Љубовна поезија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
не дека сакав…


не дека сакав да те сретнам
туку сакам што те сретнав

не дека сакав да си таков
само сакам што токму таков си

не дека сакав да си ми блиску
но, сакам што блиску си

не дека сакав да те сакам
а сепак сакам што те сакам
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Кога се ќе ми тргне наопаку,
кога кршам се што ќе допрам,
кога немам сила за ништо,
кога денот ми е гаден,
расположението под нула...
Кога не се сакам ни сама себе,
кога ништо нема вредност,
кога нешто ми фали,
а не знам што...
Тогаш, ти си тука.
Тогаш, за мене си се:
како дрога за наркоман,
како виски за алкохоличар,
како пари за купохоличар,
како лек за болен..
Како се на светот
за некој кој нема ништо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Baronessa

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Имаш една песна во мислите
твоја е
ама јас ја знам

Имам една мисла во песните
моја е
ама и ти знаеш се`

И по еден збор на усните
ги споивме
гледај,тие се
оние-што не ги рековме.
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
марифет
.
облечена за љубов
и облечена да биде соблечена
во бајка
облечена до граница на видливото
и облечена да биде изнудена
воздишка
облечена во мене
и облечена да биде секогаш
незаменлива
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Peace

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
handflower2.jpg


Ти си мое да.
Ти си мое не.
Независно дали е да или не,
ти си мое.
Ти си мое можеби.
Ти си мое надевај се.
Независно дали си надеж или судбина,
ти си мое.
Ти си мое вчера.
Ти си мое утре.
Независно дали си вчера или утре,
ти си денес мое.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gabi96, Lena and lady_blue

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ти...си моето се


Заспивам со твојот поглед
А ти...
Ти го споредуваш мојот поглед со дремката на сонцето.
Ти имаш таква моќ да ме покриваш со својот сон,
кога јас неможам да заспијам.
Се будам...со твојата искрена насмевка.
А ти...
Ти си нем крик во рано зимско утро.
Чекорам низ денот...во твојата топла прегратка.
А ти...
Ти го красиш секој мој ден како рајски допир на ноќта.
Мечтаам...сонувам...
Живеам...
А ти...
Ти си мојата сенка кога газам боса по тревата на животот,
Ти со бакнеж го врежа моето име во твоето срце,
но имаш таква моќ да го заробиш и моето
притоа не одземајќи му ја слободата...
Ти си вториот дел...
Вториот дел од сложувалката
која ја создава сликата на моето совршенство...
Ти си толку посебен, единствен и неповторлив
како секое ново зајдисонце...
Ти...
Ти си моето СЕ!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Крајот е еден нов почеток


Чекорам,
бавно, кон тебе...
но, сега со размислување,
со мислите упатени во правиот правец.
Не, неможам да си дозволам уште едно разочарување.
Чекорам,
бавно, кон тебе...
Но, со забрзан пулс,
сета задишана,
дланките ми се потат,
нозете ми се тресат...
Чекорам,
бавно, кон тебе...
со грст среќа,
со куфер желби и надеж за нас...
Чекорам,
бавно, кон тебе...
решителна, сигурна во себе...
Подзастанувам...
Густа магла само околу мене,
неможам да го видам ни крајот...
Го нема...
Еве, една бледа човечка фигура,
Се пробива нејзината темнина низ маглава.
Продолжувам.
Чекорам,
бавно, КОН ТЕБЕ?
КОН КРАЈОТ?
Ако е така,
тогаш само силно прегрни ме,
допушти да дојде крајот,
и означи го новиот почеток...
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Страстите на самракот

Крвта замрзнува,
низ сите вени не поминува
и тапа болка во срцето
како бодеж од оса се чувствува.
Живот исполнет и среќен,
фрлен во заборав е веќе.
Само тагата е секаде,
па мир и спокој
душава бара некаде.
Личности некогаш блиски,
сега далечни не се,
туку заборавени во далечината,
зафрлени од ветерот,
завеани со бурата
во темнината.
Дождовните капки
се покрупни стануваат,
се потешки условите
за живот нормален,
само тешки денови,
болни и страшни,
прекриени во самракот
и неговите страсти.
Та во ноќта,
очите не се склопуваат,
туку отворени сонуваат.
Бодежи во градите,
како некој со нож
длабоко да ги раскинува.
Ги отворам очите,
па не гледам ништо,
како некој превез
преку нив да ми ставил.
Можеби кога
порано би погледнале,
сега вакви темнини
не би виделе.
Сега не би биле
погледите празни,
сега не би биле
ноќите тажни.
А ден е надвор,
во душава самрак,
а сонце има,
во душава бура,
зарем вака болни
мора да се сите ноќни страсти?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: наташа

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
29
Илузија во мене

И чекорам тивко низ улиците на мракот,
шепотот мој, ко од маглата придушен да е...
Далечниот видик се губи,како нешто да крие,
изгубена душа што во гревови спие..

Таму некаде се слушаше само крик,
на девојка што помош бараше, извик.
Силуета замачкана, ми се стори дека игра,
па видов една девојка...но само илузија.

Сеќавање од далечни денови се створи,
подадов рака мислев вистина е...
Сакав да го стигнам но далеку беше,
и тогаш се сетив дека само илузија е.

Илузија во мене за секогаш остана,илузија од мене а за неа спомен.
Се прашав дали можам да го вратам
барем на кратко очајот да го скратам.


И чекорам тивко низ улиците на мракот,
шепотот мој, ко од маглата придушен да е...
Вистина, или илузија ми се стори дека игра,
дека ја видов и се сетив,таа не знае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: наташа

Cernodrimski

Староседелец
4 април 2012
13
11
1,003
59
Кога
Кога моите сеќавања
Ќе се заплеткаат
Во твоите црни густи плетенки
И брзо го променат правецот
На своето движење
Претвораќи се во една слатка иднина
Дали и тогаш
Ќе бидеш мојата полноќна срна
Или можеби
Ќе ги расплетеш плетенките
Пуштаќи ги
Да се распрснат во времето
Замисли
Сите мои чекори
Собрани во твоите очи небесни
Брзо
Го променат движењето
И се претворат во солзи
Дали би ги примила на усните
Или
Ќе гу пуштиш да продолжат
Да паѓаат во калта