Свадбени обичаи

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Свадбени обичаи кои носат среќа

thumb.php

Сите ние сакаме денот на нашата свадба да биде совршен, но посакуваме и среќен брак. Па, малку суеверие нема да наштети. Погледнете кои се свадбени традиции се верува дека ќе им донесат среќа на младенците:

  • Старо, ново, позајмено, сино: Во западната култура се верува дека невестата мора да носи нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино што ќе и донесе среќа во брачниот живот.
  • Црвен фустан: Во некои традиции се верува дека невестата ноќта пред свадбата точно на полноќ треба да облече црвен фустан, кој симбоизира многу љубов во бракот.
  • Лук: Според старите верувања, лукот не само што штити од вампири, туку штити и од уроци.
  • Златник во чаша црвено вино: Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.
  • Ѕиркање низ прстен: Ако сака да има среќа во бракот, невестата мора да го погледне младоженецот низ прстен кога тој пристигнува во нејзината куќа, но мора да внимава тој да не ја види се додека не влезе кај нејзе во соба.
  • Погача: Кога младоженецот оди по невестата, свекрвата по обичај носи слатка погача. Таа се крши над главата на младенците, а потоа се дели на ергените и момите.
  • Јаболко: Ако сака да ја земе невестата, според традицијата младоженецот мора со пушка да го погоди јаболкото кое семејството на невестата го закачило на дрво.
  • Забрането гледање назад: Кога невестата си оди од својот дом со младоженецот, доколку сака да има среќен брак не смее да се сврти назад кон својот дом.

извор
Машки стојат пред вратата на невестата,китење на зетот со пари,фрлање на бидермаер,кршење погача,мешање на прстени во брашно,ставање пари во чевлите на невестата...
Какви свадбени обичаи се практикуваат во вашиот крај?
Би практикувале некои на вашата свадба?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Стара традиција: идење по невестата, на врата поткупување со цел да стигнеш до невестата, дома чекање гости од дома до матично,црква на крај кафана, после дома - прва брачна ноќ, меден месец. Сеир. Е во денешно време некои го прескокнуваат тоа идењето по невестата, туку еден ден пред свадбата невестата иде кај младоженецот се тамо ја спремаат неа во посебна соба, него во посебна и поткупувањето се врши пред самата врата.
Кај циганите пак многу комплицирано 4 дена свадба и ''мачење на невестата" да се види дали е невина.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Веќе никој никакви обичаи не прајт, освен пари кога треба да дава кумот на врата за да ја купи невестата.
А сум слушнал некаде дака и јајца му прават на зетот итоа со влакна што треба да ги изеде (демек влакната од јајцата на дедото)- бљак.
Па домаму ќе му ја оставам ќеркаму на дедото , ако ме осудува на такви гнасни обичаи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Baron89

Полноправен Член
18 март 2012
50
50
18
35
вака мали аргументи и забелески до повекето цленови со коментираа на оваа тема
од моја гледна тоцка јас сакам да направам свадба како со праеле мојот татко,дедо,прадедо
за да не замре традицијата на насите свадби
едноставно тоа е убавото
свадба ко свадба ке помине ресторант ова она ама нај интересно е обицајот со ке се напраи
да не замре впецатливото она македонското
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Bum-Bum

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
вака мали аргументи и забелески до повекето цленови со коментираа на оваа тема
од моја гледна тоцка јас сакам да направам свадба како со праеле мојот татко,дедо,прадедо
за да не замре традицијата на насите свадби
едноставно тоа е убавото
свадба ко свадба ке помине ресторант ова она ама нај интересно е обицајот со ке се напраи
да не замре впецатливото она македонското
Се сложвам со Барон....
Не треба да дозволиме да ни изумрат обичаите ,треба да ги негуваме ...
Без обичаи изумрува и целата нација...
Затоа јас би правела свадба со сите обичаи ,а и воедно тоа е и најинтересниот дел од една свадба...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Baron89 and Caci

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
И јас сакам свадба со сите обичаи :) во нашиот крај исто така се иде по невестата, се гледа низ прстенот, кај нас и не се затвара вратата на самиот ден на свадбата, за да не им избега среќата на младенците.. Исто така и додека попот им ги става круните во црквата, треба некој од младенците да го нагазне на другиот, и тој после ќе команда во бракот :D исто така имаме и ставање на пари од страна на шафорот во кондурите на невестата, бидејќи и се " големи " :giggle сигурно има и други, но не знам :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and JaMi

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Кај нас и нема некои посебни обичаи, освен оние кои веќе сте ги кажале.
Значи одење по невеста, „купување“ на невестата, па ставање пари во чевлите... Пред тоа невестата го гледа зетот низ прстен.
Месење на сваќите (тоа се погачи), заигрување на невестата, прво кумот, па после деверот, свекорот....
Воглавно тоа е останато до денес, секако дека порано имало повеќе обичаи.
А дали би практикувала некои?
Па, не знам. И би и не би.
Мене ми делува излишно тоа одење по невеста, па јадење пиење кај неа, па ја даваме не ја даваме...
Оттсекогаш така сум мислела. Дури и на туѓи свадби кога сум одела, секогаш гледав да се тргнам од тие гужви.
Можеби ова ќе се смени, но и да е така, не сакам некои традиционални свадби.
Еден-два адети колку да се стори редот и толку би било...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
mrzu obicHaji tija stari, demode
na moju sfadbunema da dozvoli icH tija takfi : ) kao primer toj na vrata , posle tija burme brasHno ovo ono...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Dee Dee

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сакам свадба без обичаи. Можеби само некој, но не цел ден да се утепам од правење добра претстава за гостите, абе ајде ! И после заморна, ни свадба ќе видам ни ништо. А не ни сакам некои тетки стринки на свадба што незнам ни кои ми се.
Сега баш една колешка во неделата правеше свадба, вика се преморив и уште неможам да се опоравам од сите глупости што ги направив дента.
Веселбата останува, музика и играње, и фрлање на букетот хаха : ) барем мене друго не ми треба : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Сакам свадба без обичаи. Можеби само некој, но не цел ден да се утепам од правење добра претстава за гостите, абе ајде ! И после заморна, ни свадба ќе видам ни ништо. А не ни сакам некои тетки стринки на свадба што незнам ни кои ми се.
Сега баш една колешка во неделата правеше свадба, вика се преморив и уште неможам да се опоравам од сите глупости што ги направив дента.
Веселбата останува, музика и играње, и фрлање на букетот хаха : ) барем мене друго не ми треба : )
Таква нема да направиш ако планираш да ја правиш во макеоднија. Колку скаш надевајсе и биди против се пак на крај ќе гледаш зетот низ прстен, ќе му вртиш на деверот три пати чевлите, ќе го играш невестинскиот валцер прва, ќе фрлаш бидермаер, ќе прекрстуваш торта/шампањ, ќе ти лупнат леб под раце кога ќе те носи зетото преку праг...

За арно да е само, се друго како што ќе ти кажат така и ќе правиш...