е. Друга работа, ако знаеш дека те лажел и дека ти признал за кокаин дека пробал биди сигурна дека уште којзнае колку пати земал без да ти каже. Ако не можеш да пристапиш до урина, тогаш грабни го и кажи му дека го носиш на тест. Ако ти говори за доверба и слични глупости кажи му нека ти докаже.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Таква личност сум јас, не сакам да ги повредувам другите. Во право си дека можеби тој ја користи мојата добрина. Можеби се навикнал со солзи да ме добива и си мисли дека секогаш ќе е така. Но проблемот е што не е само од жал, има и љубов ама можеби не доволна.. не знам. Сега разговаравме и му кажав дека сакам да одиме на испитување и се согласи па сега ќе видиме што ќе биде. Фала ти многу. :*

Твој дечко је у паклу дроге!:D

Главна ствар е дали неговото користење марихуана има било какво влијание врз неговиот однос кон тебе. Дали те лаже, вара, малтретира и слично. Ако неговото користење марихуана нема никакво негативно влијание врз тебе и вашиот однос - не гледам потреба од паника. Ако ставот ти е од морално-просветителски побуди или хистерија ради неинформираност...поарно раскини му, не го мачи човекот ...
Зарем не е подобро да е слаб него дебел? Ако стварно се грижиш за него ќе го знаеш тоа, дебелината носи трилион поголеми ризици за здравје во споредба со марихуаната.
Има и можност да станува збор за популарна женска дисциплина на обид за `менување` на партнерот, негово моделирање по рандом калап кој стои во рандом женска глава. Zanikade beshe, dzanaciste, ja go napraif covek`.

И никако не останувај со некого во врска само заради жал. Верувај, тоа е нешто најлошо. Кога една врска не е базирана на љубов, туку на жалење, не го бидува. Можам на долго и широко зошто е тоа така, но тоа не е темата. Запрашај се ти колку го сакаш и дали вреди таа љубов за ти да останеш покрај него и да се бориш заедно со него.

Но, внимавај. Има луѓе кои намерно плачат и молат кога некој сака да ги остави, мислејќи дека баш така, со сожалување ќе ја спасат врската. Некои се прават намерно жртви. Не си дозволувај некој да ти ја злоупотреби добрината.

Ако го сакаш, помогни му. Ако гледаш дека тој плаче бидејќи сака помош, биди тука за него. Но доколку некој не плаче искрени солзи и ги користи за манипулација, бегај понастрана од таков човек. Некој не сака да се промени, плаче само за да не го изгуби партнерот, односно глуми жртва. Не наседнувај на тоа.

Reefer madness classics.
Бреј, откога пушењето марихуана е причина за сожалување, па уште да му помогнела. А ако нема никаков проблем настрана од популарниот став ot marikuana otkazue dziger glavata keti otpadne nekoj den koa setas не му треба ни помош.

Ве читам го осудивте чоекот небаре е лик од треинспотинг...:kafe

п.с. parvati шо викаш за ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Бреј, откога пушењето марихуана е причина за сожалување, па уште да му помогнела.
А не, ние сме сите тука фини, убаво воспитани, не пиеме, не пушиме, а дрога со очи не сме виделе.
Ама ќе се промени тоа кога ќе излеземе од затвор :zelen

Шала на страна, ептен се согласувам со тебе за цел пост.
Јас не гледам проблем да имаш дечко што пуши трева, баш нема да биде монотоно, ќе откривате нови работи и ќе решавате за настанокот на светот :D
И зошто такви упорни обиди за контролирање, а после жалби дека се има проблеми во врска?
Да одел на испитување или крај... Јас да сум крај и палам еден џоинт :D
Ете, не ме бидува за советување... : (