Свадбени обичаи кои носат среќа
![thumb.php](http://boza.mk/wp-content/themes/boza/thumb.php?src=http://boza.mk/wp-content/uploads/2011/10/svadba11.jpg&w=636&h=310&zc=1&q=80&bid=1)
Сите ние сакаме денот на нашата свадба да биде совршен, но посакуваме и среќен брак. Па, малку суеверие нема да наштети. Погледнете кои се свадбени традиции се верува дека ќе им донесат среќа на младенците:
- Старо, ново, позајмено, сино: Во западната култура се верува дека невестата мора да носи нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино што ќе и донесе среќа во брачниот живот.
- Црвен фустан: Во некои традиции се верува дека невестата ноќта пред свадбата точно на полноќ треба да облече црвен фустан, кој симбоизира многу љубов во бракот.
- Лук: Според старите верувања, лукот не само што штити од вампири, туку штити и од уроци.
- Златник во чаша црвено вино: Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.
- Ѕиркање низ прстен: Ако сака да има среќа во бракот, невестата мора да го погледне младоженецот низ прстен кога тој пристигнува во нејзината куќа, но мора да внимава тој да не ја види се додека не влезе кај нејзе во соба.
- Погача: Кога младоженецот оди по невестата, свекрвата по обичај носи слатка погача. Таа се крши над главата на младенците, а потоа се дели на ергените и момите.
- Јаболко: Ако сака да ја земе невестата, според традицијата младоженецот мора со пушка да го погоди јаболкото кое семејството на невестата го закачило на дрво.
- Забрането гледање назад: Кога невестата си оди од својот дом со младоженецот, доколку сака да има среќен брак не смее да се сврти назад кон својот дом.
извор
Машки стојат пред вратата на невестата,китење на зетот со пари,фрлање на бидермаер,кршење погача,мешање на прстени во брашно,ставање пари во чевлите на невестата...
Какви свадбени обичаи се практикуваат во вашиот крај?
Би практикувале некои на вашата свадба?