Љубовна поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Цвет бев израснат во ровко срце,
далеку од сите,
под синилото што се раѓа,
меѓу првите зефирни зраци,
се родив јас,
преку коренот на твоето постоење,
од земјата натопена со твојата крв,
гола, чиста, неосквернета,
упорно ја совладував ноќта,
зазорував секој ден,
во очите кои со темен превез ме гледаа,
го кинев бледиот одек на последната ѕвезда,
за да те љубам...
Безгласна бев, нежна,
под вашите стапалки боси,
цвеќиња шумски,
ве насетив,
кога невидливиот мирис
ги бакнуваше нозете твои, рамнодушни на бакнежот.
Дишев,
живеев,
горев,
постоев,
за тагата што во смеа ја претворав,
на ридот од копнежи,
бев твоја и ничија,
со дланка свирепа не ме допре никој.
Мојот последен збор,
твоето срце го рече,
ги погреба,
со роза во раката,
и грст пепел на неа, наместо роса,
сите стихови,
што ти го боеа небото,
од заоѓање во изгревање,
и љубовта што те смируваше и лекуваше,
ме погреба,
љубејќи,
усни на смртта под птици ноќни,
со перја лепливи, жед што грачеа,
го размачка со прстите свои,
витражот во очиве црни ко ноќта,
го распрска на илјадници парчиња,
никој никогаш да не ги состави,
ниту ти,
ги погреба,
моите чувства, на твоите дланки росни,
таму,
каде една твоја солза,
сите мои ги покрива,
наздрави, во добро друштво,
со голтка крв од боговите,
меѓу полноќта и зората,
за едно име, кое не ќе го спомнеш повеќе,
за гордоста, во последната насмевка на ѕвездите,
за вистината, горчливо потопена во тишина,
за смртта, за вечноста, за спокојот,
во некоја друга приказна,
без мене...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Погледни. Еве те бакнувам. Погледни.
Во оваа темна пештера, погледни.
Мојот бакнеж, мојата последна темнина што покрива ноќе,
и твојата светла аура
што се пробива низ моето црнило,
и како сонце ја открива единствената вистина во мене.
Која преферираш да ја игнорираш.
Од твоето битие почнувам да сфаќам,
од тебе, мојата погребна аурора се отвара ноќе,
и сјае, ме заслепува.
Ах, тажен, неизмерно тажен,
во непробојната сенка во која дишеш.
Погледни во темната ноќ, во моиве темни очи,
ќе видиш само кадифе на сенката
каде тивките птици лесно се лизгаат.
Ах, луцидно чудо, далеку од агонијата,
во темните денови на болка,
светкави бакнежи се будат на твојата кожа,
топли нишки се тркалаат низ торзото,
треперлив свод,
што ми ги навлажнува градите,
додека мојата бучна крв се распрскува од радост, љубов, светлина ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Една ноќ,
ќе згаснам во одарот на една ѕвезда,
и ќе бидам сјај во твојта зеница,
сонливо разбудена.
Само тогаш ќе бидам искажан во сказната на моето бдеење за тебе,
под ова небо,
запишано со илјадници ракописи.
Една ноќ,
ќе биде посветла од денот,
само тогаш моето умирање,
ќе биде раѓање на едно заборавено утро,
врз росните жита исплетени сончево во твојте коси,
со почитта на едно припаѓање.
Една ноќ,
ќе ми недостигаш засекогаш,
и ќе ми простиш што не се пронајдов во овој свет,
во кој ги бакнував тие вишни усни и го целивав божеството на нашите прекрстени прсти,
од моето чело до твоето срце.
Една ноќ ќе биде вечна и никој нема да се сеќава на неа,
во дивиот шепот на планините.
Една ноќ ќе биде само наша и ничија.
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
@Electra


И на крајот на краиштата
не е битно со кого
спиеш, со кого се будиш,
со кого излегуваш,
со кого разговараш по 24
часа, за кого се дотеруваш, со кого се
држиш за рака, пред
кого глумиш, кого
заведуваш... Единствено
битно нешто е на кого
помислуваш кога ќе видиш до себе празно
место... Kој требаше да
биде тука, а не е.... Не со
кој те гледаат
другите, туку со кој се
гледаш ти...
 
  • Haha
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Electra