Љубовна поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Еве сум тука, сонце,
еве сум, светлино вечна, наспроти тебе, уште...
Со правот земјен врз рамената мои,
пронижан од минливиот изгаснат копнеж.
Едно сонце,
едно ветување на среќа,
едно блаженство,
со моите очи, од тебе,
го владееше моето чело огреано,
подавајќи ги усните за мојата кожа безоблачна.
Ги гледав очите твои светли под згаснатото небо,
каде еден мраз во темни бездни никому не се покорува.
Никому! Сам, криеш ти едно лице, зеница друга,
благо пројаснета под светлоста на денот
откривајќи ја нежната уста што ме потресува.
Дали е таа молња на бесот, од бура што бега,
или свири раскинатиот ветер?
Дали е таа сенка телото твое, рането од гневот ноќен,
или е извик гол на денот,
без тебе, свечено што ликува?
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Топол мирис на восок и лилјани,
вечен сон,
облекувам желба,
сто години стара,
вечност ќе бидам,
така долго чекана,
на крилата на ветрот ќе ја понесам,
љубовта, мојот грев,
зошто Ти за тоа ми судиш,
а јас веќе солзи немам,
без нив да плачам не знам,
како што не знам да живеам без тебе.
Ти, сѐ изгубено и најдено,
твојот лик, единствен на хоризонтот
пред проколнатиот брод со кој пловам,
твоите очи, соѕвездие во мојот сон,
Ти, поим за време,
Ти, сонце кога се будам,
Ти, молитва пред да ги затворам очите,
Ти, зеница во окото,
Ти, ритам на крвта,
Ти, јунак во оваа приказна,
јас, трагичар на животот,
позадина неважна.
Ти, последен здив, не потреба,
Ти, за живот, не за ден,
Ти, глув за последната молитва
што ко змија отровница полека се влече низ прстиве,
и го бои мастилото во црвено...
Црвено и сино...
Не оди...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Koga sum daleku od tebe sekoj del vo mene se rastopuva,dusata gospodova ja zaboravam mislejki na tvojata ljubov,i kako da ja zemam.
Jas sigurno ke ti dojdam,samo,cekaj me dolgo i koga dozdovite zolti ke gi ispolnat tvoite noki vlazni,cekaj me,i koga veke nikoj drug ne ke moze da ceka,cekaj,koga i dolgoto cekanje ke ti zdodee kako sto sekoj uporno i dolgo ceka,cekaj me,i jas sigurno ke ti dojdam,i ne slusaj koga ti velat deka treba da zaboravis i deka nadezta e lazna,neka poveruvaat site i majka mi deka veke ne postojam i neka se umorat cekajki site drugari moi,neka pijat srede mojot ogon gorko vino za mojava dusa,cekaj me no ne sedi so niv,i nemoj da pies nisto,cekaj me,jas sigurno ke ti dojdam seta smrt ne ke me ubie veke,koj ne znae da ceka nikogas nema da sfati,nitu pa ke znaat drugite deka ti si taa sto me spasi edinstveno so svoeto dolgo cekanje,i samo nie dvajcata ke znaeme kako preziveav ognovi kleti,ednostavno samo ti znaese da cekas kako nikoja druga na svetov.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ископај го телово,
од катакомбите на твојата душа,
направи сигурен рез,
и извади ја со сопствените дланки,
последната надеж која спие во градиве,
одземи му ја единствената светлина,
што сам ја донесе,
во очиве, ѕвезди проклети кои само за тебе треперат,
проклета нека сум и јас,
и овие стихови кои не знам да ги задржам.
Ископај ги лузните
на твоето тело,
кои некогаш беа мои насмевки,
не ќе ме најдеш ни таму,
јас, никната во задоцнетата пролет,
мала,
кревка,
купена со зборови,
ефтино продадена со каење,
здробена од модрите бранови,
кои ги плиснаа во докот сите лажни вистини.
Ископај ги сите емоции од мене,
за тебе,
од утрото посветли,
и закопај ги во твојата сурова тишина,
наполни им ја устата со земја,
кога веќе драги не се,
нека не пламтат,
нека починат,
и јас со нив.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Повели
песна- чај од пелин,
повели
лага
дека брзо ќе помине,
под ноктите
ти е врежана
секоја буква од моето име,
и молчи сега,
немој да си зинал,
дека си ме имал,
заборави
дека си се заплеткал во косава,
обидувајќи се да тргнеш прамен од лицево,
биди паметен,
моите сонови се најпраменести
кога ќе помислиш дека веќе ги нема,
и страшно може да ги замрсиш прстите,
во поток од ѕвезди,
за кој си сигурен
дека веќе не тече во мене,
биди паметен,
така ми се љубиш ноќва,
така би да пробам од крвта на усните твој,
уште од оној ден кога ми го прошепоти името,
да те имам,
како ненаситна љубовница,
со мисли потопени во зелено,
без страв и срам,
да ја исполнам празнината,
со душата во твоите дланки ставена,
да се родам одново,
со тебе во мене,
со мене во твојот здив,
онолку пати колку што умирав,
алчно колку што нежноста ми дозволува,
ми се љубиш
во моментов,
таков,
секаков, секаде,
а само со мене
единствен,
целосен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Mnogo Bitno

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Повели,
зборови кои доаѓаат и си заминуваат,
со тебе и без тебе,
повели стихови без концепт,
без малку душа,
никакви,
јас одамна завршив со нив,
а ти сеуште се будиш во нив,
во минатато заспани,
сенки без крилја истетовирани.
Повели нож и крв од мојата аура истечена,
зарем ќе се родиш во неа,
добра и нова,
моја.
Повели сега усни од пелин погорчливи,
кои некогаш те бакнуваа со згазени вишни,
после кои љубезно не те бакнуваат,
ниту тебе ниту некои други,
во есенските лисја распаднати.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Дај ми зборови,
кои ништо не значат,
од нив ќе ти извезам,
ливада со есенски цвеќиња,
за на неа да заспиваш и да се будиш,
да имаш каде душа да одмориш,
дај ми грубост,
од облаци потешка,
ќе ја здробам до златна прашина,
со неа на небото сонце ќе ти насликам,
сите сенки да изгорат,
да ти го огрее лицето
и очите да ти засјаат.
Од усните твој
и пелин ќе пијам,
сета болка ко шеќерна волна да ја стопам,
па да заблескаат пак среќни и насмеани.
Дај ми стихови,
без и малку душа,
од нив ќе ти напишам песна,
да ти залече рани неизлечливи
за кои мелем не е измислен,
со нежност ќе те посипам,
за да мекнееш вечно,
и нема да сум нова,
ниту со грубост љубовта ќе ја скршиш,
ниту со горчина душата ќе ја поплавиш,
и нема да сум подобра,
иста ќе сум,
секогаш иста,
твоја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Затоа што стои едно сонце бескрајно,
сеуште не зајдено,
во нашиот последен бакнеж,
затоа што ноќва е претемна,
а твојата ѕвездена рака е подадена,
за да ме крштева со жарот на твоите зеници,
во моите,
со лунарна прашина,
од неа песна ќе ти напишам,
затоа што име имам,
а со твоето,
презиме,
од тиркизни облаци навезено,
во кои заспиваат нежните акорди на твоите допири врз мојот здив,
со кој се будам,
да го преживеам и овој јануари,
студен и залутан во моите години,
во кои мислите ми се сурови,
а со тебе стопени во свеќа од молитва исткајана,
во вода виножитна,
за да изгорам во неа,
опиен од љубов повторно,
некаде,
кога бев јас,
тој,
во кој се вљуби,
затоа што си бесценета во него и ме имало секогаш,
во еден град кој го мразев одсекогаш,
а сега ме потсеќа на нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Помислуваш ли на мене
кога светиот прав се спушта
пред капијата на твојата душа....?
Ја чувстуваш ли мојата надеж
кога те прегрнувам со ѕвездениот трепет....?
Ги допираат ли моите желби
твоите ноќи
како што тие го допираат мојот сон..?
Знаеш ли...? Те љубам...
Некако поинаку,
Некако светло, чисто...
Во ова време на студенило,
сенки и тишина,
кога сѐ минува и изчезнува,
освен тебе...
Онаа чудна насмевка,
и двете огнени кугли под веѓите,
што ја греат душава,
слаба на тебе...
Те љубам,
на начин само мене својствен,
со секое отчукување на срцето,
распната измеѓу пеколот и рајот,
јавето и сонот,
во мислите,
во недостигањето,
во оние неколку зборови без запирка,
без точки и извичници...
Те љубам... Знаеш ли...?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Некогаш умеев да молчам,
сега ме гушат неизговорените зборови,
тука, на врвот на јазикот,
на модрите усни,
пулсираат во грлото со надојдениот крвоток,
газејќи ја тињата на минатото.
Не е мудрост,
немоќ е,
да заурлам пристојно:
Не може никој да го одрекува она што постои,
зошто ако ги ставиш повторно рацете
на градиве проѕирни,
што сред стрелите се лизгаат и галат,
капејќи ја својата бледост во црвената месечина,
ќе можеш да ја почувствуваш крвта.
Не сакам, не,
да го голтам тој прав,
таа безбедност на живеењето со која плотта се причестува,
сакам да живеам,
не утре,
денес,
да живеам како ветрот крај реката,
како дождот или снегот,
како коравата трева,
како нашиот првиот бакнеж, со кој почна да се смееш поинаку,
сакам да зборувам,
да речам зборови.
Љубов. Надеж. Тага.
Зборови вистински, весели, тажни,
нишка ненадминлива што ги поврзува усните распукани,
кога се љубат како цветовите со длабокото трње.
Љубов. Љубев јас како никогаш.
Да, љубам,
и верувај,
без оваа љубов,
сите други ќе ти бидат туѓи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar