Дали и вие, кога сте во тоалет, од досада ги читате етикетите на шампоните и останатите тоалетни средства, и тоа прво на македонски па после на другите јазици?
Порано да. Сега, кога можеш да одведеш со себе списание, книга, телефон или лаптоп - не.
Дали и вие, со мобилниот го осветлувате патот до креветот кога навечер одите на спиење и го гасите светлото?
Порано, кога имав помала соба и потоа кога прв пат се вселив во ново место. Сега зависам од своите инстинкти.
Дали и вие, го облизнувате капачето од јогуртот?
Засекогаш.
Дали и вас ве чешало челото од капата?
Мислам дека секој кој носел волнена капа и притоа се испотил го чешало челото.
Дали и вие, кога бевте деца, носевте леб од продавница до дома, и тоа пола изеден?
Не, само тој тврдиот, крцкав дел од корката го јадев.
Дали и вие одржувате соло концерт под туш?
Не. Играњето е мој туш-талент. И зборување сам со себе.
Дали и вие купувавте смоки со играчки само заради играчката иако знаевте дека смоките внатре се гадни?
Не, ама затоа трошев премногу пари на сликички за албуми.