Ти се предаде цела,
Завиткана во партали што ги продаваш како свила,
Во блажена тишина вдахна здив на тело мртво,
И се поклони пред надеж, да биде што никогаш не била,
Топлејќи ти дланки бледи , преправена жртво.
Те воздигна од пепел,
Ти издлаби име од топла крв, ете љубов те крсти
Раскопчана , со вресок кован во ад, го довикa за да те спаси
Она што како пакосник дише, во кругот створен од твоите прсти.
А, ти, климна за јасна цел, гревот неприсутен во пост да го кваси.
Бездушникот е мрачен, или аловост го крие под пазува мудро,
Боите се претопуваат,
пелини како нектар поминуваат,
Само јасни перцепции наметнати со привиденија, допустливо заминуваат.
Егзодус и мрак, колективна параноја
Запиши го во своето портфолио како поганост ти милува,
Таа го преточи во вонземско битување, на трон од верба го круниса,
А празните раце не ги ни погледна , спремајќи дар од душата за предавник да и се смилува.
Зборореден џелату, предвеснику удавен од потоп на иронија,
Занесен е твојот танц над лешови, но мелодиите веќе одѕвонија,
Остана крикот извајан од кошмарна болка од Јуда принесена,
Да биде потписник на цената за твојата ситна душа продадена, со одлука твоја донесена.
А, таа ќе одбере спокој, цветови и вселенска полифонија,
Да ги прегрнува и измива од своите зеници чисти, што не стигнаа до глодари
Твојот лик и владение веќе ги спакува заедно со коските што се изронија,
Со насмевка последна ги овековечи на нивниот закоп што сама си го подари .
Со чекори кои не красат глаткост, од паганост ќе се скрие,
Оплакана од вселенски праведник, со милост лице ќе мие,
А, има љубов...
има жар и закрило што за нејна радост се чувани ,
со свето четиво , босилек мирисен милувани,
Да подигне прсти на дофат се, ама нека , и со почек бива,
Сепак празна и нема тажи во тој ќош за некогаш
кога и со болка, сал од тебе да е, беше жива.