1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовна поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    758
    Допаѓања:
    1,283
    Во ноќи како оваа...
    Постојат оние кои не плачат,
    само зашто солзите пресушиле...
    Во ноќи како оваа ...
    Полни недостигање...
    Ќе видиш две искри во мракот,
    ќе чуеш глас,
    смеа...
    Толку вистински..
    Срцето ќе ти заигра...
    Па ќе те ошамари стварноста
    и ќе ти заплаче душата,
    онака, без солзи,
    ќе се потпреш на прозорецот,
    шепотејќи "Добра ноќ " некому,
    отсутен, а толку присутен.
     
    На İncognito и Prashina им се допаѓа ова.
  2. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Ноќва е нежна нота изгужвана во самракот син,
    што ме предизвикува,
    да запалам стих од темјан,
    да изгори во ова тело родено во твоите светли ребра,
    после неколку скршени обиди,
    што само тебе ти припаѓаат,
    а во мене бескрајни,
    во допирот на глинената месечина со нашите чела,
    и само тогаш знам да ги затворам очиве,
    да ги спојам со твоите,
    и тука сме,
    растопени во вечноста од сиот тој џез,
    распрскан врз дланкиве восочни,
    под ледените коци на вистината,
    разнесени со ветрот до твоите отпечатоци,
    под пролетниот оргазам,
    во една крв истечена,
    ко беседа меѓу јавето и сонот,
    меѓу смртта и животот,
    ко шал од жал,
    преку нема уста,
    споена со нашите усни,
    толку несовршени,
    избледени до обичност,
    до ужас,
    кој ни мртвите не го пијат,
    да оживеат.
     
    На Iris* и Prashina им се допаѓа ова.
  3. Nokjna

    Nokjna Нов член

    Зачленет на:
    1 март 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Носиш куфери, торбици, носиш и поклони , а не си свесен дека најскапоцен од сите си ти. И мене не ми треба ништо друго освен тебе.
    Јас не сум господарка, не владеам со никого, немам робови, ниту слуги. Но задоволна сум од се што универзумот ми дарил. Не ми фали ништо.
    Ми фалат само раце кои треба да ме топлат сред овие минусни температури, ми фалат прегратки и мириси на ванила, ми фалат и зборови. Затоа што пишував многу, кажував многу, плачев и се радував. Бев полна и стихови, и зборови и песни се тоа за љубовта. Тогаш ти ме зароби и почна да владееш со моето тело, мојот дух и моето срце ги зароби во кавез, без слобода.
    А сега ајде љуби ме, толку слатко, биди ми пропуштен повик и кажи дека е грешка, биди и гостин ниту повикан, ниту поканет, не најавувај се, само заѕвони и најди ме по пижами, со косата бушава, со ќебе и чај.
    Дојди и љуби ме, испиши ми ја онаа приказна која веќе сама сум ја почнала, ежејќи ме, нека ми се запре здивот штом помислам на тебе.
    Дојди, викај ме душо, романтики онакви кои сами ќе ги смислиме.
    Ми треба некој да ме сака, но не и напушти. Овие зелени очи искрено ги сакаат твоите, нека им биде возвратена љубовта, не оставај ме. Љуби ме. Ако ме сакаш.
     
  4. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    758
    Допаѓања:
    1,283
    Не ме прашувај ништо ноќва,
    пушти ме да молчам,
    не си играј со главава
    за да видиш колку сум силна,
    ниту се потсмевај на мојата слабост кон тебе.
    Не ми претурај низ градиве,
    срцево од зборот твој трепери,
    ако го допреш ќе полуди,
    не ми ровари низ утробата
    од која живот дадов,
    зошто еден и изгубив.
    Знам, напати здодевна е љубовта моја,
    ама ете, тебе те одбра,
    и нема таа срам ни страв,
    ниту пак достоинство,
    над тебе е и над мене,
    над нашите полуживоти,
    таму горе,
    а сепак, во утробата ми е,
    таму кај што боли изгубеното,
    таму извира,
    таму те пишува,
    и кога лошо ќе те напишам и тогаш те сакам,
    можеби и повеќе,
    од некој кој во моментот те милува со зборови.
    Затоа,
    не ми ровари низ утробата,
    зошто нема да ти речам " Немој",
    нема да ти кажам дека ме болиш,
    ниту ќе заплачам,
    само ќе се насмевнам,
    по лицето ќе те погалам,
    и ќе ти речам "Те сакам".
    Не ми ровари низ утробата,
    ќе ти речам " Живот си... Не давај да те изгубам".
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  5. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Јас го потрошив последниот љубовен атом за да ти внесам светлина во срцето,
    но веќе немам сила,
    темно е во душава откако ќе згаснат свеќите после еден театарски живот во кој ја изиграв последната улога со тебе.
    Не можев да одбирам што мора да биде вака,
    во последно време не сакам ништо да ми се случува,
    само сакам да заспијам на мојот пат,
    заробен во сништата,
    со наситениот волк во ноќта чии меки шепи ја обликуваат ноќта и ништо повеќе,
    ништо од себе и за себе.
    Тоа е вистината испредена со пајажината во срцево измеѓу свеста и потсвеста,
    од мене до тебе,
    искована во камен.
    Ова се моите последни зборови запишани со крв,
    со љубов.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,321
    Допаѓања:
    3,003
    Jave I son, isprepleteno sekojdnevie,
    Bolka I ramnodushnost
    samo begstvo od sushtinata.
    Nema da ti priznaam kolku ljubov nosam, nebitno e.
    Nema da mi gi vidis solzite za da mi gi zaboravish ochite,
    Ne, ni na son misla nema da se storam,
    za da ne pregoram vo kvecherinata.
    Zar e bitno dali te ljubam,
    ili kolku misli zarobuvam so tebe?
    Trosham denovi za tishina, menuvam zborovi za nasmevka
    I sme kvit.
    Pobaraj me zad sonchevinata,
    ke ti proshepoti mesechinata za ljubovta bez zborovi, samo vo tishina.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Допри ми ја ерекцијата,
    зариј ги сите нокти во неа,
    искрвари ме да те разберам,
    љуби ме и не престанувај,
    истечи ја твојата восочна пот врз телото мое,
    допри ги железниве крилја со твоите блудни прсти и ослободи ги во диви бранови од перла,
    бакни ме ко првиот пат и да почне сѐ од почеток,
    јас и нас,
    ти и над небото јас,
    заборави ги сите модри сеќавања,
    нека занемат во воздишката на пролетните цвеќиња,
    знам дека имаш илјада прашања и знам дека имам илјада неодговорени,
    како ветрот што е виножитен во сите рози,
    но љуби ме ноќва дождлива и не престанувај,
    ко вчера да не ни било никогаш,
    љуби ме ко да нема утре.
     
    На Iris*, Prashina и Ballet is my life им се допаѓа ова.
  8. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    758
    Допаѓања:
    1,283
    Љубовта не ме фрла на колена,
    но би сакала,
    пак и пак,
    со своите да ги допрам твоите.
    Мириса ноќта исто како утрото,
    после дождот,
    го мерам светот со твоите раце,
    на твоите рамена златото на сонцето и бледоста на месечината,
    помеѓу мирисот и воздишките,
    нема да бидам фина ноќва,
    брзам да оставам бакнежи,
    колку што можам повеќе,
    блудна, твоја,
    преку вратот и градите,
    лепејќи ги усните на белината на твојата кожа,
    не ги затварај очите,
    гледај ме и разбери ме,
    гола сум пред тебе,
    врз мене само стар капут искинат од чекање,
    низ корените ми тече твојата крв,
    истенчени сетила, разигран дух,
    во мислите шуми, полиња и големи езера,
    мојата сенка ме следи во кас на четири нозе,
    се борам со себе, со тебе,
    нерамноправно,
    од почеток ја загубив битката,
    се предавам покорно,
    во градите завивање и тивок шепот на дивината,
    а јас бледеам и изчезнувам,
    молчејќи копнеж,
    молејќи немо...
    Не давај ми да одам...
     
    На İncognito и Prashina им се допаѓа ова.
  9. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Дреме ноќва заплеткана во нашите сни,
    доволна да во ветрот го изгори нашето постоење,
    да ги покрие нашите тела разделени,
    ко драг цвет кој од месечината истекува,
    да ги опие нашите души,
    кои име немаат,
    а толку сум нежен во твојата коса,
    што ја сошива мојата неискажана рана,
    старомодна,
    во твоите модерни зеници,
    што ги соблекуваат моите стари недостатоци закрпени,
    убави сме ние,
    ти нова,
    а јас со скината душа,
    ти љубов,
    а јас симпатична старост,
    во исти очи,
    на небото запишани.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    758
    Допаѓања:
    1,283
    -Не лути се,
    пушти ме
    да се излежувам
    да ја гушкам перницата
    и да мирисам на портокал, кој тукушто го излупив,
    ќе го поделиме.
    -Не сум по овошјето.-вели
    толку незаинтересирано,
    заинтересирано, ќе земе колку да ми угоди,
    Тежок е
    како најголемиот камен во реката,
    како болка во градите пред срцев удар.
    -Не лути се
    пушти ме
    да се растегнувам полека,
    да не примам бакнежи,
    да не ја чешлам косата.
    -Немој да си ја офарбала црвена.-вели
    толку ладно,
    топло ми ја трга од лицето.
    А баш на тоа мислев...
    Тежок е
    како доцен снег
    врз младите пролетни гранки.
    -Не лути се
    пушти ме
    да молчам и да уживам во тебе.
    -Само јас ли ќе зборувам?-вели
    толку луто, сака кавга,
    но повеќе сака да зборува,
    Тежок е
    како солза на клепките спремна да капне,
    како бура во Јули,
    Нежен е
    како шал од кашмир,
    нежен е како насмевка,
    како бакнеж.
    А јас каква сум,
    дур ме има, само нежност за него од усниве,
    сѐ што ќе кажам, негово е засекогаш.
     
    #180 Iris*, 20 мај 2019
    Последна промена: 20 мај 2019
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: