1. Многу мразам кога некој ќе си ја сликне храната и ќе постира слика.
2. Многу ме иритира кога луѓе се прават хуманитарци, бунтовници или борци за човекови права само кога тоа е актуелно; пример за тоа беа SOPA, PIPA, ACTA, Kony 2012.
3. Тука спаѓаат и оние луѓе кои се "до гуша заљубени" во некој бенд или изведувач, но само една недела пред да/откако ќе настапи тој изведувач.
4. Тука се и оние девојки кои барем 5 пати дневно ќе стават слика на Фејсбук каде се натртени, напрчени и разголени. Обично на сликите им имаат ставено некој "ептен добар" ефект, воодушевувачки стих, и, се разбира, ротирани на некој незамислен агол.
5. Следни се оние кои се посебно горди на нивните ѕидови каде нешто друго освен "Liked a post on 9GAG" нема да се најде. Ова не би ми пречело да не ми се појавуваше на home page, али тоа е.
7. Тука се и мудрите кои постојано солат памет.
8. Последно, но едно од најбитните - молење за лајк.
Instagram не ми пречи многу (барем не сеуште) бидејќи малку луѓе користат iPhone (барем мислам дека Instagram е само за iOS), или пак од апликациите слушнале само за Angry Birds, Facebook или Cydia (или било кој од останатите jailbreak софтвери).
А другарките не ми се сеуште до таму стигнати па да забременуваат на сегашна возраст. Барем колку што знам.
Најчесто луѓето кои го прават ова ги тргам од пријатели (откако ќе поразмислам зошто воопшто сум ги имал), што не е никаква загуба ни на моја -- ни на нивна страна.