Во никој случај не оправдувам да се живее во пекол поради децата, не не и не!
Гадно се лажат ако мислат дека прават добро. Треба тие родители да се свесни дека пеколот од брак низ кој тие минуваат, за нивните деца е уште поголем пекол. За едно дете нема ништо поболно од тоа да ги гледа родителите како секојдневно си ваѓаат очи, ама остануваат заедно наводно за „среќата“ на децата, како и за да не пукнат чаршиски муабети.
Јас самата сум дете на разведени родители, живеам со мајка ми. Не велам дека не сум се запрашала како би изгледало да имаш комплетно семејство, ама пак мајка ми се потрудила никогаш да не се осетам запоставено или недај Боже, да паѓам во депресии, да се самосожалувам, да љубоморам на другиве што имаат два родитела итн.
Причини има мал милион, во нашиот случај е алчност и непромисленост.
Комотно ќе си се отворам и ќе раскажам: моите ни избрзале со бракот, 7 години оделе, не биле дечишта, имале безбедни работи, не била несакана бременост, имало огромна љубов и разбирање меѓу двете семејства, ама, тука била и јатрвата на мајка ми, која си го сакала наследството само за своите деца, и кога татко ми си отишол по работни обврски на некоја недела, си дошла типкава и фино лепо ја превртела свекрвата, ја истерале мама на сред зима со 2 годишно дете, од сопствен дом, и после тутурутката од татко, го убедиле дека мама сама си побегнала. Жими пилешкиот мозок, ќе продаде таа стан, ќе земе да го уредува таа новиот дом и наредниот момент ќе и’ текне на сред зима да грабне дете во раце и да бега, без да има кај да оди, освен во еднособното станче на баба ми. После кога ја дозна вистината и колку бил глуп се молеше и на колена, ама не фала, едноставно некогаш има линии од кои предалеку било зачекорено. Но кармата како што е кучка, правдината си направи се’ да си дојде на свое место. И супер е, и немам слушнато лош муабет околу тоа.
Сега, 18 години после разводот, и со овој мозок, кога ќе видам со какви маки се справуваат цели семејства само затоа што не се решаваат на развод, пресреќна сум што јас не сум една од тие, макар и живеела сама. И не ми е срам или чудно да признаам и да дискутирам околу тоа. Поголемиот дел од тие со кои се дружам, сме деца на разведени родители, и не ни е никакво табу, а приметувам на други кога ќе спомнеме, одма онака како да се сожалуваат, се извинуваат итн, ко да сме хендикепирани па не навредиле, а нема никаква потреба.
Сори, се расприкажав, само сакав да доловам слика и гледна точка на некој кој на своја кожа го искусил тоа. И од гледна точка на мајка ми, самата вели уште 100 шанси да и’ се пружеле, пак истото би го направила, бидејќи другово би немало излез и онака. Така да, поддржувам развод. Не го посакувам никому, но ако дојде до таков неиздржлив степен, подобро е да се прекине еднаш и засекогаш, него ли да се трпи цел живот со надеж дека може ќе се смени нешто.