Баш сакам хорори (после што ми прпа-башка), ама не наоѓам сатисфакција во оние со многу крвишта и само крвишта. Тука спаѓаат и култните Петок 13ти, Пила и остали калибар. Дури ми имаат и комични елементи.
Повеќе сакам паранормално настроени и/или пак на психолошка база.
Поомилени: The Amityville horror (оригиналниот повеќе), Omen, The Orphanage (Шпанциве се незаменливи), Identity е прилично добар и зафркнат, The eye - не е толку лош и овој со Џесика, ама од Корејскиот пред 3-4 години, немам спиено од страв
The caller е не толку познат, а прилично добар филм. I spit on your grave од „крвавите“ е онака по дирлив.
The Others со Кидман и The ring дека ги знам од помала, ми имаат оставено трага на језа.
И да не набројувам се’ што имам изгледано. Ги препорачувам горенаведениве.