Љубовна поезија

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
вери ориџинал сонг

оу бејби бејби
јор мејкин ми крејзи
донт вона сију крај
ајм гона дај
ју ар мај дестини
ајм нот вот ај јус ту би
донт стоп тачинг ми
опен јор харт енд мери ми
ајм гона холд ју ин мај армс
енд ви шел си д старс

ау да...лав ми форева
ви гона би тугеда...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Estelle, Peace and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Мотокултиватор

Сончевиот маглив ден наликуваше на ноќ.
Таа можеби беше тој а не беше исклучена можноста дека е тоа.
Некои тврдеа дека не постои,
а некои дека вчера поскапел бензинот.
Ивица ја сретна Марица во лифтот.
Дождот непрестано паѓаше во пустината Гоби.
На мониторот се појавуваа неразбирливи знаци.
Чекорење пред портите на општината.
Ветрот ноншалантно носеше опашка од стаорец низ улицата.
Северна Ирска загуби од Кипар со два разлика.
Чоколадите не се повеќе по сто грама туку по осумдесет, за исти пари.
Реки се слеваат од вагината во езерце по кое пловат белгијанци.
Трауматичен тек на настаните во некоја вукојебина, некаде.
Оргазмични крици. Прегорена ламба во бирото за вработување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Peace and Estelle

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Само црното вино ги заматува очите,
кои во тебе го гледаа најубавиот оган на мојата душа,
но ти не знаеше,
и се уште не знаеш,
иако небото е исто,
сега сме само двајца странци,
кои го одгледуваат семето на љубовта,
секој на свој начин,
сето тоа само така ми прелета во мислите,
подлабоки од длабочината,
потемни од очите на ноќта,
се прашувам,
од каде извираш во мојата крв,
од очиве ли што со темна ткаенина,
параат две души,
две тишини што убавина од земјата создаваат,
мила моја,
јас сум жедно стебло кое венее,
а ти цвет кој го разденува утрото,
без чекање,
без копнеж,
и што ми значи сето тоа после толку умирања во кои живеев доволно,
сосема доволно бакнувајќи ја твојата душа,
без скриени тајни иако беа отровни,
безмилосни,
од кои сρцето запиρа и пρодолжува со твоето,
пркосејќи му на вρемето гледајќи и на смρтта во сечивото,
ти му беше повеќе од тие што го заговараа со страст и го давеа во лошо вино,
а тоа опиено со твоето што очиве ги заматува,
проклети нека се,
довека спокој да не прогледаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Сакам да ти кажам,
со љубов чиста ги натопи усниве,
κои ги баκна збогувајќи се засеκогаш од нас,
колκу помалκу те чувствувам,
толκу повеќе те шепотам низ збоρови,
а тие κρијат бесκρај од тебе,
во пепелта создаден,
и не даваат ледената жар,
што низ мене пустоши,
да протече низ твоите вени,
до срцето твое,
но залудно,
бог одамна ти вдахнал живот,
сокриен во туѓ бескрај,
но не и за мојот,
имам толку многу да ти кажам,
за товарот на моето срце,
што само ти можеш да го понесеш,
во наκовалната на твојата душа да го пρетвоρиш во наросена тишина,
но и таа не ветува дека ќе те љубам вечно,
како што крвта не останува врела кога ќе падне на снегот,
дел си од мојата душа за навеκ,
но само дел,
нецел,
кој понекогаш,
ќе ја разбуди душава κоја те отсонува.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Дојди,
за да заминеш повторно,
да со себе во мене инспирираш,
твориш среќа,
не заборави,
донеси ми го како подарок оној миг последен,
што од водопадите на твоите прамени се слева,
пред да се допрат усните,
натопи ја распукната земја,
што умира низ прстиве,
гледајќи го скришно,
дождот во твоите очи,
нечуен,
од безвремени ноти запишан,
со трнливи чувства,
раце подади ми,
извади ја запалката од твојот џеб,
чкрапни и донеси светлина,
да наслика две сенки врз студените ѕидови во кои сум заборавен,
посебно таа што недостига,
секој пат е поубава,
кога јас доаѓам до тебе,
без да знаеш,
а твоето тело е исполнето со радост,
онака без да те прашам,
те дишам,
кога сум најосамен,
ме чувствуаш ли,
кога не те чувствувам,
не презирај ме,
сето ова ќе го премолчев,
да не те сонив сношти,
прости ми,
што понекогаш те вознемирувам,
без да знаеш.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Одминете со чекори брзи,
одминете извори пресушени,
не жалете,
со вашите очи убави,
погледнете ги убаво овие два бола,
прогонети од крвта нејзина,
но немојте,
кога погледот ќе запре со сказалките,
навезени врз нејзината рака,
морници врз мојата,
сошивајќи се ко свилен конец,
една со друга,
една за друга,
без прашања и одговори,
тивко,
во една наша игра непоимлива за вас,
не соголувајте ме до гола кожа,
не барајте го сето што сум,
јас не сум таинствен,
но слеп човек сум,
и таа светлина во срцето,
со која прогледувам,
не можам да ја поделам со вас,
со никого,
не ќе разберете.
 

gabi96

Полноправен Член
4 септември 2015
36
28
18
30
секој од нас многупати во
животот посакал да биде
вистински среќен...
со насмевка мотивирана
од длабочините на своето срце....
да се пронајде себе во нечии очи!
Да разбере конечно дека постои
љубов која е семоќна
и дека се друго е небитно и минливо....
Јас го почувствував тоа уште кога првиот пат
те бакнав...
 

Anabelle Lee

Нов член
26 ноември 2015
1
1
1
33
Кога ќе се наежиш... Кога морници ќе те полазат, знај нешто умира или се раѓа во тебе и се прашуваш што е полошо, едното или другото? А зошто залудни прашања, во двете мирно спие стравот, а страво е лага, или пак не? Те гази, те притиска, те кочи... Те убива и одново те возвишува како би се населил уште повеќе во секоја пора под влакната од морниците кои се издигаат како војници во строј, чекајќи наредба од оној кого го љубиш. А дали ме љубиш или разболуваш?...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Се вртам ли во твојот свет,
како ти во мисливе тркалезни,
те бакнуваат ли нечии усни груби,
како што моиве не се,
босонога ли си кога пишуваш поезија,
чекорите ми се студени во душава без фенери,
така одамна изгаснати,
потребна ли ти е мојата блискост,
како сонцето на земјата,
за која секој ден помалку зборувам,
а ниту знам да заплачам,
премолчувам и само воздивнувам
и секој пат е потежок.
 
Последна промена:

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Пијана ноќ..
Вино црвено на усни траги остава,
Мисли заматува,
Те опседнува ..
Те опива..
Ти го споредуваш виното со мене ..
Да! Го сакам тоа!
Да те опивам, хроник да те сторам,
Од мисли да не излегувам.
Да те заматувам.
Кога глава на перница ќе ставиш тогаш ќе се запрашаш: што правам јас.. тогаш
Ќе ме видиш пред тебе исправена,
Насмеана,
Заводлива,
Весела, .. Ќе ти се смеам
А ти ќе зборуваш.
Ќе те бакнувам,
А ти не ќе престануваш..
Ти секоја црта на телово како прв пат ќе ја набљудуваш.
Намери ќе ми откруваш..
Преку облека гола силуета ќе замислуваш ..
Ќе ме грабнеш, диво и фраерски кожа ќе ми наежеш..
Ќе ме љубиш зошто и пијано ти тоа најдобро го знаеш..
Пијано, диво..
Пијано, тивко ..
И пијано, само мое!