Развод: да или не?

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
ако нема деца подобро е да се разведат...отколку очи да вадат цел живот
ама ако има деца тогаш треба прво да ги чукнат главите, што прават и малку да легнат на брашното и двајцата...а не за една караница да се разведуваат.....дете не е мала одговорност....и греота е ради непромисленоста и гордоста на родителите да живее со еден родител.....
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Барам од 4FUN под хитно да се разведе од JaMi бидејки јас ја бркам... Да не дојдам да ја грабам :giggle
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Барам од 4FUN под хитно да се разведе од JaMi бидејки јас ја бркам... Да не дојдам да ја грабам :giggle

тоа е изводливо само ако JaMi го побара тоа од мене ... :^) (shake)
- а знам дека полесно ке ми биде да научам да летам одколу да се разведам од JaMi (inlove) (nod)
(љубави , ке мора што поскоро да се преселиш кај мене... многу хиени има околу тебе - да не те апе некој)

174579_141666422553119_8136520_n.jpg


a во мегувреме јас ке те чувам од овие тапанари :D
a30_18441997.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Во никој случај не оправдувам да се живее во пекол поради децата, не не и не!
Гадно се лажат ако мислат дека прават добро. Треба тие родители да се свесни дека пеколот од брак низ кој тие минуваат, за нивните деца е уште поголем пекол. За едно дете нема ништо поболно од тоа да ги гледа родителите како секојдневно си ваѓаат очи, ама остануваат заедно наводно за „среќата“ на децата, како и за да не пукнат чаршиски муабети.
Јас самата сум дете на разведени родители, живеам со мајка ми. Не велам дека не сум се запрашала како би изгледало да имаш комплетно семејство, ама пак мајка ми се потрудила никогаш да не се осетам запоставено или недај Боже, да паѓам во депресии, да се самосожалувам, да љубоморам на другиве што имаат два родитела итн.
Причини има мал милион, во нашиот случај е алчност и непромисленост.
Комотно ќе си се отворам и ќе раскажам: моите ни избрзале со бракот, 7 години оделе, не биле дечишта, имале безбедни работи, не била несакана бременост, имало огромна љубов и разбирање меѓу двете семејства, ама, тука била и јатрвата на мајка ми, која си го сакала наследството само за своите деца, и кога татко ми си отишол по работни обврски на некоја недела, си дошла типкава и фино лепо ја превртела свекрвата, ја истерале мама на сред зима со 2 годишно дете, од сопствен дом, и после тутурутката од татко, го убедиле дека мама сама си побегнала. Жими пилешкиот мозок, ќе продаде таа стан, ќе земе да го уредува таа новиот дом и наредниот момент ќе и’ текне на сред зима да грабне дете во раце и да бега, без да има кај да оди, освен во еднособното станче на баба ми. После кога ја дозна вистината и колку бил глуп се молеше и на колена, ама не фала, едноставно некогаш има линии од кои предалеку било зачекорено. Но кармата како што е кучка, правдината си направи се’ да си дојде на свое место. И супер е, и немам слушнато лош муабет околу тоа.
Сега, 18 години после разводот, и со овој мозок, кога ќе видам со какви маки се справуваат цели семејства само затоа што не се решаваат на развод, пресреќна сум што јас не сум една од тие, макар и живеела сама. И не ми е срам или чудно да признаам и да дискутирам околу тоа. Поголемиот дел од тие со кои се дружам, сме деца на разведени родители, и не ни е никакво табу, а приметувам на други кога ќе спомнеме, одма онака како да се сожалуваат, се извинуваат итн, ко да сме хендикепирани па не навредиле, а нема никаква потреба.
Сори, се расприкажав, само сакав да доловам слика и гледна точка на некој кој на своја кожа го искусил тоа. И од гледна точка на мајка ми, самата вели уште 100 шанси да и’ се пружеле, пак истото би го направила, бидејќи другово би немало излез и онака. Така да, поддржувам развод. Не го посакувам никому, но ако дојде до таков неиздржлив степен, подобро е да се прекине еднаш и засекогаш, него ли да се трпи цел живот со надеж дека може ќе се смени нешто.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Се губи нешто што пред бракот го имало,неможејќи да се најде излез од пеколот опција развод.
Порано потабу тема беше па морале да трпат се и сешто да не се зборело низ село и што те јас знам.
Дека ако се има деца не им е сеедно и тоа ми е јасно,имаше еден муабет дека денеска имало повеќе разводи само затоа што жените биле понезависни од порано за разлика кога финансиски зависеле од мажот,додека сега можат и после разводот сами да се издржуваат,држи муабетот ете колку порано повеќе издржувале можда ради оваа причина,тепани,малтретирани од некоја пијаница,коцкар или женкариште.
Не дека нема и непоштени жени па мажите не ги оставале за прељуба ама се некако ми иде дека жената во повеќето случаеви е загрозена,мое мислење.
Сепак се става на кантар ако се има деца и се прави добра анализа дали децата тоа можат да го пребродат или не,пак за нив највеќе опстојува бракот,иако не го почитувам како институција ама тоа е веќе друга тема.
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Исус додал: „Секој што ќе се разведе од својата жена, освенпорадиблуд [сексуален неморал], и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Мат. 19:9). Според тоа, ‚блудот‘, односно сексуалниот неморал, е единствената причина наведена во Библијата поради која некој брак може да заврши со развод. На пример, ако мажот има полови односи надвор од бракот, неговата недолжна сопруга може да реши дали ќе се разведе од него илине. Ако се разведе, тогаш е слободна да се премажи за друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 4FUN

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Исус додал: „Секој што ќе се разведе од својата жена, освенпорадиблуд [сексуален неморал], и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Мат. 19:9). Според тоа, ‚блудот‘, односно сексуалниот неморал, е единствената причина наведена во Библијата поради која некој брак може да заврши со развод. На пример, ако мажот има полови односи надвор од бракот, неговата недолжна сопруга може да реши дали ќе се разведе од него илине. Ако се разведе, тогаш е слободна да се премажи за друг.
А ако ја убива од ќотек а не ја изневерува дали е грев да се разведе од него?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
А ако ја убива од ќотек а не ја изневерува дали е грев да се разведе од него?

Како ке се разведе ако е убиена од ќотек? :ladno
-или тоа му доаѓа нешто како ауто-развод, дека веќе ја нема, нели убиена од ќотек :D
-ме замисли со ова малце... ако трпи ќотек жената, или прљав и е гзот па си јаде ќотек и си ќути или па тој некој мекуш, па не се знае дали ја тепа или ја гали lol
џаст кидинг
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja