Некаде во ќошето на твојата соба,
во ќошето на мојата глава,
во ќошето на вселената,
стои желбата да побегнам негде
држејки ја твојата рака.
Подалеку од метежот на големиот град,
каде што од учтиво подредените зборови
до ушите стигнуваат излитени фрази -
кои предизвикуваат кобни недоразбирања
Далеку од светот во кој мала пукнатина меѓу двајца
станува бесконечна оддалеченост
Некаде каде што единствената вистина на сите вистини е
музиката, природата и љубовта
Зашто вистината не е зборот,
а ова е збор,
и ова се лаги
И таму некаде тишината ќе ја скрши
звукот на моето прекршување
И нема повеќе јас, ниту ти,
ги нема нив, те нема тебе,
и како никој никогаш да не постоел,
сега сме само ние, и сме едно.